|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ноќно мокрење - сигнал за паника или не?

www.doktori.mk, 15.10.2013
Енурезата претставува несакано мокрење во кревет за време на сонoткај децата постари од 5 години. Таа е чест проблем во детството, иако најчесто се работи за бенигно пореметување, сепак делува негативно и фрустирачки за детето и семејството

image
/11


 

Постои варијабилност во однос на времето кога децата научуваат да го контролираат мокрењето. Најчесто, прво се постигува дневната контрола на мокрењето, а потоа и ноќната, но кај некои деца тоа се случува истовремено. На возраст од 3 години приближно 95% од децата постигнале дневна контрола на мокрењето, додека ноќната контрола се постигнува околу 5-тата година, но не е невообичаено периодот на воспоставување на истата да трае и до 7-та година. Кај девојчињата континенцијата се развива порано од машките. Доста често се јавуваат транзиторни инконтиненции во период на постигнување на контрола на мокрењето, кои не се патолошки и не бараат никаков третман.

Енурезата најчесто е ноќна, но може да биде и дневна која се јавува во текот на дневното спиење на децата. Постои и т.н. диурална инконтиненција, што претставува неволево мокрење во текот на целото деноноќие.

Разликуваме  примарна и секундарна енуреза која се јавува понајмалку 6 месечен период на сувост.

Децата кои имаат само енуреза, без придружни симптоми на дисфункција на долниот уринарен тракт, имаат моносимптоматска енуреза, додека оние со придружни симптоми – полисимптоматска енуреза. Тие придружни симптоми може да бидат: зголемена или намалена фрекфенција на мокрење, симптом на итност, потешкотии при отпочнување на мокрењето, слаб или испрекинат млаз, чувство на некомплетно празнење, капење при крајот на уринирањето, болка во гениталии...

 

 

Дневна или диурална инкoнтиненција  

Се јавува кај деца постари од 4 години, кои се инконтинентни барем неколку пати седмично или пак кај деца кои претходно биле континентни. Приближно 5 % од децата на возраст од 5-7 години  имаат барем еднаш неделно дневна инконтиненција.

Најчести причини

  • Синдром на мрзлив мочен меур - волево задржување на урината,за да не ја прекинува играта, детето не сака да оди во тоалет. Тоа постојано се држи за перинеалната регија и е вознемирено . Таквите деца треба почесто да се тераат да одат во тоалет.
  • Нестабилен мочен меур -  постои неволева контракција на детрузорот на мочниот меур поради што детето често клекнува за го спречи умокрувањето. Добро реагираат на лекови кои ја намалуваат контракцијата на мочниот меур
  • Детрузор – сфинктер дисинергија 
  • Рефлукс и рест урина по микцијa
  • Констипација – акумулација на фекални маси може да предизвика контракција на детрузорот
  • Уроинфекции
  • Стрес инконтиненција, невроген мочен меур
  • Енуреза асоцирана со смеење – при смеење и кикотење не може да се контролира микцијата поради недостиг на централна регулација
  • Рефлукс на урина во вагината – капење на урината по завршување на микцијата
  • Опструкција на уретрата и ектопичен уретер
  • Дијабетес мелитус и дијабетес инсипудус
  • Сексуална злоупотреба

Најчесто децата со дневна енуреза имаат нормална анатомска градба на уринарниот и нервниот систем. Причината е физиолошка и бихевиорална дисфункција. Истовремено неретко се јавува и цревна дисфункција (констипација и енкопреза).

 

 

Ноќна инкoнтиненција  

Ноќната енуреза е почест и позначаен проблем кај децата (20% од 5 годишните деца и двојно помалку кај 10 годишните) и адолесцентите (2%), посебно кај машката популација.

Со возраста постои тенденција кон спонтано излекување, но околу 2-3 % остануваат енуретични и во адултна возраст.

Етиологијата на ноќната енуреза е мултифакториелна со интеракција на генетските и факторите на околината.

 

Типови на ноќната енуреза

  • примарна ноќна енуреза – нејзиното настанување може да се поврзе со позитивната фамилијарна анамнеза, ноќна полиурија, разни пореметувања на сонот, како и хромозомите 12, 13 и 22.  Повеќе од половина од децата со ноќна енуреза имаат пореметен циркадијален ритам во лачењето  на антидиуретичен хормон (АДХ), со ниски ноќни вредности и ноќна полиурија. Не е мал и бројот на децата со ноќна енуреза кои имаат  контракција на детрузорот во текот на сонот со смален функционален капацитет на мочниот меур, додека истите кога се будни немаат никакви проблеми. Поновите истражувања во областа на оваа проблематика ни говорат за една друга етиологија на проблемот. Тоа е вегетативниот нервен систем, кој како единствена причина ги обединува досега спомнатите патфизиолошки механизми на енурезата. Како дополнителни ризик- фактори може да ги земеме и заостанувањето во менталниот развој, честата опстипација, невролошки дисфункци, ’рчење во сон, ноќна апнеа.
  • секундарна ноќна енуреза– како резултат на повторувачки уроинфекции кои водат до привремена дисфункција на сфинктерот кај децата, дијабетес мелитус, дијабетес инсипидус, стресот и другите психопатолошки состојби.

 

    Енурезата како хетерогена категорија, вклучува  поголем спектрум на пореметувања со различни патофизиолошки механизми. Дијагнозата, како и водењето на најголемиот дел од енуретичните деца може да се одвива на ниво примарната заштита, додека децата кај кои постои сомнение за асоциран медицински проблем треба да се упатат на детално уролошко испитување. Семејствата на енуретичните деца како и самите пациенти треба да се едуцираат околу нивниот проблем, за да можат активно да се вклучат во планирањето и изведувањето  на третманот на лекување.

     

    д-р Мирослав Бошковски

    доктор на медицина

     

    doktori.mk.logo

     

    Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

    Адаптирање на детето во градинка
    Поаѓањето во градинка е голема промена во животот на секое дете, бидејќи од сигурноста во семејството детето преминува в...
    4
    Маја Аргакијева photography: Деа & Деница
    Галерија: Maja Argakijeva, Creative Baby & Child Photography
    4
    @raw_and_honest_mom: Мојот совршено несовр...
    Инстаграм е преполн со најразлични содржини. Се навидум изгледа совршено. Не велам дека никогаш не е навистина така – со...
    4
    Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
    Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
    3




    Анкета

    Dali?
    Jana9

    Dali odite na koncerti?

    Da (20%)

    Ne (20%)

    Ponekogas (60%)


    Број на сите гласови: 5

    Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!