|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Николина Огненовска, принцеза со ангелски глас!

Барбара, Редакција Рингераја, 24.10.2011
Интервју со родителите на Николина, Македонка и Миле Огненовски

/161


 

Се појави покрај штандот на игротеката која црташе знаменца на лицата на децата. Ми рекоа да ја држам за рака додека стигне на ред за да и нацртаат Британско знаменце на нејзиното лице. Не можев да и се изнагледам...Личеше на принцеза излезена од некоја бајка, носеше прекрасен розов фустан, свилен шал, како вистинска дама, а косата како коприна и паѓаше до половината. Помислив дека е англичанка, но набрзо ми кажа дека се вика Николина и дека ќе го претставува Британскиот совет на оваа прослава. Потоа дојде лицето кое беше задолжено за неа. Николина ми се насмевна и ме поздрави.

Од разговорот со мојата познаничка ме оттргна некој ангелски глас. Погледнав накај сцената и видов дека принцезата пее. Гласот и беше толку милозвучен, нежен, а толку длабок, кој продре право до нашите срца. Истрчав да ја земам камерата и да го снимам овој ангелски пев. Тоа беше Николина Огненовска, која за нас ја испеа Once upon a december.

 

Редакција Рингераја:

Имате прекрасна ќерка. Колку години има Николина?

 

Родителите на Николина:

Николина има 10години, сега бргу славеше роденден. Родена е на 20.09.2001 година и е наша прва радост во семејството. Кога мајка и прв пат по породувањето ја имала до себе, додека сите бебиња плачеле, лицето на Николина било насмеано. Сестрите во породилната установа рекле дека се родило дете со ангелска насмевка, вели мојата сопруга која весело се сеќава на тие моменти. Николина беше кротко бебенце кое на чудесен начин го свртуваше вниманието на себе, а тоа е се уште така до ден денес и мислам дека никогаш нема да престане. Едноставно таа зрачи со позитивна енергија и огромна харизма.

 

Редакција Рингераја:

Дали има некакво музичко образование, или се работи за дар од природата?

 

Родителите на Николина:

Кога сме кај пеењето, тука природата подарила најмногу. Уште од мали нозе омилена играчка и беше еден стар но вистински микрофон, па кога  ќе запееше на нејзината радост и немаше крај.Таа пее се што ќе и фати увото. Најмногу сака да пее на aнглиски јазик, но со задоволство ќе отпее и песна на друг јазик. Најомилена пејачка и е Селин Дион и ужива додека го гледа ”Титаник” но одново и одново го гледа цртаниот филм  ”Анастасиа”од срце пеејќи ја ”Once upon a December”. Николина нема никакво музичко образование, но ангелскиот глас кажува за каков талент станува збор.

 

Редакција Рингераја:

На колку странски јазици пее Николина и дали изговорот и е исто добар колку и на англискиот јазик?

 

Родителите на Николина:

Николина подеднакво добро ќе испее на било кој јазик, само песничката која би ја испеала да ја заинтригира (да и фати увото) односно да е весела, певлива или преплавена со емоции. Непрекинато вели дека го сака Лондон, Париз, дека кога и да е таа ќе оди  да ги види ”Биг Бен” , “Бакингамската Палата” и “Лувр”. Посебен мерак и е да се искачи на ”Ајфеловата Кула”.

 

Редакција Рингераја:

Дали Николина поседува и други таленти освен пеењето?

 

Родителите на Николина:

Како растеше Николина така на површина излегуваа дарбите со кои е обдарена од Бога. Николина знае убаво да нацрта и преку нацртаното да ги искаже чувствата, или моменталните случувања од кои е инспирирана, едноставно таа се искажува преку нацртаното. Од друга страна го сака актерството, па со голем мерак ги следи домашните театарски претстави восхитувајќи се на актерските умешности, притоа со љубов учејќи ги репликите на изуст. Посебна љубов и е англискиот јазик во чие изучување покажува врвен интерес и се разбира, одлични резултати. Но подеднакво може да го “крши јазикот” кога се во прашање другите јазици како францускиот, германскиот, турскиот …

 

Редакција Рингераја:

Што најмногу ја влече Николина и дали Вие како родители можете да одлучите кој талент ќе го надоградувате поинтензивно?

 

Родителите на Николина:

Како родители на Николина ние сме исправени пред голем предизвик,но во исто врме и крстопат затоа што нашата Николина покажува огромен интерес за се. Но некако на површина полека испливува пеењето и англискиот јазик. Таа едноставно како да е родена за пеење и сцена, па токму на тоа најмногу се радува и најмногу време посветува.

 

Редакција Рингераја:

Кога ги откривте талентите на Вашата ќерка?

 

Родителите на Николина:

Едно попладне додека го пиевме кафето со мојата сопруга, сосема ненадејно ја слушнавме Николина како во својата соба ја пее песничката “Once upon a December” од филмот “Анастасиа”. Бевме фрапирани од изедначеноста на нејзиниот глас со тој од песната на филмот. Ја оставивме да ја отпее песничката до крај за да не ја прекинеме додека уживаше во песната, која ја пееше со емоции и задоволство. Јас и мојата сопруга со восхитеност ја ислушавме. Тогаш Николина имаше осум години. Следниот ден на нејзината наставничка по англиски јазик Тања Илиевска од (ОУ “Лазо Ангеловски”) и предложивме да ја слушне како пее. Од тогаш наваму Николина е постојано присутна на преставите во нејзиното училиште, на кои секогаш е наградена со огромен аплауз од сите.

 

Редакција Рингераја:

Колку Николина го цени другарството?

 

Родителите на Николина:

Николина не може да замисли да биде без другарчиња. Сака да другарува. Сака да сподели радост, радоста нејзина е радост на нејзините другарчиња. Се радува на играта, сака низ игра да ја пренесе нејзината радост и позитивна енергија на нејзините другарчиња. Им раскажува им пее и се така со ред. И верувајте само на нејзин својствен начин обединува околу себе многу дечиња кои ја следат со големо внимание. Едноставно таа е омилена меѓу своите другарчиња.

 

Редакција Рингераја:

Дали обрнува посебно внимание на почитта кон родителите и постарите лица?

 

Родителите на Николина:

Од малечка е воспитувана од нас во духот на традиционалните вредности каде се почитуваат постарите, бабите, дедовците, родителите. Таа е примерно и скромно девојченце кое ги сака и почитува своите родители, роднините, соседите, наставниците во своето училиште. Таа е сакана од сите што не познаваат нас и неа.

 

Редакција Рингераја:

Раскажете ни некоја интересна случка од нејзиниот живот.

 

Родителите на Николина:

Нејзината златно-руса коса ја има од раѓање, никогаш ја немавме скратено се до пред една година кога тоа моравме да го сториме на кое јас најмногу и посебно се спротивставував. Околу целата случка се крена голема фама, мислењата беа поделени, но јас настојчиво одбивав и не дозволував тоа да се случи. Но што се мора се мора па како компромис скратувањето беше минимално на обострано задоволство. Сепак толкава коса бара посебно внимание и нега, кое за неа во почетокот беше помалку напорно но за тоа ја имаше сета потребна помош од мајка и, па со текот на времето Николина си ја засака косата по која сите ја препознаваат, и сеуште е златно-руса принцеза на мама,тато и бато Димитар - нашето помало синче.

 

Редакција Рингераја:

Не е тешко да се забележи нејзиниот талент. Дали и до која мера би дозволиле медиумски да се експонира, со оглед на тоа дека сеуште е мала?

 

Родителите на Николина:

Како нејзини родители нај повикани сме да одлучиме што понатаму. Да, би направиле се што е во наша моќ да ја охрабриме нашата принцеза да оди понапред во својот живот, ние ги одобруваме сите добронамерни потези од страна на медиумите, со оглед на нејзината возраст сметаме дека нема да има проблем.

 

Редакција Рингераја:

Станавте дел од рубриката “Млади таленти” на Рингераја. Мислите ли декаталентот е доволен сам за себе, или треба да се надоградува и кристализира?

 

Родителите на Николина:

Почестени сме што нашата ќерка е дел од “Млади Таленти” и е присутна на вашиот портал Рингераја. Секој вроден талент кај секое дете треба да се почитува, но жалосно би било ако не се надoградува и усовршува. Само со надoградба, преку неуморно вежбање и поттик од стручни лица, талентот што го поседува ќе достигне кристален сјај и  совршенство кое би ја искачило до височините, а нас би не направило горди што сме нејзини родители.

 

Ви благодариме за вашата заинтересираност за нашата принцеза.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто многу деца имаат говорно-јазични про...
Логопедот д-р Наташа Чабаркапа ни кажува кој е бавен говор, кој се занимава со развојот на говорот и што ни донесе модер...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 14.04.2013 во 10.20 ...
4
Кога срцето забрзано чука...
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...
4
И Вашето дете пцуе?
Може прилично да Ве шокира кога ќе чуете дека Вашето дете пцуе. Се прашувате каде и од кого слушнало такво нешто и дали ...
3