Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Воспитувањето на машки и женски деца се разликува од неколку аспекти, во свет кој сè уште не може да го „свари феминизмот“, свет полн неправди, искривени перцепции и нерамноправности. Шовинизмот, двојните „аршини“ и непристојното етикетирање можат да ја разнишаат самодовербата на секоја жена...
Па како јас како мајка ќе ? помогнам на мојата убавица да сонува?
Ќе бидам искрена, не се сеќавам дека моите родители особено нè охрабрувале мене и брат ми. Не можеа секогаш да стигнат на нашите приредби и не ги обвинувам, мораа напорно да работат за да ја осигураат нашата егзистенција.
Но, нашите петки и успеси не беа дочекани со овации, ниту ентузијазам, туку секогаш со едно скржаво и тивко: „Си учиш за себе, не за мене“.
Наместо тоа, јас ќе ја обрабрувам мојата ќерка кога ќе ? биде потребна малку дополнителна мотивација. Бидејќи, охрабрувањето и вербата во своето дете е бесценето.
Некои правила се измислени за да се прекршат. Не сите утврдени норми се полезни или правилни. Па што ако остане еден час подоцна за да го изгледаме тој цртан или филм од кој ќе научи лекција? И што дека ќе пропушти еден училишен ден, ако истиот го исполни со далеку поедукативни и полезни активности?
Поттикнувајќи ја да разговара со сите наши пријатели и блиски, не само што ќе ги развие своите социјални вештини, туку ќе научи дека постојат многу различни професии кои ги исполнуваат луѓето. Не сакам моето дете да живее во свет во кој ги занемарува чистачите, затоа што сакам да научи дека сите сме луѓе и сите мораме да работиме за да преживееме.
На тој начин, човек најдобро се запознава себеси и си ги средува мислите. Најлесно си ги дијагностицира проблемите, но и целите и соништата за иднината. Воедно, ова е одличен начин да се внесе малку рутина во животот, која воедно е забавна и ветува збогатување на речникот.
Кога сме веќе на темата збогатување на речникот, зарем има подобар начин од читањето книги? Не секогаш ќе има пари за нови книги, но секогаш ќе има доволно за месечна членска карта за библиотека.
Колку и да е лош денот, не смее да помине без ниту една насмевка. Бидејќи таа е лек, еликсир на животот. Но, како моето малечко ќе го научи тоа, ако не од своите родители? Па за почеток, да најдеме причина за насмевка секој ден, колку и невозможно да звучи тоа, за и нашите малечки да ја прифатат оваа навика како слатка заразна болест.
Без разлика дали е за цртаниот филм или за цената на фустанчето. Без разлика дали станува збор за сериозна или несериозна тема. Клучот е во комуникацијата, а јас ќе разговарам колку што можам и умеам... или барем до пубертетот.
Ништо не е розово и животот не секогаш е фер. Понекогаш ќе дадеш сè од себе и ќе завршиш разочарана и со скршени сништа. Но, секогаш треба да станеш, да ја кренеш главата високо и да продолжиш понатаму. Се надевам дека мојата малечка ќе го научи ова и ќе им го пренесе и на своите деца.
Извор: ЦрноБело
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Дали технологијата нe зближува или нe оддалечува?
Дали технологијата навистина нe зближува, или пак полека нe оддалечува...
Големината на плодот во третата недела од бременостa
Моментот кога животот започнува да се развива иако невидливо за очите,...
Список за нарачки, што ви треба во бременоста?
Кога ќе дознаете дека сте бремени, првите работи што ќе ви паднат на у...
Научете нешто за вашиот циклус
Женското тело е неверојатно прецизен и чувствителен механизам. Менстру...
Една од најдлабоките, но и најтешките вештини што може да ја поседува ...