Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Американскиот магазин “Parents magazine” состави листа од 25 правила кои секое дете би требало да ги совлада до својата деветта година. Секако, децата можат и мораат да се научат на добри манири и порано. Овие правила служат токму за тоа: од децата на направат луѓе кои со почит се однесуваат кон другите, а истовремено добро владеат и со себе.
# 1
Кога нешто бараш речи “Молам!”
# 2
Кога нешто примаш речи “Фала!”
# 3
Не ги прекинувај возрасните додека разговараат, освен ако не е нешто многу итно.
# 4
Ако сакаш да добиеш внимание веднаш, најпристоен начин за да започнеш разговор е “Извинете”
# 5
Доколку имаш сомнеж во врска со нешто што сакаш да го направиш, прво побарај одобрение.
# 6
Она што не ти се допаѓа задржи го за себе, или за своите пријатели.
# 7
Не ги коментирај туѓите физички карактеристики, освен ако не сакаш да ги пофалиш. Комплиментот е секогаш добредојден.
# 8
Кога некој ќе те праша како си, одговори му и возврати со прашање.
# 9
Кога си кај пријатели дома, не заборавај да им се заблагодариш на нивните родители што те примиле и почестиле.
# 10
Пред да влезеш некаде, тропни на вратата и почекај да одговорат.
# 11
Кога телефонираш, прво претстави се и прашај дали можеш да разговараш со личноста која си ја побарал.
# 12
Заблагодари се за секој подарок кој ќе го добиеш.
# 13
Не зборуваш безобразно пред возрасни. Тие веќе ги знаат сите неубави зборови и ги сметаат за досадни и непријатни.
# 14
Не ги нарекувај другите со погрдни имиња.
# 15
Не ги исмејувај другите. Со тоа покажуваш дека си груб и слаб.
# 16
Ако претставата или концертот ти се досадни – не го покажувај тоа. Изведувачите даваат се од себе.
# 17
Ако случајно се удриш во некого, веднаш кажи “Извинете!”
# 18
Кога кашлаш или киваш покриј ја устата. И не чепкај го носот во јавност.
# 19
Кога поминуваш низ врата обрни внимание дали можеби треба да ја задржиш, за да помине уште некој.
# 20
Доколку го видиш родителот, наставникот или комшијата дека работи нешто, прашај дали можеш да помогнеш.
# 21
Кога возрасните ќе те замолат да направиш нешто, направи го тоа без негодување.
# 22
Кога некој ќе ти помогне кажи “Благодарам”. Таа личност може да ти помогне повторно. Ова особено важи за наставниците.
# 23
Приборот за јадење користи го правилно. Ако не си сигурен како, почекај да ти покажат родителите, или гледај како прават тие.
# 24
Додека јадеш имај до себе салфетка за да можеш да ја избришеш устата.
# 25
Не се протегнувај преку масата за да земеш храна. Замоли да ти ја дадат.
забава Бремените
Автор: bobik
Огледалото – важна играчка за бебињата
Малото огледало е повеќе од обична играчка за бебињата. Тоа е еден од ...
Калциум и витаминот D за бремени жени
Бременоста е период кога телото на жената не само што создава нов живо...
Кожата е најголемиот орган на телото и првата линија на одбрана против...
Кардио vs. тежински тренинг за слабеење
Кога станува збор за слабеење, една од најчестите дилеми е: дали е по...
Кога ќе ми се познае бременоста?
Едно од првите прашања што многу жени си го поставуваат веднаш по пози...