Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Најчест изговор е “Но тој е добар ученик”. Супер, си најдовте поттик, но и средство за манипулација. Еден мој другар од средно, кој беше лош ученик и за секоја 2-ка добиваше надокнада, ми рече “Ти да си дете на моите родители, тие досега ќе банкротираа”, алудирајќи на тоа дека сум добар ученик. Тој совршено манипулираше со своите родители на тој начиин, но не знам дали тие беа задоволни со тоа.
Како родители не треба да ја имате таа пракса, бидејќи децата треба да научат дека не може да се купи се што ќе се посака, не затоа што “Ете не може”, туку затоа што постои добра причина за тоа. Парите ние ги заработуваме, но треба да ги научиме и децата да заработуваат исто така. Парите во денешно време се ограничени (барем кај поголем дел од популацијата) и треба да се трошат промислено, за подоцна да не се каеме. Затоа слободно кажете му на детето дека немате пари за тоа што сака, или барем кажете му дека во моментот немате. Можеби ќе ви биде непријатно првите неколку пати, но тоа е реалност и самите деца ќе го сфатат тоа многу подобро отколку што очекувате.
Ако кажете “Не може, така велам и крај!”, детето останува збунето. Не знае дали е тоа заради него, дали тоа нешто згрешило, или е обид за искажување на вашата моќ над него, бидејќи “вие сте газда”. Ова второто е екстра лошо.
Дека е тешко – тешко е, но времето и тренингот ќе го направат своето. Можеби со тоа и вие ќе се доведете во ред, посебно ако сте склони кон импулсивно купување.
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Крварењето од нос, познато и како епистаксис е честа состојба кај деца...
Вежби за дишење во бременост и на породување
Дишењето е нешто што сите го правиме автоматски, без да размислуваме. ...
Колку треба да јаде вашето мало дете?
Исхраната на малото дете е една од најважните грижи на родителите. Кол...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?