Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дознајте како да се справите со оваа ситуација, ако детето ја користи вашата слабост кон него
Манипулацијата е стекнато однесување - децата не се раѓаат однапред "програмирани" да ви натераат да го правите она што тие сакаат. Всушност, тие учат преку луѓето кои се околу нив. Започнуваат со мали, речиси незабележителни манипулации, на кои родителите потклекнуваат. Како последица, сфаќајќи дека мама или тато им попуштаат, тие продолжуваат да ги искористуваат во стремежот кон посакуваното.
Наскоро детето сфаќа дека со префрлање на вината на друг, плачење, молење па дури лажење може да издејствува она што сака.
За да откриете како да се справите со оваа ситуација, треба да си одговорите на следниве прашања:
Зошто? Првото нешто што треба да направите ако вашето дете манипулира е да дознаете дали има скриени причини да го прави тоа. Ова се открива во неговото однесување и заради тоа е многу важно да внимавате на секоја промена која настанува во него.
Кога? Дали се случува само кога треба да ги пишува домашните или пред спиење? Обрнете внимание кога детето ви делува манипулативно, за да откриете како да го прекинете.
Зошто? Дали истите настани предизвикуваат лошо однесување на детето? На пример детето може да чувствува страв од темнината и да не смее да ви каже, но истовремено да користи манипулацијата, како заштитен механизам.
Некои деца се толку добри манипулатори што можат да ги доведат родителите до солзи. Секој родител, кој бил во таква ситуација е шокиран дека неговото сопствено дете всушност може да го натера да се чувствува на таков начин.
За да се справите со дете кое манипулира, треба фундаментално да го измените своето однесување. Ставањето на конкретни правила и настојувањето да се запазат е добар почеток. Последиците од непочитувањето треба да бидат јасни и константни. Не правете исклучоци, бидејќи тоа ќе биде чекор назад.
Бидете осетливи кон проблемите на своето дете, но оставете го само да се справува со нив. Кога знаат дека нема кој да ги заврши обврските наместо нив, тие ќе научат дека "не можам" и "не сакам" не се можен одговор.
Запомнете дека едно од најважните обврски на еден родител е да биде пример за своето дете. За да одгледате и воспитан самостоен и самоуверен човек, потребно е да умеете да опстојувате на вашата позиција, да биде добар, но и фер лик од бајките.
4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Промените на телото во текот на бременоста се природен и неопходен дел...
Разликата меѓу симптоми на бременост и симптоми на ПМС
Разликата меѓу симптомите на бременост и ПМС (предменструален синдром)...
Како да го засакаме своето тело такво какво што е?
Да го сакаш своето тело не значи дека секогаш ќе ти се допаѓа како изг...
Плодност и планирање на бременост
Планирањето на бременост е важен чекор, а во некои случаи и време кога...
Бејби блуз, зошто се јавува и колку трае?
„Бејби блуз“ е честа емоционална состојба што ја доживуваат многу мајк...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)