Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Сите родители чувствуваат желба да им помагаат на своите деца. Тоа можеби е најнормален инстинктивен рефлекс, кој секоја мајка и секој татко го има кон своето дете. Секое дете има проблеми - со учењето, со игрите, со пријателите, но тоа не значи секогаш овие проблеми да се решаваат од родителите
Оваа навика е исклучително штетна за децата. Брзата реакција на возрасните и искуството им овозможува да можат да се справат со различни ситуации. Но треба да сфатат дека и детето треба да научи да вложува напор за надминување на овие ситуации и проблеми.
Инаку детето ќе се навикне на фактот дека секогаш има некој мудрец, кој ќе интервенира и ќе ги поправи работите. Децата се уште не се навикнати да размислуваат како возрасни и да ја оценуваат помошта. Тие ја прифаќаат буквално, како здраво за готово и се навикнуваат на неа.
Преку континуирано мешање родителите им ја одземаат можноста на децата да учат да се справуваат со проблемите. Искуството е една од највредните лекции која останува меморирана за цел живот живот и која се претвора во коректив за идните активности. Изградбата на вредносниот систем зависи од тоа.
Како инаку децата ќе се здобијат со знаења, вештини и способности, ако не преку грешките, тешкотиите и проблемите?
Интервенција во секоја една проблематична ситуација од страна на родителите крие ризик од тоа детето да порасне неснаодливо, со слаби општествено-социјални вештини, што ќе биде голема пречка за севкупниот развој во личен и професионален план.
Децата живеат во свет во кој сите практично се "подобри" од нив во многу односи, бидејќи се постари и имаат поголемо искуство - родители, баби и дедовци, поголеми браќа и сестри. Сите тие им кажуваат што да прават со цел да им помогнат и да ги заштитат.
Наместо тоа дајте можност на децата да ги покажат своите достигнувања и способност да се справат со проблемите и пречките.
Како да дејствувате?
Повлечете се
Ставете си задача да го запрете инстиктот за мешање во проблематични ситуации. Едноставно слушајте. Научете и да дознаете ја верзијата на своето дете за проблемот и неговата гледна точка. Ова е можност да добиете реална слика за неговиот внатрешен свет и разбирања.
Искажете емпатија
Ако се повлечете не значи да ги игнорирате проблемите на детето и да го оставите во емоционална самотија. Напротив - покажете ја својата верба во него. Охрабрете го да презема предизвици и да не се плаши да се соочи со нив.
Поставувајте прашања
Обидете се да дознаете што планира да направи детето со настанатата ситуација. Прашајте го што мисли по прашањето и кои се вистинските одлуки според него. Така индиректно ќе му дадете насоки и родителска поддршка, без директно да го решите проблемот.
Охрабрете го
Потсетете се на минатите проблематични ситуации со кои детето се судрило и кои на крајот се надминати. Потсетете го на успесите, на тоа дека може да се справи и само да изнајде начин.
Оценете ја и прославете ја победата
Секогаш кога детето ќе успее да се справи со било каков проблем или ситуација, истакнете го тоа. Наградувајте го, но не со пари или подароци. Тоа не е дресирано животно, туку човек кој треба да се научи да се справува со проблемите во животот.
7
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Менструацијата по првиот циклус
Првата менструација (менарха) е важен момент во развојот на секое дево...
10 здрави ужинки за малите грицкачи
Децата обожаваат да грицкаат помеѓу оброците. Но честото внесување сла...
Телото се менува, а кожата треба да добие поддршка
Слабеењето често се доживува како позитивен процес, посебно кога е мот...
Контрола по терапија: Клучот за сигурно закрепнување
Кога ќе завршиме со пропишаната терапија, природно е да се запрашаме: ...
Денес зборуваме за соништата, оние вистинските, оние кои понекогаш се ...