vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Секако дека можете до одредена мера да се обидете да го усогласите стилот на уредување на детската соба, со стилот кој преовладува во другите делови од домот, но ова е место каде е дозволено да се кршат правилата. Во детската соба можете да употребите бои кои никаде на друго место не сте ги употребиле. Допуштено е, дури и пожелбо, да цртате по ѕидовите, да лепите постери и да ставате необични слики.

Имајте на ум дека собата првенствено треба да му се допаѓа на вашето дете/деца, бидејќи тоа е нивното мало царство и место за бегање од светот на возрасните. Затоа дозволете им да лепат налепници ако сакаат, обезбедете им дел од ѕидот или вратата на кој е дозволено да се црта и да дадат сопствен печат на својата оаза. Важно е собата да биде функционална, да има место за одмор, игра и учење, ако се работи за ученик.

Водете сметка за висината на која стојат полиците и седалките, така што детето ќе може лесно да ги користи. Практично е да се набават основни парчиња мебел како што се кревет, плакар, подвижни фиоки, полици и евентуално работно биро. Сето тоа можете постепено да го надополнувате.

Тепихот или топлата подна облога е многу важен дел од уредувањето на детската соба, бидејќи повеќето деца најмногу сакаат да играат и да седат на подот. Тепихот би требало да биде доволно голем , лесен за одржување, од природни материјали, забавни мотиви и удобен за седење/лежење на подот. Доколку не сакате тепих во детската соба, подна облога од плута е здраво и удобно решение.

Обидете се да ги држите електричните уреди надвор од детската соба, што заради подобра контрола на количината на времето кое вашите деца го поминуваат на компјутер, таблет и ТВ, туку и заради намалување на зрачењето на местото каде детето спие.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Најважни навики за здрава бременост
Здравата бременост започнува со мали, секојдневни навики. ...
Зошто е важен редовниот појадок?
Појадокот е првиот оброк во денот и може да биде одличен начин да му о...
Како да ја подобрите циркулацијата на крвта?
Студени раце и стапала, чувство на тежина во нозете или замор по долго...
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Направете украсни свеќи со калапи за колачи
Дали знаевте дека калапите што ги користите за подготовка на колачи мо...