|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На жената и детето што седеа на маса број 9

Редакција Рингераја, 4.2.2014
Емотивно писмо на еден менаџер на ресторан до мајката на дете со аутизам. Човек со најголемо срце!

image
/11


 

 

Не се претставив. Моето име е Тони Поснански. Менаџер сум на ресторан цели 15 години. Мојот ден се состои во тоа да бидам сигурен дека ресторанот работи добро. Тоа значи садовите да бидат чисти, храната добро зготвена, а понекогаш знам да ги послужам и гостите на маса. Морам да се справувам и со сите желби и поплаки, кои можете да ги замислите.

Пред неколку недели бевте во мојот ресторан. Бев многу зафатен таа ноќ. Трчав наоколу и помагав во кујната. Бев повикан од луѓето кои седеа на масата блиску до вас. Се пожалаа дека вашето дете е многу гласно. И самиот слушнав дека девојчето вика, додека разговарав со гостите од таа маса.

Дојдов до вашата маса. Вие знаевте што ќе ви речам. Видовте дека гостите од соседната масата покажуваат кон вас. Дојдов до вашата маса, а вие ме погледнавте и рековте:

“Дали знаете како е да имате дете со аутизам?”

Не бевте груба кога го поставивте прашањето. Всушност бевте многу искрена. Вашата ќерка немаше повеќе од пет години. Таа беше многу убава и малку исплашена додека стоев покрај масата. Сигурно мислеше дека е во неволја.

Во текот на овие 15 години немав многу незаборавни моменти како менаџер на ресторанот. Се сеќавам на некои гости кои биле лути  што нивната плескавица не била добро испечена. Се сеќавам и на една жена која ми повика инспекција бидејќи сум и дал регуларна наместо диетална Кока-Кола. Се сеќавам и дека сум престанувал да служам алкохол на луѓе кои претерале и се сеќавам и на такви моменти во кои сум морал да им кажам на родителите децата да им бидат малку потивки.

Најмногу од се, се сеќавам на денот кога се роди син ми. Колку плачев кога го слушнав дека плаче. Кога стоев на стаклото од неговата соба и му ветував дека ќе сторам се за него и дека ќе бидам најдобар можен татко. Се сеќавам и на денот кога се оженив. Колку плачев и ветував дека ќе бидам најдобар можен сопруг. Се сеќавам и на денот кога се роди мојата ќерка. Не плачев тој ден. Не можев којзнае колку да се радувам бидејќи го изгубив синот две години претходно.

Знам што требаше да кажам кога дојдов до вашата маса. Требаше учтиво да ве замолам да ја смирите вашата ќерка. Или да ве преместам на друга маса. Требаше да ве навредам, не навредувајќи ве.

Не направив ништо од тоа.

Наместо тоа ве прашав дали вашиот оброк беше вкусен. Ја погледнав вашата ќерка со мил поглед и кажав дека вашата вечера е на сметка на ресторанот. Вечерата чинеше само шеснаесет долари. Но оваа случка има многу поголема вредност за мене. Верувам дека другите гости не беа среќни од мојот гест. Во тој момент и не ми беше важно.

Вие ме прашавте едно прашање на кое јас не одговорив. Вистина, јас не знам како е да се има дете со аутизам. Знам како е да се биде татко. Знам како е да се биде сопруг. Знам како е кога сакаш да поминуваш подолго време со децата. Знам што значи да изгубиш дете...

Вие ми поставивте прашање веднаш штом дојдов до вашата маса. Претпоставувам дека сте биле во ваква ситуација и во други ресторани. Не сакав да бидам како другите менаџери во тој момент. Не сакав да го изговорам тоа што сте го слушнале којзнае колку пати.

Искрено, го напишав ова за вас и за вашата ќерка бидејќи сакав да ви се заблагодарам на двете.

Ми овозможивте едно прекрасно сеќавање од работата во ресторанот. Она кое може да избрише се' лошо во последните 15 години.

Исто така ме научивте на една важна лекција.

Понекогаш правењето на вистинската работа не ги прави сите среќни, туку само оние на кои среќата во тој момент им е најпотребна.

 

Со почит

Тони Поснански

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
6
Ортопедски проблеми кај децата
Како што поминува времето, можеби забележувате дека вашето дете не расте сосема според правилата. Кај многу деца се јаву...
5
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“
Недела на 26.05.2013 во 10.20 часот повторно на Телма телевизија, следете ја новата епизода на тема: Деца и миленичиња
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?