|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе со Весна Коцевска

Марина Кљајиќ Петковски, 15.2.2021
Доколку сте дел од светот на инстаграм, сигурно сте го забележале креативниот профил @whisper.ves, кој изобилува со фотографии кои ги претставуваат убавините на познатите и помалку познати дестинации низ Македонија и светот

image
/11


 

1.Весна Коцевска од Охрид, туристички водич, креаторка на блогот whisper-365.com, инстаграм блогерка позната како @whisper.ves, сопруга и мајка на две деца.
Рингераја: Што Весна вели за себе - која е Весна? 
 
Весна: Опфативте добар дел од тоа што сум. Всушност последниве десетина години ми е тешко да одговорам на прашањето што работам, затоа што не е една работа. Кога би одговорила кратко би се претставила како туристички водич, работа која неизмерно ја сакам. Но, во исто време сум и во редовен работен однос во семејниот приватен бизнис на кој периодов повеќе му се посветувам и се надевам наскоро ќе имаме новитети за споделување. Додека блогерството кое започна како забава и издувен вентил, исто така веќе и кај нас полека почнува да се прифаќа како професија од која може да се живее доколку човек навистина се посвети. Како и да е верувам дека сум доказ за тоа дека човек не мора да се занимава само со една работа, односно да работи само едно нешто за да биде успешен во тоа. Благодарение на флексибилни работни сати и правилно подредување на приоритетите сè е возможно.  
 
Рингераја: Она што уште на прв поглед освојува на твојот инстаграм профил, се преубавите фотографии од многу локации низ нашата земја.
Восхитувачки е што со две деца и во пандемија, активно посетувате различни а често и помалку познати дестинации. Периодов изгребавте многу делови од греб мапата на Македонија. Колку поточно? Уште колку ви остануваат?
 
Весна : Благодарам. Инстаграм е платформа која ја користам за креативно изразување и навистина ме исполнува. Пандемијата ми ги наруши плановите профилот да ми стане вистински травел профил, Сепак есента и дел од зимата ги искористивме да посетиме повеќе места низ нашата земја и да имам колку толку травел содржина. Пред се посетувавме помалку познати места кои што и ние не сме ги посетиле претходно, а горда сум на подвигот со сопругот кога планинаревме до Пелистерски Очи. Како семејство сакаме да патуваме и се надевам дека наскоро ќе можеме повеќе да гребеме на мапата на светот која ја подзаборавивме минатава година. Што се однесува на мапата на Македонија, ако добро избројав, изгребени ни се 60 полиња, од прилика половина од наведените, што значи имаме уште места за откривање и врвови за освојување. 
whisper
 
Рингераја: Колку патувањето со деца претставува задоволство или предизвик?
 
Весна : Би рекла и задоволство и предизвик. Особено е предизвик додека се помали, ама кога од мали ќе се научат после е лесно. За прв пат на прекуокеанско патување со ќеркичката бевме кога имаше само 1 година. Порано верував дека на патувања за паметење ќе патувам со децата кога ќе се доволно возрасни да се сеќаваат, меѓутоа сфатив дека и да не се сеќаваат доволна е среќата и возбудата која што ја чувствуваат при патувањето. Важен момент од патувањата е учењето на новите места, култури, а и самото патување по себе.
 
Рингераја: Да те навратам на почетоците. Како настана блогот whisper и Инстаграм профилот whisper.ves?
 
Весна : Прво настана блогот, потоа инстаграм профилот. Идејата произлезе од тоа што сакам да патувам и да го споделам тоа што ќе го видам или научам со останатите. Наместо тоа да оди преку мојот Facebook профил одлучив да го соберам на едно место за да биде попристапно за тие што сакаат да се информираат. Се надевам дека моите објави се инспиративни и информативни и дека некого ќе натераат да посети некое од тие места. Обожавам да споделувам за места во Македонија, ова ми доаѓа како надополнување на работата како туристички водич. 
 
Рингераја: Блогерството во Македонија како професија. Кое е твоето искуство? Препорака за сите оние кои се гледаат во овие води?
 
Весна: Полека, но сигурно прераснува во професија. Како и секоја друга професија бара време, труд и пожртвуваност, па и одредена инвестиција. Она што е најважно не е бројот на следачи, туку квалитетната содржина. И јас сум поминала низ различни фази и периоди, сум имала и лошо и добро искуство. На почетокот најголем проблем е што добар дел од луѓето околу нас блогерството не го гледаат како професија. Си мислат дека ова го правам од забава или од не знам која друга причина. Фала богу ги има и тие што го разбираат и секојдневно ме поддржуваат. Поддршката е многу важна, особено од најблиските. На тие кои се двоумат дали посериозно да се занимаваат со блогерството можам да им кажам да го направат тоа доколку навистина го сакаат, само да знаат дека ништо не доаѓа преку ноќ. Како и во секоја друга професија колку ќе се посветите толку ќе добиете за возврат.
vesna
 
Рингераја: Често пати се дискутира дека животот не е она што се претставува на социјалните мрежи, но сите сме свесни за нивното влијание. Какво е твоето мислење на оваа тема?
 
Весна: Истово и јас го спомнувам во некои од моите објави, дека инстаграм не е мојот живот, туку само мал сегмент од него, оној кој сум одлучила да го споделам. Понекогаш вклучувам и дел од приватниот живот, но акцентот ми е на друго. Никој не треба да верува дека некому животот му е совршен дури и кога така изгледа на инстаграм. Точно е дека социјалните мрежи имаат и позитивно и негативно влијание, затоа е и одговорноста на сите со поголем број следачи да внимаваат каква содржина споделуваат. Треба да се внимава каков пример се дава, а при тоа да се остане свој и доследен на тие кои нè следат. Сепак има одредена граница кога она што сме го креирале и споделувале за своја душа, преминува во содржина креирана за потребите на следачите. 
 
Рингераја: Колку време трае целиот тој процес на создавање еден пост, од осмислување на идејата, фотографирање, едитирање, пишување опис итн?
Кој стои позади објективот?
 
Весна : Позади објективот најчесто се наоѓа сопругот, понекогаш другарка или колешка блогерка, а сè почесто и мојот син кој обожава да фотографира. Зависно од потребите и самиот процес е различен. Според мене најважна е идејата и осетот за фотографирање. Кога патуваме е многу лесно затоа што самото место каде што се наоѓаме ни ја дава содржината. Периодов се соочивме со насочување на креативноста и во нашите домови, едноставно мора да се прилагодуваме на наметнатата ситуација. Доколку се работи за соработка кога треба да се фотографира одреден производ или услуга е сосема друга приказна. Во тој случај мора да се исполнат и очекувањата на соработникот и самото тоа вклучува поголем ангажман. Инаку уживам во едитирање и пишување описи, како и да го уредувам feed-от по свој вкус.
 
Рингераја: Имаш доста соработки а често пати и гивавеи. Како доаѓа до нив? Имаш ли критериум по кој се водиш при прифаќање на истите?
 
Весна: Јас ги сакам наградните игри, само внимавам да не претерам па да им станам досадна на тие кои не играат, а ме следат. Пред сè гледам да биде нешто што се надоврзува на мојата содржина, а и на мене како личност. Се случува и да одбијам одредени соработки за кои сметам дека немаат врска со мојот профил или дека не би ги интересирало моите следачи. Често знам и да ги прашам следачите преку стори што им се допаѓа, а што не, како и сами да ми даваат предлози. Некогаш е многу лесно да се дојде до саканите одговори и да знаеме во која насока да се движиме. 
 
Рингераја: Колку имаш слободно време и како се релаксираш?
Слободно време гледам да си направам секогаш кога можам. Кога е убаво времето обожавам прошетки во природа со семејството, како и рекреативно трчање. Од неодамна почнав со медитации и морам да кажам дека многу ми помагаат да се опуштам и ослободам од секојдневниот стрес. Секоја можност ја користам да си посветам време само за себе, без разлика дали ќе е тоа читање книга, козметички ритуали и сл. 
 
Рингераја: Мајка си на две деца. Кажи ни нешто накратко околу твоето искуство во бременост, породување, доење... 
 
Весна: Најубавото и во исто време најстрашното искуство за една жена. Имам многу да зборувам на оваа тема како и секоја мајка. И двете деца ги имам родено природно, разлика се 6 години, а меѓу нив изгубив бебе на крајот од осмиот месец од бременоста. Тоа беше нешто кое многу ме промени како личност и секако има влијание на тоа што сум денес. Сум поборник на доењето, синот го доев 13 а ќерката 18 месеци и секогаш ги охрабрувам идните и тазе мајки доколку можат да дојат. Не само поради непроценливите придобивки на мајчиното млеко, туку и поради конекцијата која се остварува помеѓу мајката и детето. Доколку од било која причина мајката не може да дои секако има решение и за тоа. 
 
Рингераја: Твоја порака до читателите. 
 
Весна : Пандемијава не научи многу нешта кои не треба да ги заборавиме и кога ќе ја нема. Не чекајте го вистинскиот момент за нешто да се случи, искористете го секој момент што можете затоа што времето не може да се врати и едноставно правете го тоа што ве прави среќни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Домашна маска која брише 10 години од ваше...
Уште по првата употреба, ќе го почувствувате импресивниот ефект. Оваа маска ќе стане алтернатива на многу козметички про...
3
Џенифер Анистон бремена со близнаци?
Блиските пријатели на ѕвездата од "Пријатели" потврдија дека Џенифер престанала со пушење и последните неколку мес...
3
Како да ги отстраните брчките со еден потег?
Како жени, поминуваме многу време во грижа за нашиот изглед. Брчките станаа универзален непријател со кој се бориме прек...
3
Детско мени за Нова Година
Подготвувањето на празнично мени и уредувањето на трпезата за возрасните не е секогаш лесно, но кога тоа треба да се нап...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?