Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Деновиве излезе од печат новата книга на авторката Емилија Златкова Анастасова, нејзино шесто дело по ред.
Иако ова дело е првенче во жанрот трилер за авторката, во него преовладува нејзиниот препознатлив стил, а истовремено ни открива едно ново "авторско лице" на Златкова Анастасова. По тој повод, Емилија беше наша гостинка
Рингераја: Најнапред, честитки за новата книга. За колку време ја напиша?
Емилија: Овој роман за разлика од романот „Близнаци“ не го пишував дваесет години. Годинава имав повеќе време за пишување, зашто многу од претходните активности и проекти во кои бев вклучена се стопирани поради пандемијата, па покрај другите активности сакав се посветив повеќе на пишување. Оваа книга ја напишав за рекордно време од два-три месеци.
Повторно и позади ова дело стои издавачката куќа Полица, а околу нивната соработка Емилија вели:
"Пред да ја објавам „Детето во снегот“, разговарав со неколку издавачки куќи, но некако со Полица најмногу ми се допаѓа начинот на комуникација и разбирање пред сè што го имаме, тоа што тие ги разбраа моите желби и визии во врска со книгите и договорите кои ги склучивме. Ми се допаѓа што се флексибилни, како мене. До сега соработката ни е супер, па се надевам така ќе биде и во иднина "
Рингераја: Колку си задоволна од продажбата на претходната книга, „Детето во снегот“ и од реакцијата на читателите?
Емилија: Колку што јас имам увид во продажбата, првото издание е при крај, па тоа ми зборува дека треба да сум задоволна. Но, и позитивните критики и реакции од читателите за мене се многу важни па ме прават особено среќна и задоволна.
Рингераја: Неверство е твој прв трилер. Од каде идејата, инспирацијата..?
Емилија: Јас сум личност која не се плаши да експериментира. Така оние што ме познаваат знаат дека имам книги во различни литературни родови: поезија, раскази, драмски текстови, романи. Исто така сакам да експериментирам и со жанровите. Па сакав да се обидам да напишам трилер, ама сепак да е уникатен, да има мој „белег“, „мој печат“ во него. Па читателите ќе кажат колку сум била успешна во тоа.
За промоцијата, која се случи прво во Велес, а потоа и во Скопје, Емилија вели:
"Знаете живееме во едно чудно време, кое сите по малку не збунува, не плаши и не прави пасивни до некаде. Но, мораме да бидеме мудри и да продолжиме со животите и во овие услови, какви и да сè. Така да мораме и ние да се метаморфозираме – не мора да ги правиме нештата како порано, мораме да најдеме други уникатни модели. Така и јас, немав, да речам, класична промоција за „Неверство“, беше повеќечасовно дружење со читателите во, поточно пред книжарницата Полица, ама за мене тоа беше успешна промоција – можев слободно, без додатни обврски, за се дружам и разговарам со пријателите и читатели кои ги запознав преку книгите и навистина имавме прекрасно време со педесетина луѓе, а сепак немаше гужви и мерките беа испочитувани.
Додека пак, во Велес 8 Март, го искористивме како убав повод празникот да организираме онлајн промоција во Библиотеката „Гоце Делчев“ и имав можност да ја преставам книгата „Неверство“, но и да им го честитам празникот на сите припаднички на понежниот пол. Беше со мал број присутни, промоторите и неколку новинари и сниматели, ама и ова мислам е успешна промоција."
Рингераја: Каде може да ја купат читателите?
Книгата „Неверство“, исто како и „Детето во снегот“ ја има во продажба во книжарницата Полица и сите поголеми книжарници низ Скопје, како и низ повеќе градови кои имаат соработка со издавачката куќа Полица. Но, секако, знаат читателите, секогаш можат да ми се обратат лично и мене и јас ќе најдам начин и време да им биде доставена со посвета.
Рингераја: Дали пишуваш нова книга? Можеме ли да очекуваме наскоро и друга книга?
Емилија: Кога ја завршив со пишување книгата „Неверство“ си реков, тоа е тоа и сега сум празна, немам инспирација и идеи за пишување. Но, буквално, следниот ден вечерта кога легнав да спијам не можев да заспијам, зашто во некој полусон „ми дојде“ нова книга. Немав план кога ја пишував „Неверство“ да биде така, ама со инспирацијата за новата книга, дојде идеја за еден серијал на трилери. Така да сега работам на таа книга, која се надевам некаде до крајот на годината да биде завршена и објавена.
Со нетрпение очекуваме нива книга од Емилија, а во меѓувреме, ви препорачуваме да ја прочитате „Неверство".
забава Бремените
Автор: bobik
Што значи балансирана исхрана?
Покрај мноштвото совети за здрав живот, балансираната исхрана е тема н...
Мали ритуали без кои ништо не ќе биде исто
Многу луѓе не ги оставаат овие навики дома, дури ни кога се на одмор....
Музика за бебето уште пред да се роди – мит или наука?
Многу идни родители пуштаат музика на нивниот стомак, верувајќи дека б...
Кога бебињата почнуваат да паметат лица и предмети?
Од првиот момент кога ќе ве погледне, ви се чини дека вашето бебе веќе...
Што е посмешно да работиш во Македонија?
Млад, забавен, паметен...се само дел од епитетите кои го опишуваат сте...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.