Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Во мојата ташна има залепена гумена бомбона, а во мојот џеб се наоѓа до пола изедено жолто лижалче.
Носам панталони, кои ги држи стар ластик врзан на половината.
Ги знам сите песнички од Златно славејче, Поточиња и СИ-ДО.
Моето време започнува кога е време за спиење.
Она што ме преокупира секојдневно се раскрвавените колена и растеченото носе.
Веројатно сте ме виделе во супермаркет. Јас сум таа која се штрека на плачот на дете и која количката за храна ја полни со триста разни глупости. Таа сум која може да носи две деца одеднаш, туркајќи полна количка, додека околу вратот и виси торба, цуцла, клучеви и гумена играчка.
Сакам да си играм со Лего коцки и да ги читам Најубавите бајки на светот. Можам да бидам на дванаесет места одеднаш и да зборувам неколку работи во исто време. Можам да се одморам и да ја чистам куќата истовремено.
И ништо не ми е тешко, а мојот живот е преубав кога полу разбуденото мирисно ангелче ќе ми шепне: “Мамо, те сакам”
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Најчестите причини поради кои бременоста доцни
Доцнењето на бременоста е чувствителна тема за многу парови и може да ...
Емоционалниот товар на неплодноста
Неплодноста не е само медицински предизвик, туку и длабоко емоционално...
Пливањето и менталното здравје. Ослободување од стресот
Пливањето не е само физичка активност, туку и еден од најдобрите приро...
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Дали вашите момчиња си ги допираат пенисите?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.