Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Вошките се мали инсекти кои живеат во човечката коса. Нехигиената не е пресудна за тоа дали ќе имате вошки, бидејќи тие живеат и во чиста коса. Штом ќе се каже вошки, веднаш се помислува на градинка, бидејќи скоро секој од нас ги имал во тој период. Освен преку непосреден допир глава со глава, тие се пренесуваат и преку други работи кои ги користиме ние и уште некој (кој во случајот има вошки), како чешел, капа, па дури и во автобус може да ги закачите од самите седишта.
Како да знаете дека имате вошки? - Предизвикуваат силно чешање по главата.
Се сеќавам, во градинка штом некому ќе му најдеа вошки, ние останатите седнувавме на столчињата и воспитувачките почнуваа да не прегледуваат. Тоа секогаш ме потсетуваше на мајмуните кои се чистат, со таа разлика што кога воспитувачките ќе најдеа вошки не ги јадеа. Како да се препознаат? Нивните ситни бели јајца се лепат за коренот на влакното, а впечатливи се и црвените траги кои остануваат под косата од нивното каснување.
Кога широката народна маса би ја прашале што да направите доколку вашето дете има вошки, тие ќе ви кажат : “Ќе одиш во аптека и ќе бараш лосион против вошки, не знаејќи дека не е сеедно кој, бидејќи постојат хемиски и билни препарати. Ако приметите дека црвените траги на главата од детето се претвориле во ранички од чешање и чешлање, немој да користите хемиски, туку билни препарати. Како што дознав, хемискиот препарат делува на нервниот систем на вошките, но преку раничките на детската глава, можно е да навлезе и во детскиот крвоток.
Во секој случај, нашиот народ повеќе го сака она што е природно и на билна основа, па затоа ќе го прикажеме тој тип на лекување. Билните препарати се најчесто масла и шампони. Вошките, како и останатите инсекти дишат на отвори (дупчиња) на телото, па со нанесување на маслото (или шампонот) на косата, па и на самите вошки, нивните отвори се затвораат и тие умираат, бидејќи не можат да дишат. Но тука не е крајот на вашите проблеми, зошто вошките многу брзо се размножуваат, така што постојат и нивните јајца.
Всушност, поголем проблем се јајцата, од самите вошки, па затоа е многу важно да се исчистат, зошто во спротивно ништо не сте направиле. За таа ситуација постои специјален чешел за отстранување на гниди од косата. Главата се чешла одназад кон челото, и тоа се прави над када за да не паднат на под. На овој начин би требало дефинитивно да го решите својот проблем.
Секако, се што било во контакт со вас во времето на вошките треба да се испере, а тоа подразбира гардероба, капи, постелнина, чешли. СЕ! Најбрз начин за отстранување на оние вошки кои последни се извеле е или вриење (на гардеробата) или замрзнување (на оние работи кои не можат да се вријат, на пр. чешелот). Работите кои не можат ниту да се вријат, ниту да се замрзнуваат, ставете ги во пластична ќеса, врзете и оставете да одстојат десетина дена. Доколку вошките не можат да цицаат крв – ќе умрат од глад.
Обавезно да се прегледаат и останатите членови од поблиското семејство кои биле во контакт со детето кое има вошки. Секако и возрасен човек може да ги има...но, многу ретко слушаме за таков случај.
забава Бремените
Автор: bobik
Како да се изградат здрави граници со родителите?
Во секое семејство постои длабока поврзаност меѓу родителите и децата,...
Црвен кармин за свадбени прослави
Црвениот кармин отсекогаш бил симбол на самодоверба, елеганција и заво...
Грешките не се крај, туку патоказ
Во животот често тежнееме кон совршенство, но токму грешките се тие шт...
Идентитетот на бебето започнува со игра и збор
Чувството на сопствен идентитет не се појавува одеднаш. Тоа се гради у...
Пастеризирано vs. Сурово млеко
Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу то...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?