|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Масажата е најдобар третман за чување на здравјето

Александра Ојлеска, 10.12.2010
Масажата е една од најстарите методи и најдобар третман за чување на здравјето. Одмор за телото и умот. Главна вредност на масажата е непосредниот човечки допир.

image
/11


Чоколадна масажа

Претставува посебно велнес доживување. Масажата со топло чоколадо не само што опушта, таа поради составот кој го има самото топло чоколадо овозможува нега на кожата,бидејќи какаото и менделеевото масло ја хранат кожата и ја подобруваат нејзината цврстина и еластичност. Мирисот на топлото чоколадо со кое се прави масажата дополнително ни ги развива и активира сетилата за убаво и самиот мирис на чоколадото ни причинува чувство на среќа и задоволство. Може да се направи избор помеѓу класично и минт чоколадо.

 

Масажа со топли камења

Тоа е фасцинантна мешавина на масажа, проток на енергија и пријатно чувство при допир на телото со топлите камења. Целото тело се полни со енергија и виталност со што енергетското поле постигнува рамнотежа и се зајакнува. Поврзаноста на масажата со древните искуства и знаења е она што овозможува масажата со топли камења да претставува одлична и неповторлива метода при отстранување на телесните, духовните и емоционалните  потешкотии. Масажата со топлите камења внесува повеќе хармонија и урамнотеженост во нашиот живот. Камењата кои ги користат масерите при изведување на оваа масажа се дар од природата, со што ни ја пренесуваат нивната моќ при третирање. Луѓето во денешно време сфаќаат и анализираат што се ни пружа природата. Загреаните природно полирани камења од вулканско потекло придонесуваат кон чувство на длабока релаксација.Со помош на терапевските етерични масла се подобрува циркулацијата и се опуштаат уморните мускули. Со оваа масажа лесно можеме да отстраниме многубројни потешкотии: напнатост, болки во мускулите, несоница. Масажата со топли камења ги отовра чакрите и така ги отстранува блокадите во телото.

 

Антистрес масажа

Посебно комбинирана масажа кој вклучува масажа на вратот, рамената, грбот, дланките и подлактиците. За поголема ефикасност масажата се изведува на посебен терапевски кревет, каде што масерот со избраната масажна техника буквално го отстранува товарот од Вашите рамења. Многу ефикасна и релаксирачка масажа која со сигурност го отстранува стресот кој го добиваме од секојдневните активности.

 

Масажа збогатена со мед

Со масажа која е комбинација на посебна масажна техника и употреба на мед, се постигнува посебно чуство. Медот е едно од најстарите средства за нега на кожата. Кожата ја прави посебно мека и на природен начин ја регулира нејзината влажност. Со масажата се постигнува опуштање, регенерација, делува антистресно, ја храни кожата и овозможува полесно заспивање.

 

Шиатцу масажа

Меѓу комплементарните, дополнителни терапии можеме да кажеме дека шиатцу масажата зазема посебно место. Иако претставува гранка која е една од најстарите на планетава и во азисктата културна традиција во човечката медицина се практицира стотици години, а пред некое време го добила своето име и место меѓу мануелните терапии. При шиатцу масажата лесно може да употребуваме повеќе различни техники: од моќниот притисок со прстите, дланките, колената и стапалата до мал нежен притисок и растегнување на различни делови од телото. Со различните пристапи влијаеме на енергијата и со тоа се постигнува рамнотежа на духот и телото.

 

Масажа со врели билки

Масажа која се темели на древна холистичка ориентална филозофија, која пред околу 5000 години како третман ја развиле индијските мудреци. Масажата се изведува со терапевска употреба на снопчиња загреани билки со етерични масла. Преставува прекрасно чистење на организмот и делува релаксирачки. Се препорачува за спортисти, во борбата против стрес, целулит, остеоартритс и вкочанети или отечени зглобови.

 
 

Ломи – Ломи длабинска масажа

Многу интезивна масажна техника, која продира длабоко во мускулите и ги опушта вкочанетите и тврди мускули, помага при отстранување на мускулните јазли и насобраната млечна киселина. Со техниката на гмечење и акопресурна дренажа со ритмичко движење масерот ја подобрува физичката состојба на телото и овозможува подобра циркулација и подобар проток на крв. Посебно е препорачлива за спортисти, луѓе кои имаат вродени маани и проблеми во мускулите, нерамномерен раст на мускулите, кај луѓе со преголем стрес и напнатост, кај луѓе каде што класичната масажа не ги задоволува во потполност што се однесува до  релаксирањето и отстранување на некои проблеми.

 

Спортска масажа

Моќна масажна техника, наменета за опуштање на телото по некоја физичка активност и подобрување на протокот на оштетениот дел на мускулот, со што значително побрзо доаѓа до регенерација и лекување. Спортската масажа поттикнува излачување на акумулираните метаболити, настанати како последица на физичкиот напор (млечна киселина, уреа), ја ублажува болката и ги истегнува меките ткива. Се подобрува еластичноста и осетливоста на ткивата. Наменета е за спортисти, рекреативци и сите кои имаат одредени повреди како резултат на неправилно движење и тн. За сите кои редовно се изложени на различни физички активности им се препорачува спортска масажа како превенција, да не дојде до одредена повреда и секако опуштање на телото.

 

Терапевска масажа на грбот, рамената и вратот

Ако чувствувате болки во вратот, рамената, грбот, крстот тогаш оваа масажа е точно за вас. Се темели на ритмичко гмечење на мускулите во кинеските акупресурни интервертебални простории – посебни центри, каде што дополнително се стимулира работата на внатрешните органи. Со масажата масерот се ослобудува од болка, пр: се намалуваат тегобите при артритис, фибромиалгија (хроничен умор), ишијас, лордоза, и проблеми кои настануваат како резултат на староста, пример:неправилно држење на телото, прекумерно оптоварување на кичмата.

 

Масажа на грбот

Масажата на грбот пријатно влијае врз психичката благосотојба, опушта и освежува. Добар проток на крв во мускулите со што подобро се регенерираат. Масерот ги масира мускулите на вратот, рамењата, надлактиците, грбот до задницата и колковите.

 

Традиционална тајландска масажа

Масажа од далечниот исток со која се одржува и регулира виталната енергија.Со неа постигнуваме телесно и душевно опуштање и се подобрува преносот на позитивна енергија во телото. Делува смирувачки, против болка, ја подобрува циркулацијата и секако делува на имунитетот, се зголемува мобилноста на зглобовите, се стимулира лимфниот систем, дава чувство на духовна и телесна рамнотежа и ни го подобрува здравјето. Делува многу подлабоко за разлика од класичната масажа. Често се изведува на ќебе на под. Облечени во удобна памучна облека. При масажата масерот се служи со плаците, дланките,лактите и колената.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вештачката интелигенција ги управува апара...
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќинството имаат функции напојувани од алгоритми за ...
8
Дренвин - Извонреден природен помошник про...
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле производот и забележале значителни подобрувања во нив...
5
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Соф...
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петковска опстојува веќе четири години. Оваа година, на ...
4
Релаксирана бременост
Бременоста во животот на една жена е исклучителен период и зависно од чувствителноста и нејзиниот карактер може да ја до...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?