|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Масажата е најдобар третман за чување на здравјето

Александра Ојлеска, 10.12.2010
Масажата е една од најстарите методи и најдобар третман за чување на здравјето. Одмор за телото и умот. Главна вредност на масажата е непосредниот човечки допир.

image
/11


Допирот преставува толку природна работа,  што без него би биле депресивни и раздразливи. Самите масажи меѓу себе се разликуваат пред се според интензитетот на одреден дел од телото и намената, што сакаме да го постигнеме. Ви советуваме, сами да си одберете вид на масажа која најдобро ќе одговори на Вашите потреби.

Класична (шведска) масажа

Ја користиме како третман за елиминирање на одредени болки, релаксирање и намалување на напнатоста. За голем број на луѓе вкочанетоста и болката представуваат начин на живот, на кој му се подредиле и таа напнатост веќе не ја ни чувствуваат. Класичната масажа ги ублажува стресот и напнатоста, ја подобрува циркулацијата, му помага на телото полесно да ги исфрли токсините од кожата и добро влијае врз работата на дигестивниот тракт. Масажата овозможува да се чувствуваме пријатно, ни влева самодоверба и ни го поттикнува расположението. Враќа дел од изгубената енергија, која најчесто ја трошиме поради напнатост. Масерот при класичната масажа системски гмечи, мазни и прави лесни удари на одредени ткива по целото тело, со што ја постигнуваме потребната опуштеност и релаксираност. Со масажа на мускулите на вратот, рамениците, грбот, нозете, рацете и стапалата се опушта и ослободува напнатоста во сите мускулите.

Рефлексна масажа на стапалата (рефлексологија)

Рефлексологијата ја изведуваме со притисок на рефлексните точки на стапалото, кое преставува огледало на целото тело. Со стимулација на рефлексните точки се зголемува движењето на енергијата, на стапалото најповеќе се одразува таму каде што се чувствува болка при притисок, или се чувствуваат  мали кристалчиња кои се одраз на дизбалансот во одредени делови во телото. Овој вид на третман се прави уште од најстаро време, пред илјадници години во Кина, Индија и Египет, иако само во Кина се развивала како вид на масажа, која е дел од кинеската традиционалана медицина. Рефлексологијата се употребува кај болни стапала, при болки и тешкотии во стапалата и нозете, дури и при болки во грбот, при менструални и дигестивни тешкотии, при стрес, напнатост, умор, главоболка и за општење на целото тело.

Ароматерапија

Релаксирачка масажа со употреба на ароматични масла, кои се темелат на древна традиција на природното лечење, се нарекува ароматерапија. Исклучително искуство, со кое се враќа изгубената енергија,  се отстранува напнатоста и се ускладуваат духот и телото. Дејствата на природните етерични масла се бројни. На нашето тело делуваат преку рецепторите на кожата. Делуваат длабоко во ткивото и овозможуваат нивно обновување. Ја поттикнуваат циркулацијата, овозможуваат детоксикација, ги активираат пасивните центри за меморија, ги отстрануваат блокадите, го подобруваат  расположението, го подобруваат тонусот на мускулите и кожата станува мека и мазна.

 

Ајурведа масажа на главата и черепот

Овој посебен третман на масажа се изведува во Индија, како посебен ритуал за невестата пред свадба, пред раѓање на дете, за опуштање и се намалување на напнатоста во организмот и душата. Техниката на гмечење и притискање на главата е многу пријатно искуство, безболно и релаксирачко чувство. Се отстрануваат напнатоста и главоболката.

Корисни ефекти на масажата на черепот, главата и вратот:

 

  • Релаксација на мускулите на главата, одстранување на мускулните јазли и згрутчувања
  • Опуштање на скалпот и подобар проток на крв во самиот скалп
  • Релаксација на целото тело (нервите)
  • Зголемување на циркулацијата и кислородот во крвта
  • Се стимулира лимфниот систем (се отвараат синусите)
  • Помага во одстранување на главоболката (тензијата, надворешна и мигренска)
  • Зголемување на концентрацијата и подобрување на психичката состојба
  • Отстранување на психичкиот и емоционалниот стрес

 

Туина - Кинеска масажа

Дневна форма на масажа, која спречува болести и ги здравее болните со употреба на рачна техника, чија намена е елиминирање на проток во меридианите. Туина  масажа постои скоро четири илјади години и за прв пат ја примениле Кинезите и сеуште преставува гранка во кинеската традиционална медицина. Со своите дијагностички методи овозможува навремено откривање на енергетската нерамнотежа во телото и затоа преставува соодветно превентивно средство. Го подобрува имунитетот кај човекот, ја подобрува циркулацијата на крвта, на телото му ја враќа потребната еластичност и флексибилност и помага во подобрување на доброто расположение. Многу добри резултати има кај функционални недостатоци и пречки во локомоторниот систем(зглобови, тетиви, лигаменти, мускули). Туина е неагресивен метод, така што нејзиниот корисен ефект се чувствува уште долго после третманот. Поради својата ефикасност, комплексност и разновидност претставува бисер во ориенталната или алтернативната медицина,  и поради тоа е најдобро прифатена алтернативна техника во Европа и Америка.

 

Пренатал масажа – масажа за трудници

Комбинација на масажни техники, кои ги отстрануваат психо-физичките последици, типично оптоварување за трудниците и младите мајки. Смирува, опушта и урамнотежува.

 

Антицелулитна масажа

Преставува класична масажа, а во некои случаеви преставува дренирање на целото тело. Поткожното ткиво и мускулите масерот ги загрева со мазнење и триење, потоа малку потешко мускулите се тресат и гмечат. Со тоа се подобрува протокот на крв во мускулите, се подобрува микроциркулацијата на поткожното подпорно ткиво и го подобрува лимфниот и крвниот проток. Посебно внимание се посветува на оној дел каде што е наталожен целулитот. Покрај масажата во борбата против целулитот помага и допринесува правилната исхрана, пиење на доволна количина на течности односно вода, движење и пешачење на свеж воздух.

 

Рачна лимфна дренажа

Нејзина намена е да се подобри лимфниот систем, да се овозможи полесно исфрлање на токсините од телото, и најважно од се што допринесува за полесно слабеење и отстранување на целулитот. Оваа техника многу добро влијае при отеченост на нозете и при различни повреди. Сите движења се изведуваат нежно по телото во близина на лимфните јазли.

 

 

Лимфна дренажа на лицето

Со лимфната дренажа го поттикнуваме дејствувањето на лимфните жлезди, со што полесно се излачуваат токсините од кожата. Препорачлива е за уморна кожа или после хируршка интервенција.

 

Класична масажа на лицето

Намена на оваа масажа е подобрување на надворешниот изглед на кожата. Со масажата ја поттикнуваме циркулацијата, така што добиваме подобро и поеластично мускулно ткиво, поголема количина на кислород, протеини и други состојки кои се потребни за одржување на ткивото. Масажата на лицето ги вклучува и вратните и раменските мускули кои обично се најмногу напнати.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Мали бизниси: Торти за домашни миленици
Дали се вбројувате во процентот на сопственици на домашни миленици кои организираат роденденски забави за истите ?
3
Создадете подобар живот
Својот живот го заробувате во негативни мисли и енергија ако го трошите на она лошо што може или би можело да се ...
2
Во шопинг по совршена венчаница
Што треба да имате на ум…( 6 совети за купување венчаница)
2
Може ли да ослабам, ако дојам?
Запомнете: за време на бременоста вишокот килограми не сте ги добиле преку ноќ, затоа и сега не очекувајте дека можете ...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?