|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Мамо, живеј ми уште долго, долго...

Редакција Рингераја, 1.2.2019
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата кујна и без топлината на домот која ја создаваш... Јас не знам како е тоа – да се живее без тебе...
Клучни зборови:

image
/11


Мајка ми има 70. Таа ми дава круши и јаболка и вели, извинувајќи се: Не се баш убави на изглед, но многу се вкусни. И не се прскани, од нашата бавча се. Земи, знам дека сакаш...

И јас земам. Земам и сирење. Затоа што го сакам сирењето на мама. Излегувам, седнувам во автомобил и одам. И повторно некаде тргнувам. Ги менувам градовите и временските зони. Доаѓам кај мајка ми кога ќе можам. Откако ќе завршам со сите обврски. По кафето со другарките, фризерот и маникирот.

Ќе и донесам нешто вкусно, брзо ќе ја прашам како е, што има ново, нестрпливо ќе ја сослушам и понекогаш ќе бидам иронична по нејзините, за мене безначајни, проблеми и грижи. И пак заминувам – трчам кон своите обврски.

Мама задолжително ќе ми каже дека сум слабо облечена, дека не го чувам грлото, затоа и не ми поминува кашлицата. Ќе ми каже дека многу работам и дека е време да се смирам. Ќе се согласи дека животот е комплициран и дека не е страшно што не можам почесто да доаѓам кај неа.

А живееме 20 километри оддалечени една од друга. И се јавувам редовно и ги слушам нејзините детални приказни за пазарот, за сестра ми на која и е тешко сама на село, за тоа дека доматите не родиле годинава, па дури ни спанаќот не успеал, дека нашата мачка ја искасало кучето на комшиите...

Мене не ми е интересно. И ми се чини дека во нејзиниот живот не се случува ништо важно. Малку ќе се налутам кога ми се жали на своите болки, ја молам да оди на лекар, а таа само одмавнува.

И одеднаш мама многу жално ќе ми каже: “На кого да се пожалам, ако не тебе...”

А јас ќе занемам, држејќи го телефонот во рака и сфаќам колку сум неправедна. И дека овој нејзин ѕвонлив глас и сите нејзини зборови и вечните расправии за тоа кој е во право и нејзиното негодување и моето правдање – сето тоа е наш живот. Оној кој е овде и сега.

Скокнувам во кола и одам “непланирано” кај неа. Таа успева да ми испече лепињи, тато ми нуди да се напијам вино. Но вино не можам. Возам. Тој пие сам, го фали своето вино. Се смееме.

Се виткам во шалот на мама, ладно ми е. Мама брзо става дрва во каминот. И јас сум повторно безгрижно мало и задоволно девојче. И се е вкусно. И топло. И нема никакви проблеми.

Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата кујна и без топлината на домот која ја создаваш... Јас не знам како е тоа – да се живее без тебе...

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто е важен појадокот за децата?
Последното истражување направено во Универзитетот во Пенсилванија САД, покажува дека децата кои имаат редовен појадок им...
5
Најлошите нешта кои може да им ги кажете н...
Сите сме кажале несоодветни зборови на роднините, пријателите, колегите. Сме ги навредиле случајно или намерно, оставајќ...
4
Неколку совети како децата да го засакаат ...
Ако им всадите љубов кон читањето на вашите деца, сте им дале непроценлив подарок - соништа, имагинација, бегство и повр...
4
4 главни фактори за здрав имунитет на детето
Како да ги заштитиме детето од настинки и вируси?
4




Анкета

STEFAN
svartinoska83

Dali vi se dopaga imeto Stefan?

Da,mnogu (32%)

Da (46%)

Ne (19%)

Ne,mnogu e glupavo (4%)


Број на сите гласови: 303

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!