|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Мамички, времето брзо лета! Уживајте!

Tamara Zidar, 25.3.2014
И додека седам во канцеларијата, пијам кафе, во позадина се слуша некое on-line блуз радио, куцкам, пишувам, работам, комуницирам, налетав на оваа фотографија и не можам да верувам колку брзо летна времето...
Клучни зборови:

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

Лето е, топло е, врело е. Со децата сум по 24 часа. Подготвување на појадок, ужина, ручек, ужина, вечера...Играње, скокање, шетање, хранење, валкање, плачење, мочкање, какање и така во круг. Немам време за себе, за туширање и самостојно одење во тоалет. Си недостаувам на самата себе, ми недостасува тишина и мир. Сонувам за моментот кога ќе можам да ги спрострам алиштата без детските раце на моите нозе и плачот да ги земам во раце. Да прочитам книга, да направам нешто за себе, нешто што само јас го сакам.

И така...четири години подоцна го имам сето тоа за што сонував и така се разнежнувам кога ќе ги видам овие фотографии. Се сеќавам на моментите поминати со бебињата, се сеќавам на мирисот на свежо направениот ручек, мирисот на свежо испрани алишта, мирисот на детската коса и нежното главче кое ќе се потпре  на моите гради со желба да го утешам. И ми недостасува...Сето тоа ми недостасува и посакувам тогаш да бев свесна дека се' ќе помине многу брзо, да се опуштев и малку повеќе да уживав во тој период. Периодот во кој единствено нешто кое им беше потребно беше мојата љубов, разбирање, прегратка, тивка приспивна песна и внимание. И неколку лажички здрав оброк...

И затоа, поддршка за сите мајки кои моментално се со своите бебиња, кои понекогаш ѕиркаат од телефон да ги проверат општествените мрежи и да почувствуваат дека и тие се дел од тој свет на возрасни кој не гуга, на кој времет многу бавно му поминува, на кои им недостасува работа, дружење, книга, излегување, сон... Брзо ќе помине тој период, многу побрзо отколку што можете да замислите. А потоа ќе ви останат само фотографии, кои ќе ги гледате со носталгија, бебешките локни залепени во радосница, по некое урамено чорапче и убав спомен на тој дел од вашиот живот...И прашањето: “О, зошто не уживав малку повеќе...?”

 

Преземено: Гараводели

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

9 работи кои нема да ги правам со второто ...
Јас немам фотографија од себе како бебе. Сериозно. Такви фотографии воопшто не постојат. Тоа е затоа што сум најмала од ...
5
Крвна слика кај децата и нејзино значење
Од наодите на крвната слика можеме да видиме присуство на анемија, инфекција (бактериска или вирусна), алергија, паразит...
5
Сакате да имате паметни деца? Родете во 30-та
Жените кои сакаат да имаат паметни деца, е најдобро да родат на 30 години, објавија во "Метро"
4
Зошто строгите мајки одгледуваат поуспешни...
Постојаните приговарања од вашата мајка од кои ве боли главата, всушност ќе ве направат подобра и поуспешна личност во ж...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali naucivte mnogu od sajtov Ringeraja?

Da (100%)

Ne (0%)


Број на сите гласови: 6

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!