Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
ТАА
Во 6:30 се буди во паника дека можеби доцни за на работа. Излегува од собата, пали цигара и нервозна е, како и секој работен ден, бидејќи мора, инаку како ќе раскажува во канцеларијата дека е нервозна? Ги отвора сите прозорци за да види дали да облече чевли за дожд или не.
Во купатилото ја вклучува греалицата, фенот, фигарото, пеглата за коса, депилаторот и уште три работи, на кои просечен човек не им го знае името. Пали истовремено уште три цигари, зависно од бројот на простории во станот, додека во купатилото тој број треба да се помножи со стадиумот на нервоза. Вари кафе кое и претекува и го валка шпоретот. Си ја гори веѓата палејќи цигара од рингла, а капка врело кафе и го гори носот.
Влегува во купатило и ја гледа сета стравотија на својата глава во огледалото. Плаче пред огледалото, но се решава да извојува победа во битката со косата. Се тушира и пцуе бидејќи кретенот се уште не го поправил болјерот. А да не зборуваме за расфрлените чорапи и гаќи покрај корпата за веш... Незадоволна од нијансирањето и минивалот ги уништува четките, чешлите, витлерите, фенот со додатоци и удира по машината за перење. Се мачка со крем и пудра. Трча до телевизорот за да ја види временската прогноза – ако врне и ако дува, кора да стави водоотпорна шминка. И паѓа пепел на најмилата маица, безуспешно бара чорапи кои немаат дупка на видливо место, се спрепнува на фрлените чорапи на подот.
Прелиминарно се шминка и ги кубе влакненцата кои не ги виде синоќа и се лакира, додека на радио свири иритантна турбо фолк музика. Подготвена е, а веќе е 7:45 часот! Сфаќа дека надвор врне дожд и ги менува чевлите, па мора комплетно да се пресоблече. Бидејќи мора да ја промени маскарата, набрзина трча до купатилото и предоцна сфаќа дека тој е внатре и дека впрочем тој, о не...па тој, Исусе, не можеш....ааааааааааааааааа!
Бега во кујната и со три огледала комбинира паралакса за да добие тродимензионална слика на својата убавина. Успева со изборот на новите обетки и ставањето на руж кој подобро и стои. Во 8:10 излегува нервозна бидејќи доцни.
ТОЈ
Во 06:30 часот го буди двонога коза која вришти заедно со четири будилници, иако има уште цел час до нормалното време за будење. Се завртува на другата страна. Се обидува без станување со прстите од десната нога да го соблече левиот чорап. Успева. Спие уште еден час, во меѓувреме разбудуван од врискањето на неговата драга, но цврсто решен да не станува пред да дојде време за тоа. Во 7:30 ѕвони часовникот. Време е за чешање и растегнување. Раката со која се чешате не му мириса толку алармантно за да мора да се тушира, што му дава награден бонус од три минути под јорганот.
Влегува во WC и става каладонт на четката. Истовремено ги мие забите и врши нужда, па го валка капакот од шољата, ѕидот и машината за перење додека се обидува да ја земе четката која му падна заради ерекцијата. Ја плука пената од уста в шоља и се смее. Ги мие очите, се гледа во огледало, се смее и си намигнува. Утре ќе се бричи, денес е многу ладно.
Се враќа в соба, ја фрла облеката од столица на кревет и долго ги бара чорапите. Скоро засушени и деформирани се подготвува да ги облече , но се сеќава дека мора да облече чисти, кои се крути, нееластични и неудобни. Во 7:38 без волја става чисти чорапи, оди до кујната, пие кафе и во 7:45 е подготвен за на работа.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
Зошто моето бебе дише толку брзо?
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се у...
Ви недостасува ли телото што го имавте порано?
Оваа магична кожа ги одгледуваше внатре. Го обвиваше телото што ги хра...
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?