Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Ниското ниво на магнезиум може да предизвика хронични болести како дијабетес, епилепсија, мигрена и многу други. Покрај потребата на телото за овој минерал, магнезиумот може да биде многу корисен и ефикасен природен лек.
Постојат неколку начини да ја задоволите потребната дневна доза магнезиум.
Магнезиумот можете да го користите против болка. Истражување од 2010-та година покажало дека магнезиумот всушност го блокира чувството на болка. Истражувачите откриле дека телото користи јонски протеински нервни рецептори преку кои се пренесува болката. Магнезиумот користи обратна јонска реакција и на тој начин влијае врз чувството на болка.
Магнезиумот може да ви помогне да ги намалите болките, грчевите и неудобноста за време на менструалниот циклус. Исто така тој ги намалува и болките пред и после менопаузата.
Магнезиумот ги ублажува симптомите на артритис бидејќи го спречува воспалението на зглобовите и ги зајакнува слабите коски. Се препорачува да почнете да земате магнезиум порано за да го намалите ризикот од артритис во староста, особено ако редовно ги истегнувате вашите мускули.
Магнезиумот може да ја намали и силната невропатска болка. Овде спаѓаат повреди на грбот, дијабетска невропатија и синдромот на фантомски екстремитет. Кога станува збор за последното, магнезиумот го релаксира ткивото околу ампутираниот екстремитет, па така ја намалува болката.
Во овој случај најдобро е да го користите магнезиумот како превентива. Со други зборови, најдобро е редовно да земате магнезиум за да ја спречите појавата на главоболки и мигрени. Најчесто овие проблеми се поради напнатост, а магнезиумот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста.
Фибромиалгијата е хронична состојба карактеризирана со екстремен замор и болки во мускулите, најмногу во колената, лактите, вратот и задникот. Ова е неизлечива болест и често се контролира со лекови. Бидејќи магнезиумот ги намалува болките во мускулите и зглобовите, може да ви помогне со симптомите на оваа состојба.
Добро е да користите магнезиум пред и после операцијата со цел да ги опуштите мускулите и да ја зголемите отпорноста на болка. Нормално, магнезиум сулфатот се внесува преку вена со надзор од медицинско лице.
Лекарствата што имаат состојки како квинолон, бисфосфонати, тетрациклин и фелодипин можат да имаат лоша реакција со магнезиумот. Па, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар за лековите што ги земате и магнезиумот. Како и со секој додаток во исхраната, најдобро е да прашате професионалец којшто ќе ви каже дали има потреба да земате магнезиум.
забава Бремените
Автор: bobik
Иако звучи целосно неверојатно, но човечкото тело може да биде алергич...
Од првата кашичка до денешниот апетит
Нашиот однос кон храната не се формира случајно. Tој е длабоко поврзан...
Да станеш мајка е едно од најдлабоките и најмоќните искуства што може ...
Куклите во животот и растењето на девојчињата
Куклата е едноставна, тивка и често потценета играчка која останува ва...
Важноста на гинеколошките прегледи
Во современото општество, грижата за здравјето станува сe поактуелна, ...
Млеко.
Admin
По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: