|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Летниот распуст - важен период за неформално учење

Редакција Рингераја, 25.6.2018
Загрижени сте дека вашето дете ќе ги заборави минатогодишните лекции за време на летниот распуст на сонцето? Опуштете се! Овие активности на отворено ќе помогнат да го сопрете „дренирањето на меморијата“
Клучни зборови:

image
/11


Летниот распуст може да трае речиси три месеци, но за тоа време може да се заборави многу од она што било учено во текот на претходните девет месеци, и за кое сте работеле напорно за да го научите. Направени се студии кои покажуваат дека децата може да ги изгубат стекнатите математички вештини и вештините за читање во текот на летните одмори. Ова значи дека во новата учебна година учителите наместо да продолжат со предавање на ново знаење, ќе треба да го потрошат тоа драгоцено време со утврдување на стариот материјал за да ги вратат децата во форма. Имајќи го во предвид овој факт, клучно е да се држи активен мозокот на децата во текот на летото

Погоре кажаното има смисла, се разбира, но што значи тоа? Летниот распуст и учењето не мора да се исклучуваат меѓусебно како два различни правци.

Летото е важен период за неформално учење и откривање

Следниве активности се разгледувани и одобрени начини од експерти за да се сопре летното дренирање на меморијата додека се забавувате на отворено. Секоја од овие активности ги учи децата како да ги решат проблемите, критички да размислуваат за да ги решат проблемите, броење, читање, категоризирање или групирање на работи и идеи. Летниот распуст е времето во кое може да ги пробате.

Одете на дневно патување со други семејства

Доживување нови работи со група може да обезбеди широк спектар на можности за да им помогне на децата да научат како да комуницираат, да разговарате со други луѓе, и да научат важни животни вештини. Бидете подготвени да ги тренирате, да ги научите како да преговараат со другите деца без да се караат и при тоа да го добијат она што го сакаат, така ќе развијат и преговарачки вештини а може да го зглемат својот речник, потоа разговарајте за овие искуства со вашите деца.

Изберете неделна тема за која би истражувале заедно и за која ќе дискутирате

Листата на теми вклучува јавање коњи дискутирање за нив, пливање и дискутирање за раличните видови на водни животни разлики море езеро итн.

Пробајте нешто ново

Разговарајте со вашите деца кое ново искуство тие би сакале да го доживеат.

Тука може да се вклучи кампување надвор во шатор или градење на тврдина во дворот или во парк, или правење на физички активности колук, ѕвезда стој на раце. Летото е прекрасна можност за децата да стекнат доверба и да растат како поединци, подтикнете ги да се обидуваат да прават нови работи и со тоа ќе создадете личност која ќе знае како да излегува надвор од од својата конфор зона. Искористете ги гумените (играчки животни) кои ги имате и играјте во песок со тоа што ќе го импровизирате живеалиштето на животните учејќи за имињата и средината во која живееле итн.

Планирајте сами или придружите се на заеднички настан за Садење дрвја, цвеќиња, или обработување на градина. Преку ваквите активности ќе создадете можност да проучувате и разговарате за сите придобивки што ни ги даваат растенијата, како растат, што име потребно за да растат, какво влијание имаат на здравјето на човекот итн.

Зголемете го бројот на авантури на отворено. Направете сопствени водени лудории заедно со нивните пријатели. Подтикнете ја нивната креативност и логичко размислување и запрашајте ги доколку би биле креатори на проект и брошура „Што треба да направат возрасните за децата помалку да седат на нивните компјутери“ поддтикнете ги да ги запрашаат своите врсници кои активности и места би сакале да ги видат и натерајте ги да ја направат таа брошура со пишување лепење слики во неа итн.

Одете на прошетки во природа со велосипед и собирајте различни растенија, земете лупа со себе и разговарајте за видовите на растенија и бубачки кои ќе ги сретнете. Гледајте со двоглед и разговарајте за локацијата која ја гледате. Најдете локација со земјиште од глина обидете се да направите садови од глина и разговарајте за историјата, настанување на човекот итн.

Купете книга поврзана со нивниот интерес. Читајте ја заедно а после пробајте да го распрашате детето што мисли за прочитаното. Собирајте стикери за прочитани книги (за секоја прочитана книга лепете стикер на фрижидерот и со 6 собрани стикери измислете награда која сака да ја добие детето).

Постојат прекрасни можности да ги стимулираме децата да научат за природната средина околу нив и нивната улога во неа. Резултатот ќе биде совршен, ставот на децата кон учењето ќе биде сосема различен а нивниот мозок активен во текот на целото лето!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Опасни играчки за децата во слободна прода...
Лекарите предупредуваат на внимателност
4
Избркајте ги детските стравови
Страв од мрак, страв од лекар, страв од напуштање...Помогнете му на детето да ги совлада своите стравови
3
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3
Што им прават медиумите на нашите деца?
Мамо, кога јас ќе имам фустан како онаа тетка?!
3




Анкета

Дали ви се менструации болни?
пеперутка16

Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.