namesp во 10:12
Св.Валентин–мажите го мразат, а ние го обожаваме
Редакција Рингераја, 14.2.2012Си размислувал ли дали твојата партнерка би се возбудила од идејата да ти купи плишано срце на кое ќе пишува “Те сакам”? А да помине цела вечер на вечера со свеќи во некој ексклузивен ресторан, гледајќи те во очи? Мислиш ли дека тоа е доказ дека е длабоко вљубена во тебе?
Да бидеме искрени – мажите го празнуваат Св. Валентин бидејќи знаат дека тоа нас ни значи многу. За нив не е важно дали ќе покажат безрезервна љубов на 14. февруари, со сите комерцијални работи кои го отсликуваат овој празник, или на 10. март, 15. април и т.н. Колку подолго го празнуваме овој ден, толку повеќе се навикнуваме на традицијата која потоа треба да ја почитуваме. Со љубов или без, Св. Валентин е повод за празнување на секој пар.
Сите ќе се согласиме дека во основата на овој празник лежи и драматизам. Токму заради тоа што често сакаме да бидеме во улогата на принцези, толку многу го обожаваме овој празник. Мажите, за разлика од повеќето жени, се приземни и малкумина од нив паѓаат пред љубовта која им ја покажуваме и не го прифаќаат Валентин за празник кој треба да го слават за да не' направат среќни. Нема зошто да ги обвинуваме. Самиот факт што учествуваат во оваа лудорија заради нас е доказ дека не сакаат.
Можеме да најдеме повеќе причини заради кои мажите не го сакаат празникот Свети Валентин. Тие се многу попрактични од нас и не сакаат да ги дадат парите за бесмислени плишани подароци, кои немаат друга функција освен таа да собираат прашина. Освен тоа, денот на вљубените се совпаѓа со празникот на мажите – Св. Трифун на кој спокојно можат да се напијат со пријателите по машки. Да не зборуваме за тоа дека многу од нив се досадуваат од прекумерната романтика и излив на чувства толку на тој ден, по одреден повод и на начин на кој тоа го прават сите наоколу.
Мажите не обожаваат клише што од своја страна го прави празникот досаден за нив, особено ако го слават неколку години. Сценариото им е познато: резервација во ресторан, цвеќиња, чоколадо, изненадување...
За разлика од нив, ние жените обожаваме да бидеме сакани. Обожаваме кога нашата половина ќе ги покаже своите чувства, кога ќе не опсипе со комплименти, кога ќе направи да се почувствуваме сакани и уникатни. И сето тоа да биде јавно прикажано. Прикажано пред целиот свет! Да не бараме многу?
Кај некои девојки чувствата кон самата љубов се посилни од љубовта која ја чувствуваат кон човекот кој е до нив. Ние жените сме задоени со идеалистичка претстава за љубовта и со нејзината важност во нашиот живот. Сите овие чувства ја наоѓаат својата реализација токму на денот на вљубените. Тоа денот во кој ние сакаме да ја добиеме целата љубов на земјата.
Ние жените го обожаваме Свети Валентин! Заради начинот на кој го славиме, заради тоа што добиваме дупла доза на љубов од вообичаената, заради тоа што не тера да се чувствуваме барем неколку денови поразлично во досадната зима. Тврдењето дека “треба да се чувствуваме сакани секој ден, а не само на 14. февруари” е по клиширано од самиот празник. Се разбира дека треба да сме сакани и да сакаме секој ден, но особено романтично и убаво е да има еден ден одреден само за љубов. Не е важно што е католички празник и што постојат многу други “убедливи” причини да не го празнуваме.
Секако дека има жени бунтовнички кои не го поднесуваат овој празник и мажи романтичари, кои се заљубени во него. Вистината е дека Св. Валентин не е толку распространет и општо прифатен празник затоа што има многу вљубени двојки, туку затоа што има многу жени кои сакаат да бидат предмет на нечија љубов.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Средното училиште „Лазар Танев“ нуди кетеринг за сите заинтересирани правни и физички лица кој го изработуваат учениците...

Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...

Помина една година и еден месец откако популарната турска актерска двојка Фахрие Евџан и Бурак Озџивит станаа родители н...

KidzOMEGA е одличен извор на OMEGA 3 масни киселини EPA I DHA, со прекрасен вкус на портокал во кој ќе уживаат децата. ...
