Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Мајката често плаче
Плачела кога дознала дека е бремена. Плачела кога те родила и кога за прв пат те држела во прегратка. Често плачела од среќа или од страв, уште почесто од грижа. Мајката ја чувствува твојата болка и твојата среќа, дури и кога воопшто не си свесен за тоа.

Мајката го сака последното парче од колачот
Но кога ќе сфати дека ти го сакаш, ја губи желбата. Посреќна е кога ќе те види како слатко го јадеш ти.

Мајката ја боли
Кога ќе ја искорнете, или кога ќе ја изгребете со ноктите кои се плашела да ви ги скрати, ја боли. А ја боли и кога ќе ја гризнете додека ве дои. ја болело и кога ве носела и кога ве раѓала. Но тоа се слатки болки.

Мајката секогаш се плаши
Од моментот кога дојде на свет, мајката ти е како заштитник. Говорела “не” кога некој друг ќе сакал да те држи во прегратка, бидејќи никој не можел толку сигурно да те заштити како таа. Срцето и застанувало во моментите кога несигурно си ги правел првите чекори. Би останувала будна до доцна, проверувајќи дали се е во ред во куќата, а рано се будела за да те испрати во училиште. Кога би се засопнал, би била тука за да те фати. Била тука и за да ги избрка лошите соништа. Ниту ноќните мори не ти можеле ништо. Мајката е тука за се да биде како што треба.

Мајката знае дека не е совршена
Всушност таа самата е свој најголем критичар. Понекогаш се мрази себеси. Секогаш сакала да биде совршена мајка, да внимава да не направи нешто погрешно, но само затоа што е човечко суштество правела грешки, кои веројатно и денес ја прогонуваат. Кога би можела да го врати времето, секоја мајка би сакала да го поправи она што го направила погрешно. Но не може. Затоа биди добар со својата мајка, бидејќи правела како што знаела најдобро.

Мајката често те гледала додека спиеш
Многубројни се бессоните ноќи во кои те молела да заспиеш, ти пеела и се надевала дека за брзо ќе се смириш. Во оној момент кога си потонал во сон, гледајќи во твоите очи и во твоето безгрижно лице, нејзиниот замор исчезнувал во истиот момент.

Мајката те носела повеќе од девет месеци
Таа те носела во прегратка додека чистела, додека јадела...иако ја болеле рацете и рамената, таа те дрѓела бидејчи ти така си сакал. Те бакнувала, те прегрнувала, си играла со тебе, а ти си се чувствувал заштитено.

На мајката секогаш и се крши срцето кога ќе заплачеш
Би направила се за да те утеши, а кога не би успеала во тоа, би била бескрајно тажна.

Ти секогаш си и на прво место на мајката
Често излегувала од дома гладна, ненаспиена и недотерана. Секогаш ги ставала твоите потреби пред своите. На крајот на денот била толку уморна, што често не можела да направи ништо за себе. Сепак, следниот ден би направила се повторно и одново, бидејќи те сака.

Мајката повторно би го направила истото
Да се буде мајка е најтешко. Мајката плаче, трпи, се обидува, не успева, работи и учи. Мајката се радува и њуби многу повеќе отколку што сака може да замисли. И покрај својата болка, тага со бессоните ноќи и покрај сите грижи, мајката за своето дете секогаш и повторно би направила се. Затоа, следниот пат кога ќе ја видиш својата мајка речи и благодарам и покажи и дека ја сакаш. Тоа се зборови кои секогаш ги слуша со задоволство.

6
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Бебето цица палец? Ефикасни начини за одвикнување
Цицањето палец е честа и природна навика кај бебињата и малите деца. Т...
Првите 100 дена од таткова перспектива
Никој не те подготвува вистински за моментот кога ќе станеш татко. Мож...
Токсични материи и детската љубопитност
Домот треба да биде најбезбедното место, но често токму во него се кри...
Сонот е една од најчестите грижи кај новите родители. „Дали спие довол...
Скриени или почетни симптоми на бременост
Кога се зборува за бременост, најчесто првото нешто што се спомнува е ...