Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За детето да почне да го совладува говорот треба да постои органска основа, а тоа пред се подразбира добар слух, нормална интелигенција, меѓусебно разликување на поединечни гласови и јазична способност. Детето ги усвојува основните елементи на јазикот од своите физички и психички способности и потреби (како што учи да оди, да црта или да трча) Способноста за развој на говор потекнува од детската потреба да комуницира и да го сфати светот во кој расте и се развива. По само неколку месеци од животот, најчесто околу третиот или четвртиот месец, склопот на гласови што детето ги произведува, а за кои е карактеристично да содржат и гласови кои не постојат во говорот на околината, почнуваат да се менуваат. Од таа гласовна продукција постапно исчезнува дел од гласовите, а преовладуваат зборови кои се карактеристични за говорната околина на детето. Битна карактеристика на првите зборови е дека детето не именува само некој предмет, личност или ситуација, туку истовремено го изразува својот однос кон одредена личност или ситуација. Помеѓу деца од две години постојат големи разлики во поглед на владеење со говорот. Некои деца уште на првиот роденден изговараат кратки реченици, додека други тоа не го прават ниту на вториот роденден. Сепак, повеќето деца ќе проговорат во тој период. Понекогаш може да се случи детето со полни две години да не зборува, или да зборува неколку лошо артикулирани зборови. Ако детето разбира поголем дел од едноставните вербални наредби, на пример “Дај ми ја лажицата” “Покажи каде е мама”, знае да покаже три до четири места на телото кои некој возрасен ќе ги именува, најверојатно нема тешкотии во прифаќање и развој на говорот, па и тој дел од говорниот систем наскоро ќе се развие.
Неразвиениот говор одговара на хронолошка возраст кај децата од 2.-6. години, чиишто лингвистички релации заостануваат. Таквото дете е во повеќето случаи поневешто од другите деца, неговите движења се слабо координирани, цртежите се несигурни, телесната шема е слабо вклопена. Кога способностите на детето да разбира говор, или само да говори се значително под очекуваното ниво за неговиот ментален развој, тогаш станува збор за доцнење во развојот на говор. Доцнење поголемо од шест месеци може да се забележи и во разбирањето на говор и во говорот во различен степен: не разбирање на едноставни говорни наредби до неспособност за разбирање на посложени граматички структури. Меѓутоа, почесто доцни само развојот на говор, додека во разбирањето нема поголеми потешкотии. Со оглед на тоа што способноста за восприемање на говор се развива неколку месеци пред говорот, ако станува збор и за ова пореметување, тогаш доцнењето е многу поголемо. Бавниот развој на говор може да се препознае кај дете од година и пол. Имено, во најтежок случај, детето не само што не говори туку и не го разбира туѓиот говор. Детето од година и пол треба да разбира секојдневни реченици и многу повеќе од тоа. Детето кое не разбира говор и не зборува ќе се однесува поинаку од останатите деца, бидејќи своите потреби и желби ќе ги изразува на екстремен начин: со плач, врисок и слично. Колку детето е постаро, толку неговото однесување ќе биде неприлагодено со неговата возраст. Некои деца се повлечени, некои агресивни, што повторно зависи од видот на доцнење: моторно (потешкотии во изразувањето) или сензорно (потешкотии во разбирање на говор). Во полесните случаи детето разбира говор, но не говори.
Совет за родителите
Кога родителите ќе се посомневаат на такво заостанување во развојот на говор, треба веднаш да се обратат кај стручњак логопед. Ако детето сеуште е премало за рехабилитација, родителите ќе добијат совети и информации како да постапуваат со него додека малку не порасне. Навременото барање на помош, после кое следи дијагностицирање и откривање на причините, може да помогне во отстранување на причинителите или барем ублажување на пореметувањето. Важно е да се работи на врската звук – слика. Детето треба да се поттикнува на говор со помош на ономатопеја од природата и со сликовници кои имаат големи слики и не многу детали. Треба да се воведат и звучни стимулатори така што детето ќе може да ги препознава животните преку звук и слика.
Прочитајте уште:
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Програма на приватната детска градинка Амичи
Приватната детска градинка Амичи работи веќе осум години и успешно се ...
Работи кои не треба да ги загрижуваат родилките
Не се сите жени филмски ѕвезди да можат да живеат со чили пиперки и во...
Вратете се на училиште со вкусна ужинка во џебот!
Летниот распуст заврши, а враќањето на училиште со себе носи нови аван...
Вратете се на училиште со вкусна ужинка во џебот!
Летниот распуст заврши, а враќањето на училиште со себе носи нови аван...
Поддржуваме мали бизниси: Candle world
Денес разговараме со Дијана, креатор на Инстаграм профилот Candle worl...
Одмор.
пеперутка16
На колку месеци би го однеле вашето бебе на море?