vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Токму поради тоа родителите прават фотографии за да документираат драгоцени моменти па повеќето имаат секогаш подготвена апаратура со која ќе ги уловат тие моменти.
Но, еден татко од Тајван се одлучил за малку поинаков начин на „зачувување“ на спомените и тоа се за да биде сигурен дека еден ден ќе може да се потсети на секој момент од одраснувањето на своето дете.
Уметникот Лан Шенгли веќе подолго време се бави со илустрации а откако во 2014. година се родил неговиот син одлучил да го илустрира и сопствениот живот. На крај, овој начин ги фатил сите радости, но и потешкотии со кои се среќава како самохран родител.
„Кога имате дете, многу работи се случуваат неочекувано. Но, кога почнав да ги цртам моментите кои ние двајца ги делевме, не ни помислував дека ќе добијам толку позитивни реакции“, изјавил за Bored Pandа.
Открил дека еден од неговите најголеми стравови е дека синот ќе му стане хулиган. Затоа се труди уште сега да му покаже дека е секогаш тука за него и дека се надева дека ќе го упати на вистинскиот пат.
На својата страна на Фејсбук, Лан, редовно објавува интересни илустрации, а неговата работа ја следат повеќе од 31.000 луѓе.
Во продолжение ви донесуваме некои од илустрациите:








4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Како да му помогнете на телото да се опорави од стрес?
Стресот е природна реакција на организмот кога се соочува со притисок,...
Што е цервикална слуз и која е нејзината улога?
Цервикалната слуз е природен секрет што го создаваат жлездите во грлот...
Што всушност значи да се биде среќен?
Среќата е едно од најпосакуваните чувства, но и едно од најтешките за ...
Дали либидото е показател за плодност?
Либидото, односно сексуалната желба, може да се менува во различни пер...
Како се менува женската плодност со возраста?
Женската плодност природно се менува со текот на годините. ...