vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Еднаш одамна еден татко ја казнил својата петгодишна ќерка, бидејќи изгубила многу вреден предмет кој и го подарил, а во тоа време имало многу малку пари и се живеело тешко...Било Божиќ. Следното утро девојчето донело мала кутија и ја подарила на својот татко:
- "Тато, ова е за тебе!" - рекло девојчето
На таткото му било многу непријатно, но кога ја отворил кутијата и видел дека нема ништо внатре, многу се налутил. Ја прекорил ќерката.
- "Ако подаруваш, се очекува во кутијата да има нешто!"
Девојчето го погледнало со насолзени очи и рекло:
- "Тато, но кутијата не е празна. До врв ја наполнив со бакнежи само за тебе"
Таткото занемел. Клекнал пред ќерката, ја прегрнал и ја замолил да му прости. До крајот на својот живот ја чувал кутијата покрај својот кревет и секогаш кога се чувствувал изгубено или тажно, ја земал, ја отворал, вадел од неа еден бакнеж и се сеќавал на љубовта која ќерка му ја ставила внатре.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...
Развој на плодот во третото тромесечје
Третото тромесечје од бременоста е последната етапа од патувањето до з...
Работа, семејство и време за себе
Усогласувањето на работата и семејниот живот е еден од најголемите пре...
Зошто е важна хидратацијата за здравјето?
Водата е еден од најважните предуслови за правилно функционирање на ор...
Совети за полесен живот и подобро ментално здравје
Секојдневието често носи многу обврски, очекувања и предизвици, поради...