Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Но, многу од овие високохранливи продукти содржат додаден шеќер.
Дури и кога малото дете јаде наводно урамнотежена храна, во неа и понатаму се наоѓа доста шеќер. Она што морате да го направите е да го намалите внесувањето на шеќер кај вашето дете, а во тоа ќе успеете со помош на овие совети:
- Не дозволувајте да ве излаже името на производот. На списокот на состојки шеќерот се изразува во грамови – што често не е лесно да се забележи. Имајте на ум дека количина од 4 грама одговара на 1 полна лажица.
- Обрнете внимание на називот на “природните” засладувачи, како што е пире и концентрат од јагоди, кои обично се наоѓаат во кроасани или кекси со овошно полнење. Станува збор за преработен шеќер, но со друг назив.
- Мислете на мали порции. Кога му сервирате сладолед на детето, нека биде тоа во мала чинија – во филџан за кафе или во чаша.
- Научете ги децата да бидат пребирливи. Можете на детето да му давате колачи како награда, но тоа нека биде само еднаш дневно. На пример нека биде чаша овошен јогурт, или сладолед по ручекот, но едно и друго не заедно. Вие сте личноста која ќе ги стави благото на вистинско место во менито на вашето дете.
- Избегнувајте преработени производи. Колку е поголем степенот на контрола над она што го јаде детето, толку подобро за него и за вас. На пример една порција цереалии со чоколадо може да содржи и до 13 гр. шеќер. Многу е посигурно сами да направите цереалии (на пример купете овесни снегулки, или експандирани зрна ориз, а потоа засладете ги со двојно помала количина на шеќер или мед.
Шеќерот се додава на наизглед здрави продукти, како што се тие со намален процент на маснотија, или со интегрални зрна жито. Француската векна од интегрално брашно може да содржи до 8 грама шеќер, што е за шест грама повеќе од белата француска векна. Споредете ги производите од различни производители, за да го најдете оној со најмал процент на шеќер.
Правете компромиси. Исфрлањето на засладени цереалии од исхраната на детето, само ќе му ја зголемат желбата да ги јаде. Затоа допуштете му да ги јаде, но само ако не ги измеша со цереалии без шеќер.
Избегнувајте да му давате на децата зашеќерени газирани пијалоци. Исфрлете го течниот шеќер од секојдневниот живот, така што ќе го поттикнете детето само да прави сокчиња. На пример можете да измешате некој густ сок со мала количина кисела вода и така ќе направите здрав пијалак, со двојно помала количина на шеќер, во однос на купечкиот сок.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?