vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Тие би направиле сè за своите најмили, па понекогаш дури и би измислиле некој совет, кој и да не е сосема точен, на крајот од денот му носи добро на нивното малечко.

Родителите ќе измислат сè само за нивните деца да јадат и да бидат здрави. Но, дали сите нивни совети се точни?
Вистината зад советите од родителите:
Замислете, не се чувствувате добро, плус, ви е скратено вашето најголемо задоволство.
Но, сладоледот не ја влошува состојбата на пациентот, а може дури и да ја подобри. Тој ја намалува болката во грлото и поради калориската вредност му дава енергија на ослабениот организам.

Оваа теорија родителите мораа да ја смислат поради мрзеливоста на децата. На децата им е навистина здодевно да ги плукаат семките, па ги голтаат.
Вистината е дека нема да ви израсне растение лубеница во организмот и семките природно ќе ги исфрлите од организмот за 2-4 дена. Сепак, може да ви направат проблеми со гастроинтестиналниот тракт.

Кај децата кафето ќе го има истиот ефект, како и кај возрасните. Ќе им ја подобри концентрацијата и будноста.
Но, пиењето кафе пред 14-годишна возраст може да има несакани ефекти врз неоформениот нервен систем, на хормоните и на намалување на нивото на калциум во телото. Па, така пиењето кафе навистина влијае негативно на растот на децата.

Овој совет го обожаваат децата, па дури го практикуваат и кога ќе станат возрасни.
Ништо страшно нема да се случи ако ја изедете паднатата храна, но треба да знаете дека времето минато на земја не е одлучувачко. Ако има бактерии на земјата, а има насекаде, тогаш тие за помалку од 5 секунди ќе се најдат на вашето паднато парче храна. Тие веќе ќе бидат на него, без разлика колку брзо вие да го кренете.

4
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Нега на кожа со флеки и пигментација
Темните дамки на кожата се чест проблем кој може да се појави по излож...
Цицање палец, утеха, навика или потреба?
Цицањето палец е една од најчестите навики кај бебињата и малите деца....
Кога да започнете да му читате на бебето?
Можеби звучи рано, но со читањето не мора да чекате бебето да почне да...
Цвеклото е коренест зеленчук кој лесно може да стане дел од балансиран...
Што да направите кога детето е мета на исмејување?
Кога детето ќе стане мета на исмејување, навредување или потсмевање, р...