|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Зборовите на тато имаат поголема моќ!

Редакција Рингераја, 18.2.2014
Татко кој ја УНИШТИ општествената дефиниција за убавината! Ова е совршено!
Клучни зборови:

image
/11


 

 

Др. Кели Фланиган, клинички психолог и среќен татко на три деца, има фантастичен блог, полн со прекрасни мислења и лични совети. Тој редовно и пишува писма на својата најмала ќерка, за да и помогне да научи повеќе за светот. Од неговите мудри зборови, корист може да имаат сите женски деца.

 

Малечка моја,

Го пишувам ова седејќи во блискиот трговски центар, во делот за шминка. Еден пријател неодамна ми кажа дека овде се чувствувал како во едно од најпознатите угнетувачки места на светот, па сакав да дознаам што значи тоа.

И сега, бидејќи седам овде, почнувам да се согласувам со него. Зборовите имаат моќ, а зборовите во овој дел за козметика имаат длабока моќ. Зборовите и фразите како што се:

 

Незаборавно згодна

Нескршлива

Беспрекорна завршница

Брилијантна сила

Течна моќ

Одете гола

Корекција на годините

Инстант враќање во младоста

Изберете го вашиот сон

Речиси гола

и

Природна убавина

 

Кога ќе имате ќерка ќе почнете да реализирате дека таа е исто така силна личност, како и останатите во куќата – сила на која може да се смета, душа со ист оган и страсти како и секој друг човек. Но седејќи во ова место, ќе почнете да сфаќате дека повеќето луѓе не ја гледаат на тој начин. Тие ја гледаат како убаво лице и тело за уживање. И и' велат дека треба да изгледа на ист начин како овие длабоки и влијателни зборови и изрази.

Но токму тие, зборовите имаат голема моќ и можеби е време зборовите на тато да почнат да се натпреваруваат со зборовите на светот. Можеби зборовите на тато се тие кои ќе ја извлечат ќерќата од овој вртлог на институционализиран срам и ќе и вдахнат длабоко и непоколебливо чувство на сопствената достојност и убавина.

Зборовите на тато не се различни зборови, туку зборови со радикално различно значење:

 

Брилијантна сила. Твојата сила може да не биде во твоите нокти туку во твоето срце.  Можеби центарот на силата е различен и иако осамено и плашливо, сепак со упорност може да му помогне на светот да биде подобар.

Избери го својот сон. Но не од полицата на стоковна куќа. Најди некое тивко место во себе. Всушност сонот потекнува оттаму. Откриј што сакаш да направиш и кога ќе го избереш својот сон, биди верна на својата цел и извршувај ја со интегритет и надеж.

Гола. Светот сака да ја симнеш облеката од себе.  Те молам, имај ја на себе. Но извади ги ракавиците. Удирај со гола рака. Кажи го она што ти е во срцето. Биди ранлива. Ризикувај. Сакај се себеси. Направи го тоа исконски, отворено, со ни малку срам.

Неизбежна. Те молам биди константно, неизбежно свесна дека неизбежност не постои. Таа е измислена од луѓето кои се заинтересирани за твојот паричник. Ако одлучиш да бараш совршенство, можеш да го најдеш во неизбежниот сјај на својата душа и во душите на сите околу тебе.

Корекција на годините. Твојата кожа и твојата младост ќе исчезнат, но духот не доживува старост. Тој секогаш ќе знае да игра и да ужива во единствената дадена шанса – животот.  Секогаш спротивставувај се на стареењето на твојот дух.

Беспрекорна завршница. Твојата завршница нема никаква врска со тоа како твоето лице изгледа денес и како ќе изгледа на последниот ден од твојот живот. Токму твоите години се подготовка за тој ден.  Ти посакувам да бидеш исполнета со благодет со секоја следна година, со многу мудрост и љубов, доволно голема за да го прегрнеш целиот свет. Твојата  беспрекорна завршница  нека биде во мирната прегратка на некој кој го сакаш, а твојата љубов нека биде подарок за оној кој знае да те почитува и слави.

 

Малечка моја,

Сега ти се допаѓа се' што е розово и цветно и секако дека ќе разберам ако еден ден и шминката ти стане важна. Но те молам да ги запомниш овие зборови, кога секоја вечер ќе си го поставуваш прашањето: “Каде си најубава?”. Зборови толку светли кои можат да покријат СЕ и без коректор:

 

Каде си најубава?

Во внатрешноста.

 

 

Од моето, за твоето срце,

Тато

 

 

Dr.Kelly Flanigan

 

1

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Краток водич: Како да ја одржуваме облеката?
Знаеме ли што значат симболите на етикетите?
13
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
3
Научете го синот да биде џентлмен
Вашиот син – културен и воспитан дечко со кој се гордеете. Еве неколку совети за родителите на момчиња
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?