Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Дамите се жени кои водат грижа за своето однесување и имаат обзири кон другите. Нивната облека е секогаш чиста и убава, што не значи дека треба да биде скапа. Тие се нежни, одмерени, грациозни и мили, а нивното однесување е синоним за жена. Дамите имаат беспрекорни манири и не се злонамерни во односите со другите.
Се поставува прашањето како девојчињата стануваат дами. Најверојатно ги одраснала мајка која и самата е таква.
Иако не постои ништо лошо во тоа што некои девојчиња не сакаат како мали да носат фустанчиња и розева боја, што на фудбалските игралишта се подобри од многу момчиња од своето друштво и што побрзо би играле војна отколку принцези, девојчињата се сепак девојчиња и еден ден ќе пораснат во жени.
Затоа треба да им се објасни дека треба да бидат горди на тоа што се и никогаш да не заборават на сочувството, разбирањето, самопочитта и коректниот однос кон другите, како и тоа дека облеката не го прави човекот, туку само допринесува за подобар прв впечаток.
Дознајте како можете да му помогнете на своето девојче еден ден да стане дама:
Бидете добар пример
Најдобар начин за да го научите вашето дете да биде вистинска млада дама е и вие да се однесувате така. Децата учат според модел и ако вашата ќерка види дека и вие се однесувате и облекувате како дама, голема е веројатноста и таа да тргне по вашите стапки.
Внимавајте на зборовите
За секоја дама е важно однесувањето, а тоа подразбира и изговорените зборови. Тоа не значи дека треба да се воздржувате само од пцуење, туку и од озборување и обраќање некому на начин кој би можел да се смета за непристоен и злонамерен. Треба да се спомене дека тука спаѓа потценувањето на туѓиот авторитет. Навиките и образецот на однесување се формираат на самиот почеток на животот, затоа внимавајте на секој збор.
Облека за дами
Облеката не го прави човекот, но ако обрнете малку повеќе внимание на облеката наменета за девојчиња во бутиците, ќе забележите дека тоа не е облека за малечките дами. Детските фустанчиња, панталони и кошули, претставуваат мала верзија на облеката која ја носат возрасните и често тие парчиња облека се неприкладни. Затоа внимателно размислете кога купувате. Најважно од се е облеката на девојчето секогаш да биде чиста и соодветна на временските услови.
Горда на својата женственост
Во денешно време жените можат да бидат силни независни и со голема самодоверба и да ја задржат својата женственост. И самите знаеме дека шармантните и грациозни жени оставаат силен впечаток. Затоа охрабрете ја да биде грациозна и љубезна во секоја ситуација.
Поработете на нејзините ставови
Ставовите кај малите деца се формираат рано, заради што е важно да разговарате со нив сериозно и да им помогнете да изградат коректен став, пред да биде предоцна. Дури и ако вашето девојче е најубаво и најнамирисано на светот, никој нема да го забележи доколку е непријатно и негативно.
Однесувајте се внимателно
Духот на едно дете најлесно се нарушува со грубост. Секој родител мора да знае дека грубоста не дава резултат. Доколку вашето девојче сака да облече валкан фустан, објаснете и зошто тоа е лоша идеја, наместо да и го земете фустанот од раце и да ја расплачете.
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?