|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Развојни фази на детскиот ракопис

Мр. логопед Светлана Трнинкова, 15.8.2020
Почеток е на нова учебна година а наставниците, стручните соработници и логопедите треба да пренесат некои основни сознанија како ќе ја проценат зрелоста на еден ракопис за соодветна возраст
Клучни зборови:

image
/11


Процесот на пишување е во најтесна врска со нервната и мускулната структура на детето, е тие со во полн развоен процес токму кога детето со поаѓање во училиште почнува да се описменува, во домашни услови или во училиштето. Како созреваат неуро мускулните структури кои ја извршуваат работата пишување пред се со  доминантната рака лева или почесто десна, така и обликот на буквите, запазување на редот, ракописот во целина го менува својот изглед. Прв научник кој се бавел со проценување на зрелоста на ракописот бил Ажириагера и ги следел децата на рана школска возраст при усвојување на латиницата. На основа на опсежни испитувања тој изработил скала за проценка на зрелоста на ракописот која модифицирана за кирилското писмо и ден денес се користи од стручните лица дефектолози реедукатори и логопеди. Таа е составен дел  и инструмент во општата дефектолошка дијагностика која треба да се следи, не само овој тест туку и сите други пред изработка на денешниот ИОП-индивидуален оперативен план.

Како долгогодишен логопед но и ологофренопедагог вклучена во воспитно образовниот процес на децата со лесна попреченост, истакнувам дека пред секој ИОП, најсериозно треба детето да се тестира со поголем број на тестови од општата дефектолошка дијагностика. Само така ние можеме да кажеме дека сме изработиле релевантен ИОП според можностите и способностите на детето и од таа позиција ќе тргнеме и продолжиме. Ситуацијата во оваа состојба е специфична токму за време на оваа Ковид-19 криза.

Секое дете кое тргнува на училиште минало прелиминарни тестирања кај педагошко- психолошката служба. На многу  ќе им биде потребно следење од дефектолог и логопед. Тука ќе треба да биде и тесна и непосредна врската со родителите и наставниците. Многу од тестовите ќе треба да ги спроведе и родителот. Но со добра и взаемна корелација резултите никогаш не изостануваат. Еве еден практичен пример е Гудинав тест на цртеж на човечка фигура. Му се дава задолжение на детето да нацрта човек по негов избор дали ќе е дете, мајка, татко. Тоа црта самостојно. Тоа што ќе го нацрта, односно анализата на цртежот ја дава корелацијата на менталната возраст споредена со календарската. Преку овој единечен пример сакам да се долови колку е важна деталната општа дефектолошка дијагностика пред да се изработи ИОП. Пред да го спроведеме овој тест за проценка на зрелоста на ракописот, со добро дефинирана и прецизна латерализација и доминантна латерализација на раката, во склад со доминантноста на око, уво, нога. Скалата за проценка на зрелоста на ракописот има 30 особености – ајтеми. Составена е од 2 дела. Првите ајтеми –описи се карактеристики и опишувања не почетен несозреан детски ракопис кои ќе бидат карактреристични за секое дете во почетните фази на совладување на техниката на описменување. Имаме 14 одбележувања (F1 do F14). Скалата понатаму продолжува со оние видови на опишување на ракописот кои се сметаат за отстапување или лоши облици на ракописи. Инфалтилни малформации-(М15 до М30)-.И кога ќе го опишуваме ракописот на детето ќе се обидеме да ги забележуваме детските облици и детските малформации - изобличување или отстапување од нормалата. Но исто така ги откриваме и лошите облици типични за детските ракописи кои не соодветствуваат со нормалата и со возраста. Значи со овој тест се открива недозреан ракопис  како последица на недоволно вежбање на стекнување на одредена вештина, или пак лошо стекната вештина како резултат на несозреаност на психомоторниот спрег кој е важен во процесот на пишување, мозок, мускули, тонус централни и прериферни нерви и  стабилизирање на доминантноста на  рака со која ќе се пишува .

 

РАЗВОЈНИ ФАЗИ ВО СОЗРЕВАЊЕТО НА ДЕТСКИОТ РАКОПИС ВО РАНА ШКОЛСКА ВОЗРАСТ

Покрај веќе опишаниот тест за проценка на зрелоста на ракописот сметам за доброто на родителите, пред се за нив е да се запознаени со фазите на развитокот на детскиот ракопис како би знаеле кога во даден момент ќе се запрашат дали е се  во ред со моето дете или не е. Кога првачето ќе тргне на училиште и ќе седне во училишните клупи во тек на обучувањето тој го следи моделот на ракописот на наставникот. Доминираат кругчињата во буквите малку изменети или не до крај завршени бидејќи едноставно сеуште не се спретни физиолошки за толкава совршеност според календарската возраст.

Значи –КАЛИГРАФСКА ФАЗА –во развојот на ракописот кај детето во прво одделение, без свој личен стил и отпечаток, безличност.

Многу е важно дека вниманието на детето е насочено во совладување на техниката на пишување, сеуште води борба и е неспретно во користењето на приборот за пишување. Целото внимение е свртено кон ракописот, како и дали правилно ќе ги напише буквите, а не како средство за комуникација. Полека со вежбањето калиграфската фаза се надминува. Пишува како што пишува на таблата наставникот и се става и подредува на потребата на комуникација и пренесување на порака. Доаѓа до индивидуализација на ракописот. Ќе има индивидуални малформации на ракописот, но никако не дизграфичен и ќе потраат се додека не се стабилизира фазата на ЛИЧЕН ГРАФИЧКИ ОДРАЗ НА РАКОПИСОТ. Индивидуализацијата на ракописот започнува од 9 година и може да потрае во текот на целиот пубертет. Кога вршиме проценување на зрелоста на ракописот на децата во одделенска настава тоа го изведуваме најпрво преку препишување, диктат, а нај на крај слободен состав.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што е булинг?
Булингот е секоја форма на непосакувано и агресивно однесување во училиштата, кое не застанува таму, туку продолжува да ...
6
Забраните и детето
Како да го научиме детето да ги почитува забраните? Дали зад неговата непослушност стои наша грешка?
4
Што кога детето се плаши од фризер?
Викање, плачење и тргање се најчестите “несакани ефекти”, кога родителите ги носат своите деца за потстрижување во фризе...
4
Ведрана Рудан со поддршка на Северина
Северина доби огромна поддршка по судската одлука нејзиниот син Александар да живее со неговиот татко Милан Поповиќ. Меѓ...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?