|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Која е разликата помеѓу паметна и мудра мајка?

Редакција Рингераја, 15.12.2014
Среќни се децата со паметни, интелигентни мајки. Овие мајки се за пример на генерацијата како треба да се бори во животот, како се апсорбираат знаењата и навиките, како се успева во професијата

image
/11


 

Се разбира, ако не се претворат во паметен, но заморен учител, од кој ти здосадило. Вистинската корист доаѓа кога кон интелигенцијата се придодаде и мудрост. Има ли разлика во двата концепти? Се разбира.

Паметната мајка чита и знае многу за одгледувањето на детето и го применува. Мудрата мајка знае дека сè што е напишано во книгите не се однесува за нејзиното дете, бидејќи тоа е уникатно и не треба да се внесува во клишеа.

Паметната мајка веднаш ги забележува грешките на детето и често му вели "нели ти реков". Така таа сака да го научи да не ги повторува грешките што е добар пристап, под услов да не се прави демонстративно. Мудрата мајка знае дека со грешките човек се учи, па затоа ќе го поддржи и охрабри детето, а понекогаш ќе се направи дека не забележува, за да не му наштети.

Паметната  мајка се обидува да биде добра за сите членови на семејството, се однесува внимателно кон нивните проблеми. Мудрата мајка создава топлина и атмосфера во домот и сите се чувствуваат удобно.

Во кризни моменти паметната мајка веднаш ги презема работите во свои раце и ги учи децата како да живеат. Мудрата мајка суптилно ги насочува во вистинската насока, оставајќи ги да мислат дека се борат со сопствени сили.

Ако на детето не му оди математиката на пример, паметната мајка ќе седи со него цела ноќ и ќе решава задачи. Мудрата мајка разбира какви се можностите на детето и прави сé што е можно да се развива во она што умее и сака. Не е задолжително тоа да е математиката.

Паметната  мајка веднаш го води детето на лекар, дури и ако детето се жали на незначителна болка. Мудрата мајка оценува кога навистина има потреба од преглед, за да не го направи детете хипохондрик, кој постојаното виси пред лекарските ординации.

Паметната мајка не се меша во животот на возрасните нејзини деца, не им дава несакани совети, не се меша во воспитувањето на внучињата. Мудрата  мајка ќе ги остави сами да стекнат животно искуство, но ќе им биде потпора во секоја ситуација.

Паметната  мајка ќе ги наметне своите позиции при спор со своите деца, сметајќи дека е во право, бидејќи има повеќе искуство и знаење. Мудрата мајка умее да сослушува, да коментира со своите деца и дури да си го промени своите ставови, ако децата се во право.

Паметната  мајка често сака да ги промени децата. Мудрата мајка се менува себеси, а децата ги прифаќа такви какви што се.

Паметната  мајка смета дека нејзините деца ќе бидат среќни ако се успешни. Мудрата мајка  знае дека тие ќе бидат успешни ако се среќни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Враснат нокт кај деца
Враснатиот нокт или медицински познат како онихокриптоза е честа појава кај деца која предизвикува непријатност и понеко...
4
Кашлица кај малите деца
Кашлицата кај малите деца е чест и често вознемирувачки симптом кој може да ги исплаши родителите, но не секогаш укажува...
4
Ах, тие свекрви !
“Едно време какви лоши свекрви имавме, а сега колку лоши станаа снаите...”
3
Зошто девојчињата треба да спортуваат?
Зошто девојчињата да спортуваат? Ќе речете за да бидат физички активни, и ќе бидете во право. Да се забавуваат? И тоа е ...
3




Анкета

Najubavo zensko ime
love22

pomognete

Teodora (33%)

Ema (32%)

Angela (31%)

Mimi (4%)


Број на сите гласови: 153

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!