vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
За да остане здрава, еластична и млада, кожата бара многу повеќе од креми и лосиони, бара грижа и одвнатре. Тука на сцена стапуваат витамините.
Во продолжение ви ги откриваме најважните витамини кои играат клучна улога во заштитата и обновата на кожата.
Витамин А – чуварот на регенерацијата
Овој витамин е клучен за клеточната регенерација. Помага во обновата на оштетените клетки, ја намалува појавата на акни и го изедначува тенот. Во дерматологијата, ретинолот кој форма на витамин А често се користи за третмани против стареење и пигментации.
Го има во: моркови, сладок компир, спанаќ, јајца и црн дроб.
Витамин Ц – антиоксиданс против стареење
Овој витамин е моќен антиоксиданс кој ја штити кожата од слободни радикали, кои предизвикуваат оштетувања и предвремено стареење. Исто така, витамин Ц ја стимулира продукцијата на колаген, протеинот што ја одржува кожата цврста и еластична.
Го има во: цитрусни овошја, црвена пиперка, киви, брокула и јагоди.
Витамин Е – природен заштитник од сонце
Познат како „витамин на убавината“, витамин Е ја штити кожата од оштетувања предизвикани од УВ зрачењето и ја задржува влагата. Кога се комбинира со витамин Ц, нивното дејство е уште поефикасно.
Го има во: бадеми, сончогледови семки, авокадо, растителни масла.
Витамин Д – витален за кожната бариера
Иако е најпознат по својата улога во здравјето на коските, витамин Д е исто така важен за имуниот систем на кожата. Негов дефицит може да биде поврзан со состојби како егзема или псоријаза.
Го има во: масни риби, жолчка од јајце, но се обезбедува и со изложување на сонце (15-20 минути дневно).
Б-комплекс – поддршка за сјајна и смирена кожа
Особено витамините Б2 (рибофлавин), Б3 (ниацинамид) и Б7 (биотин) го подобруваат изгледот на кожата, ја намалуваат иритацијата и црвенилото и го поддржуваат здравиот сјај. Биотинот, на пример, често се користи и за нега на кожа, коса и нокти.
Ги има во: житарици, јаткасти плодови, јајца, банани, месо.
Витамините се тивки сојузници во борбата за здрава и заштитена кожа. Без нив, дури и најскапите козметички производи имаат ограничен ефект. Балансираната исхрана, користење суплементи каде што е потребно и здрави навики се основата на природната убавина што доаѓа одвнатре.
Негувајте ја кожата како што заслужува, хранете ја со вистинските нутриенти и ќе ви возврати со свежина, сјај и младешки изглед.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Закана од предвремено породување
Предвременото породување е породување што започнува пред навршени 37 н...
Треба ли да ослабнете пред да планирате бременост?
Кога се планира бременост, често се поставува прашањето дали прво треб...
Дали мултивитамините влијаат врз забременувањето?
Кога планирате бременост, природно е да се запрашате дали мултивитамин...
Редовни контроли и следење на мајката и бебето
Бременоста е период исполнет со убави моменти, но и со многу промени в...
Како телото реагира на бременоста?
Бременоста е многу повеќе од растење на стомакот. Од моментот кога ќе ...