|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Ќерко моја, не носи марки. Биди марка!

Ingrid Divkovic, 27.10.2015
Кој би рекол дека ќе дојде време кога на жените ќе им биде поважно што носат на себе, отколку во себе. Не сум исклучок. Има денови кога се чувствувам дека повеќе вредам, ако вредам во туѓите очи...
Клучни зборови:

image
/11


 

Не можам и не сакам да им судам на оние кои живеат за потврден одраз во огледало. Од такви судии бегам. Пуштам секој да ги шие своите конци. Не се плеткам во телата и душите на луѓето. Не останува на мене да и аплаудирам на едноставноста, а да се кријам во кичот и лажните фасади.. Ќе дојде тоа, полека, полека. Само по себе. Доаѓаат некои нови огледала. Оние во очите.

Нека се испроба се. Нека се потроши се. И тоа се на некои е ништо. Ефтино, скапо. Со етикета или без неа. И црна вреќа за ѓубре на некои жени добро им стои. На некои жени, навредете се колку сакате, не им стои ни најскапата бунда на светот. Ама бундата е бунда, а вреќата за ѓубре е вреќа за ѓубре. Кога ќе видиш скапа бунда, не гледаш уморна, загрижена жена со престилка која со едната рака лупи компири, а со другата рака му го брише носот на расплаканото дете. Гледаш жена. Најдобрата нејзина верзија.  Нејзе и е добро само кога туѓите усни ќе се насмеат кога ќе ја погледнат. Тоа е алиби за нејзината убавина. На купот привид доаѓа уште еден куп.

Не ја бараат сите убавината во нас, туку на нас. Додека е убавината во прашање, не ни е важно дали ја бараат во нас или на нас.

 

Со денови размислував за девојките кои седеа до мене. Тоа беше пред десетина дена. Две девојки од по деветнаесет години. Од црните, лакирани Louis Vitton торби ѕиркаа скриптите за факс. Идентични торбици. Идентични девојки. Мобилните им вибрираа, доволно големи, доволно сјајни. На футролата пишуваше Chanel. Ги гледав. На едната и се размачка маскарата. На другата не и беше галје. Бидејќи ако и беше, немаше да дозволи другарката да има голема црна дамка од маскарата на носот. Вака имаше. И дамка и долги црвени лакирани вештачки нокти, кои не беа во состојба да фатат чаша макијато, а тоа да не изгледа поприлично смешно. Мислам за една млада дама. На двете усните, освен со дупла доза никотин, им беа исполнети со црвен кармин.

Ги гледав доволно долго за да сфатам дека бараат внимание. Потврда за своето постоење. Цена која не беше закачена на нивниот врат. Но како да беше. Бидејќи тоа се гледа. Тоа се чувствува. Жените тоа го покажуваат, а не се свесни.

 

Се што оди има цена.

Се што дише има вредност.

Предметите не дишат, ако случајно сте заборавиле...


Се сетив на себеси во своите деветнаесетти. Прва година на факултет. Имав многу. Поточно она што ќе ми го позајмеше постарата сестра. И она што можев да си го купам сама. Да барам од родителите пари за гардероба? Не ми паѓаше на памет. Заради воспитувањето и ситуацијата. Владееше парола:  “Снајди се сам...”

Неретко ги гледав сите тие прекрасно облечени девојки. Се гледав себеси додека ги гледав нив. Дали им завидував? Можеби. Не дека јас немав ништо. Но немав ниту се. Не се сеќавам на детали, но се сеќавам дека една маица ја носев на 101 начин. И тоа дека ми велеа (веројатно сличните на мене) дека имам стил и дека сум многу креативна. Е да. Се сеќавам (иако не би сакала) на една ситуација која ме дотолчи и ми покажа дека има богати луѓе, посиромашни од просјак.

 

Нејзините очи и поглед вперени во мене. Ми се обрати ставајќи кармин на усните и рече:

“Доаѓаш облечена во тоа со нас? Немаш ништо ново? Некој оригинал? Нешто со потпис...?”

“Немам. Но што му фали на ова? Ново е...”

“Му фали цена драга. Цена на потписот. Тоа е знак колку вредиш...”

 

Ако некогаш сум се чувствувала бедно и ефтино, тоа беше тогаш. Сепак тоа чувство траеше кратко. Нешто ме оттргна од бедата која ме допре од нејзините усни. Нешто ме разбуди. Или таа? Таа ме разбуди? Доволно силно за нејзе и нејзините оригинали да ги отерам во онаа работа. И да и се заблагодарам на лекцијата која ја сфатив дури по неколку години подоцна...

Бидејќи и лекциите доаѓаат кога мораат, а не кога ние го сакаме тоа.

 

Ќерко моја, не носи марки. Биди марка.

Рече, прегрнувајќи ме после таа лавина осуди. Ти благодарам мајко.

Твоите зборови одѕвонуваат, секој пат кога ќе ги погледнам тие лица со туѓи имиња. Тие робови кои никогаш не се свои.

...

А денес? Не. Не носам познати марки. Не затоа што не можам да си дозволам, туку затоа што не ми е дојдено до нив. Ако имам некое парче со потпис, најверојатно сум го добила како поклон. Прескржава сум на себе. Жал ми е да дадам 5,000 денари за торбичка или чевли. Или заради тоа што во животот ми се поважни некои други работи, книги, патувања, слики, некои мои ситни радости...Се сетив на мајчините зборови, како да се вчера изговорени “Ќерко моја, не носи марки. Биди марка.”

Вчера. Денес. И утре ќе биде исто. Да се завртиме околу себе. Во светот во кој живееме се' се сведува на надворешниот изглед, имиџ. Во крајна рака, она што е на нас. Погледнете ги жените кои не опкружуваат. Пријателки, познанички. Повеќето од нив се скапо облечени, по последна мода. Иако времето е полошо од било кога. Во меѓувреме сите зборуваме за внатрешната убавина, која е незамислива без торбички и чевли од позната марка. Колку лицемерно. Често пати некои познанички ме прашуваат: “Што е ова што го носиш? Прекрасно е. Чие е?” Јас велам: “Мое”. Ама не, мислам која марка? Одговарам “Ничија. Ако е на мене, моја е...”

Мислам дека за некои луѓе ќе вредев повеќе ако носев Chanel или Luis Vitton. На такви луѓе не сакам ни да им вредам.

И не, не мислам дека е грев да се има пари, да може човек да си дозволи убави работи, да се грижи добро за себе, да биде негуван, дотеран, да се облече по последна мода и да ужива. Не мислам. Навистина. Само мислам дека е грев да се живее само за тоа. Да им се турка тоа на луѓето под нос и уште полошо, да се вреднуваат луѓето исклучиво врз темел на она што го имаат на себе...

 

Всушност, жената која живееше заради модата во една прилика кажа.

“Модата не е прашање на облека. Модата е во воздухот, родена над ветрот. Морате да имате интуиција за неа. Таа е на небото и на улицата.” Coco Chanel

Фала ти Коко. Би се задржала на небота, на улица ми е претесно.

И уште нешто за крај. Жената не ја издава ништо повеќе од долната облека. Тоа открива многу повеќе од илјада торбици. А скриено е од љубопитните погледи. Која прекраснотија.

Треба да знаете да живеете. Повеќе во својата кожа, помалку во туѓите очи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Највисоко ниво на хигиена за вашето семејс...
Пролетта редовно ја дочекуваме со планови, меѓу другото, за генерално чистење на домот со кое дефинитивно ќе и кажеме зб...
11
Северина во секси издание во спотот за Ита...
Северина е Thelma, а Ана е Louis во спотот за песната Италиана. За разлика од нив, тие нема да завршат во провалија туку...
4
Разговараме со нутриционист Ирина Георгиева
Дебелината е еден од почестите проблеми со кои се соочуваме. Таа сама по себе е непријатна, а не ретко повлекува сериозн...
4
Совети за трајни локни
Кадравата коса и женствите локни се меѓу најпознатите фризури за новогодишната ноќ. За жал, понекогаш локните ја губат...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?