Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Избегнувањето на конзумирање на овошје и зеленчук кои се најмногу третирани со пестициди, е чекор до поздрав живот. Купувањето на органски производи денес е скоро невозможно, бидејќи такви производи скоро и да не се достапни на нашите пазари.
Шведските научници докажаа дека инсектицидите, фингицидите и регулаторите за раст на билките можат да се акумилираат во телото на децата и возрасните.
Меѓутоа, ако само две седмици не внесуваме во организмот храна која е загадена со пестициди, нивото на овие токсини во нашето тело паѓа на нула.
Најтретирани овошја и зеленчуци, на кои најмногу треба да се внимава при миењето се:
Јагоди
Јаболка
Кајсии
Праски
Целер
Грозје
Цреши
Спанаќ
Домати
Чери домати
Краставици
Пиперки бабури
Тестирањето на поединечни врсти јагоди покажало дека се прскани дури со 17 различни пестициди, додека грозјето и пиперките со 15 врсти пестициди.
Доколку не сте во можност да јадете органска храна, или сами да ја произведувате истата, ви препорачуваме 4 начини врз основа на кои можете да ги измиете овошјето и зеленчукот од пестициди.
Миење со ладна вода
Истражувањата покажале дека 70-80% од пестицидите може да се отстранат од овошјето и зеленчукот само со ладна вода. Битно е добро да го триете овошјето и зеленчукот под млаз ладна вода. Исто така мора да обрнете внимание на пукнатините и добро да ги измиете (на пример јаболкото околу дршката), бидејќи тука најмногу се задржуваат пестициди.
За да се отстранат пестицидите од овошјето и зеленчукот, мијте ги најмалку 30 секунди под млаз вода.
Раствор од сол и вода
Во 4 чаши топла вода растворете две лажици сол. Во тој раствор ставете го овошјето/зеленчукот и оставете го да отстои 30 минути. После тоа измијте ги со млаз ладна вода. Овој раствор може да ги уништи јагодите па не се препорачува за нив.
Раствор од вода и киселина
Во сад ставете вода и киселина во сразмер 2:1. Во тој раствор ставете го овошјето/зеленчукот и оставете го да отстои 30 минути. Потоа измијте го под млаз ладна вода.
Домашен спреј
Во распрскувач ставете една чаша вода, 2 лажици киселина и 1 лажица сок од лимон. Испрскајте го овошјето/зеленчукот, почекајте 30 секунди, па измијте го под млаз ладна вода.
Истражувањата покажаа дека е најдобро лупење на овошјето/зеленчукот (ако е тоа можно). На пиперките и доматите отсечете им ги оние делови околу дршката.
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Инфекции на уринарниот тракт кај деца
Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции в...
Во која недела најчесто се случува спонтан абортус?
Спонтаниот абортус најчесто се случува во раната бременост, особено во...
Здрав почеток на денот - протеински појадоци за доилки
Периодот на доење бара дополнителна енергија, но и квалитетна исхрана....
Прво шишање, први чевлички, прва четка за заби
Првите „мали“ моменти во животот на детето често носат големи прашања ...
Хидратација во бременост. Колку вода е доволно?
Во текот на бременоста, потребата за течности се зголемува бидејќи тел...
Капење бебе.
пеперутка16
Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)