|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да развеселите тажно дете?

Редакција Рингераја, 3.6.2013
Понекогаш децата се натажуваат, без за тоа да постои видлива причина, или не таква која возрасните ја разбираат. Тоа кое за возрасните е малку важно, за детето може да биде од големо значење и да го растажи

image
/11


 

 

Не е добро да го оставите детето да се справи само со својата тага. Тоа ќе се справи со тагата, но со многу напор, а може и да стигне дотаму да се затвори во себеси и да се изолира од врсниците и од родителите.  

Не го оставајте детето долго да тагува. Ако Ви е нејасна причината, не се двоумете долго време и преземете мерки, за да ја вратите насмевката  на лицето на детето.

Понекогаш родителите сметаат дека премногу ќе го разгалат детето ако му обрнуваат преногу внимане. Се разбира, треба да се прави разлика меѓу каприц и сериозен проблем кој длабоко ја потресува душата на детето.

Времето во кое детето смета на Вас и во Вас гледа личност која може да му ги реши сите проблеми, поминува многу брзо.  Не е неопходно да пројавувате излишна строгост за незначајни работи. Ако детето плаче бидејќи сте му забраниле да игра со омилената играчка, не го лишувајте од тоа задоволство. Не го понижувајте пред пријателите и врсниците бидејќи тоа ќе му создаде сериозни комплекси, кои можат да се продлабочат.

 

Многу е лесно да се развесели едно тажно дете:

-        Прво што треба да направите е да клекнете до детето. На тој начин ќе ја израмните возраста, бидејќи кога детето гледа нагоре се чувствува нелагодно.

-        Прашајте го што го натажило, прегрнете го и кажете му дека се ќе биде во ред. Не заборавајте дека за детето сте возрасна личност, која може апсолутно се.

-        Дури и ако нештата изгледаат лошо, тоа ќе Ви поверува и тоа веднаш ќе се одрази на неговото расположение. Не смеете да го лажете детето, туку да го убедите дека ќе направите се за да ставите крај на ситуацијата.

-        Друг начин да го расположите е да му го свртите вниманието кон нешто друго. Расположете го на некаков начин. Кај помалите деца тоа е полесно. Доволно е само да покажете нешто интересно и повремено да заборави на проблемот.

-        Кај поголемите деца работите се малку потешки. За детето кое веќе чувствува  дека пораснало, важно е да почувствува дека може да смета на Вас. Затоа постапете како да сте му најдобар пријател, а не родител. Дури и на направило белја, застанете на негова страна. Поддржете го и во најлудите  идеи, но посочете му ги грешките. И она кое што е најважно, поминувајте повеќе време со него.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Омилените фрази на тато
Ти мислиш дека јас сум банка? Работата не убива! Да ти кажат да скокнеш од мост би скокнал/а ли? ... и други слични мудр...
4
Пневмонија кај малите деца
Пневмонијата е сериозна, но честа респираторна инфекција која може да ги погоди и најмалите, особено децата од 1 до 5 го...
3
Разлика меѓу нашето и детството на нашите ...
Како на децата им се зборуваше порано, а како им се зборува денес?
3
Крај за пелените
Преодот од пелени кон користење на тоалет е голем чекор во развојот на секое дете и голема радост за родителите.
3




Анкета

Кое име вие се допаѓа најмногу ?
kikus02

Кое име вие се допаѓа најмногу ?

Атанас (4%)

Матео (17%)

Лука (28%)

Никола (31%)

Павел (8%)

Димитар (12%)


Број на сите гласови: 134

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!