|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како најбрзо да изнервирате новопечена мајка?

Jasmina Katinski, 3.10.2014
Навистина и тие станаа мајки! Ги шетаат своите дечиња по улица и главни се! Се смешкаат задоволно и среќни се!

image
/11


 

Откако станав мајка и се дружам со мајки, забележав дека постојат шаблони и изјави со кои со брзина на светлината можете да и ја симнете насмевката од лицето на една задоволна мајка. Еве го списокот, во случај да ви затреба

 

Немаш млеко/слабо ти е млекото

Реченицата која се однесува на количината и квалитетот на млекото е полн погодок. Со неа нема промашување – имате 100% ефект кога треба мајката на тоа мало бебе да ја срамните со земјата. Уште подобро ќе делува ако притоа ги пофатите нејзините гради додека загрижено вртите со главата и изговарате ц, ц, ц...

 

Гладно е

Оваа изјава оди рака под рака со претходната, но нејзината предност е што може да се користи и подоцна, кога детето ќе почне да јаде цврста храна. Посебно е ефектна кога детето плаче и не може да се смири – тогаш треба да ја повторувате на секои пет минути, со загрижен израз на лицето.

 

Ладно му е

Како една мајка би можела да знае како да го облече своето дете? Секако дека навреме треба да и го посочите тоа. Ефектот ќе биде најдобар ако не и се обратите на самата мајка. Игнорирајте ја неа. Загрижено и мило допрете ги рачињата и ножињата на детето и прашајте го: “Па тебе мама не ти облекла чорапчиња?” Истото повторете го и за капата, јакната, џемперот. Ефектот е загарантиран.

 

Како не гледаа нас, па што ни фали?

Истакнувањето на генерацискиот јаз и недостатокот на новите методи е секогаш делотворн начин кога сакате да изнервирате една мајка. Осбен акцент ставете на “Што ни/ви фали нас/вас?” Притоа не оставајте простор кутрата мајка да ви одговори  бидејќи – што разбира таа?!

 

Не го навикнувај во раце

Предупредете ја новопечената мајка навреме дека ова бебе завиткако во пелени, е всушност манипулатор, кој ќе и го загорчи животот доколку го навикне на прегратки и нежности. Бидејќи има ли поголема казна од држење во раце на сопственото дете?!?!?!

 

Е сега едно братче/сестриче да ти роди мама

 Бидете внимателни. Оваа реченица има најдобар ефект доколку се изговори непосредо по породување, најмногу до еден месец. Бидејќи жената не сака да слушне ништо друго освен предлогот да го повтори веднаш истото искуство.

 

Ова беше забрзан курс за почетници.

За напредно ниво можете да користите реченици како:

Уште не зборува/оди/прави оригами? Мојот малечок тоа го правеше беспрекорно на 4 и пол месеци.

Има неполни два месеци и уште не сте го ставиле на нокшир?! Доцните!

Уживај додека е мало, подоцна ова ќе ти недостасува.

 

Уживајте во гледањето на изнервирани лица. Јавете се да ни кажите дали советите делуваат.

 

Извор: Carapice

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто градинките не треба да личат на учил...
Градинката е првото место каде детето се соочува со организирана средина надвор од домот. Но нејзината цел не е да биде ...
15
Кои деца се доцни прозборувачи?
Деца на возраст од 2-4 години кои е развиле говорни вештини, а при тоа немаатдијагностицирано неможност, развојни отстап...
4
Игри за поттик на интелегенцијата кај децата
Општо познато е дека периодот од раѓањето до седмата година е период на најинтензивен раст и развој на детето, како во ф...
3
12 најубави посни салати
Велигденските пости започнаа. Ви предлагаме 12 рецепти за убави посни салати
3




Анкета

Секс.
пеперутка16

После сексот со сопругот, ти?