Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Оваа година некако од зима веднаш претрчавме во топло време и многу дожд. Сето тоа доведе до експлозија на вегетацијата. Сепак, стигнаа и многубројните уништувачи на уживањето во природа, а крлежите и комарците се први на листата на крвопијците.
Зошто крлежите го сакаат топлиот период од годината?
Крлежите живеат во зеленило, обично во тревата и на дрвата. Затоа ги има во пролетните месеци, но нивниот број значително се зголемува кон крајот на мај и почетокот на јуни. Нивни биолошки резервоари се глодарите кои навистина ги има многу, па крлежите преку нив се шират неверојатно брзо.
Крлежот е крвопиец кој напаѓа се' што ќе му се најде во близина, а има кожа богата со крвни садови – покрај децата и луѓето, вистинска радост за крлежите се домашните миленичиња.
Како доаѓаат крлежите до децата?
Омилено место за престој на крлежите е високата трева, но со задоволство можат да се искачат и на високи места. Затоа ги има и на дрвата, од каде што паѓаат на децата, па не треба да не чуди што се закачуваат во главата и вратот.
Секој кој чува домашни миленичиња, треба редовно да ги контролира кучињата и мачињата, да ги пронаоѓа и елиминира крлежите. Тоа е многу важно, бидејќи детето може да “закачи” крлеж во игра со миленичето. Освен тоа, постои ефикасна заштита на животните од непријатните крвопијци, па така успешно се штитат и децата.
Дали боли кога ќе Ве касне крлеж?
За жал НЕ боли!
Би било добро ако заболи, бидејќи веднаш би знаеле дека крлежот е во акција, па полесно би го извадиле. Кога крлежот ќе стигне на кожата, тој бара место кое најмногу му одговара за оброк, а во моментот кога ќе го гризне детето (или возрасните) тој испушта една супстанција која има улога на локална анестезија, па не чувствуваме ништо! Тоа секако му одговара на крлежот, бидејќи така може да остане незабележан и да продолжи непречено да се храни.
Како да постапите кога крлежот ќе се закачи во кожата на детето?
- Крлежот мора да се отстрани од кожата! Тоа е најдобро да се направи во некоја од здравствените установи, или во најблиската амбуланта. Скоро секоја амбуланта има едноставни инструменти со кои многу брзо, скоро безболно, може да се извади крлеж. Ако сте далеку од амбуланта земете пинцета, фатете го крлежот и полека извлечете го од кожата. Тоа е навистина важно, бидејќи ако нагло го тргнете од кожата, во неа можат да останат главата и пипките со кои крлежот се закачил. Навременото вадење на крлежот драстично ги намалува шансите за болест. Проблемот е што не знаеме колку долго крлежот поминал на кожата пред да го забележиме.
- Не го “опијанувајте” крлежот со алкохол или бензин, бидејќи тогаш навистина ќе му стане лошо и ќе ги поврати бактериите кои предизвикуваат болести.
- Имајќи во предвид дека преку крлежите може да се добие и тетанус, педијатарот ќе препорача адекватна антитетанус заштита. Ако детето е редовно вакцинирано, нема да има потреба од ваква заштита.
- Бидејќи секој трет крлеж е заразен со Борелија, најефикасна превенција е детето да добие антибиотик, со што ќе се спречи можноста за развој на Лајмска болест. Најдобро би било извадениот крлеж да се однесе во лабораторија, каде ќе се провери дали е заразен, па потоа да се пристапи кон евентуална антибиотска терапија.
Како да спречите крлежот да дојде до детето?
Невозможно и потполно неоправдано е да им забранувате на децата да играат во природа. Еве неколку совети за забавата да биде безбедна:
- Треба да избегнувате висока трева како место за играње. Затоа тревата во дворот треба често да ја косите.
- Би било идеално зелените површини во кои децата си играат да ги запрашите со инсектицид, кој ефикасно ги убива крлежите.
- Теоретски, добро е децата да носат долги панталони или тренерки, со што на крлежот ќе му биде потешко да се закачи за нив.
- Најдобра заштита е користењето на репеленти (растерувачи на инсекти), кои се нанесуваат на кожата и воопшто не и пречат. Тоа може да помогне и во оддалечување на комарците.
- По ден поминат во природа, задолжително прегледајте ја детската кожа и тоа најдобро пред туширање. Притоа задолжително прегледајте ја и косата.
Извор: NajboljaMamaNaSvetu
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Интервју со Маја Митрова, Маи Реи, холистички терапевт
Се посветувам на споделување знаења и техники за исцелување, саморазво...
Чекорење напред! Детски чевли со оптимално вклопување
Интервју со Дипл. бизнис економист (БА) Тристан-Себастијан Ниче, изврш...
Правилен избор на детски чевли
Најважната фаза во развојот на детските стапала е од раѓање до приближ...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Што ве чека во првите три месеци од бременоста?
Доаѓањето на бебето комплетно ќе го промени вашиот начин на размислува...
Тежина за време на бременоста.
пеперутка16
Дали се здебеливте за време на породувањето? Колку?