|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да се спречи циркуларен кариес на детските заби?

Натусана, 8.1.2023
Совети од д-р Зорка Чрчева-Димовска, ортодонт

image
/11


Млечните заби, иако се менуваат, имаат многу важна улога во растот и развојот на целиот дентофацијален систем. Доколку се расипат или прерано се изгубат, настануваат несакани последици врз трајните заби, а најчесто тоа е недостиг на простор за нивно правилно сместување.

Циркуларниот кариес на млечните заби е типичен за најраната детска возраст.

Овој тип кариес се шири кружно околу вратот на млечните заби, пред с? на предните горни запчиња. Во почетокот на забите се забележува промена на бојата на глеѓта, но за кратко време пребојувањата преминуваат во вдлабнувања кои ја зафаќаат целата коронка на запчето.

Главна причина за појава на циркуларен кариес е долготрајната изложеност на млечните заби на висока концентрација на шеќер. Ова се случува доколку детето заспива со шише со млеко, сок, засладен чај или често во текот на денот или ноќта консумира засладени или млечни напивки (млекото треба да се комбинира во состав на главни оброци) или, пак, консумира ужини кои се лепливи, т.е. меки и благи.

 

Како може да се избегне појавата на циркуларен кариес?

 

Пред с?, најважна е добрата орална хигиена. Родителите треба добро да се грижат за хигиената на забите и на устата на децата.

- Од раѓање до појава на првите млечни заби, устата на бебето треба да се чисти со газа навлажнета со вода по секој оброк, а тоа е особено важно пред спиење.

- Штом ќе се појават првите заби, треба да се почне со нивно четкање двапати дневно, најдобро после појадок и навечер пред спиење.

Во однос на навиките во исхраната, за забите на вашето дете да бидат што помалку изложени на шеќери препораките се следни:

- детето да не заспива со шишенце со млеко или засладена напивка;

- доколку детето цица цуцла, таа да не се потопува во мед или сок;

- одбегнувајте ги во текот на денот честите благи ужини (како што се бонбони, колачи, кекси);

-  природните сокови и другите напивки да се консумираат во текот на оброците, а помеѓу оброците изборот да биде вода.

 

 Создајте им корисни навики на децата додека се мали

 

- Првата посета кај стоматолог би требало да биде помеѓу втората и третата година. Доколку имате какво било сомнение за состојбата на забите на детето, тогаш обратете се на вашиот стоматолог и порано.

- Многу е значајно вашиот стоматолог да направи комплетен преглед и да ве советува за здравјето на забите на вашето дете.

 

Д-р Зорка Чрчева-Димовска

специјалист по ортодонција

ПЗУ DENTAL CARE Скопје

070821 274

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колапс, синкопа или губење на свеста
Кризата на свеста претставува застрашувачко искуство за родителите – повеќето од нив имаат црни мисли за епилепсија, или...
4
Безбедни на сонце
Летните денови носат радости како игра на отворено, базени и одмори, но истовремено носат и ризик од топлотни заболувања...
3
Детето има испакнати уши. Како да се испра...
Испакнатите уши се извор на непријатност не само кај децата, но и кај возрасните. Ако бидат преземени мерки навреме, пр...
3
Фото: Запознајте го најзгодниот татко на И...
Ласкавата титула "Најзгоден татко на Инстаграм" ја носи италијанскиот моден блогер и дизајнер, а штом ја видите пр...
3




Анкета

Dali?
Jana9

Dali vaset_o dete odi na balet?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!