Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
За среќа, иако тантрумот изгледа засрамувачки, на сите родители им се има случено и сите разбираат дека децата го избираат најлошото време. Тоа не значи дека треба само да стоите таму и да го гледате вашето дете како еруптира. Постојат тајни начини како да ги неутрализирате дури и најголемите тантруми.
Завртете му го вниманието
Пред да ја напуштите куќата во торбата ставете предмети кои децата ретко ги гледаат. Кога детето има тантрум покажете му ја играчката, книгата, боенката, за да му го свртите вниманието. Кога тантрумот ќе запре, можете смирено да разговарате за целата ситуација. Разговарајте со смирен тон и повторете му на детето како треба да се однесува додека е на јавно место. Никако не е добро да го оставите детето во лошо расположение, да викате по него, или да го тепате. Почекајте бурата да помине, па потоа разговарајте трезвено со детето.
Почнете да се смеете
Кога вашето дете ќе почне да глуми, тоа очекува негативна реакција од вас. Секогаш кога на тантрумот ќе реагирате со за него неочекувано однесување, мозокот на детето ќе ја преиспита ситуацијата и ќе ја префрли од емоционално на рационално ниво. За време на тантрумот ваша работа е да го натерате детето да размислува рационално и логично. Тоа ќе се случи при правилен сплет на околности. Смеењето за време на тантрумот е оној скок кој му треба на детето за да ги смири емоциите и да почне да ве слуша.
Друг бенефит од смеењето е што останатите ќе видат дека не губите контрола. Ако ви е важно што мислат другите, смеењето дава слика дека сте добро расположени и дека умеете да ја контролирате ситуацијата. Доколку изгубите контрола останатите ќе мислат дека сте некомпетентни и импулсивни.
Воспоставете систем на стимулации, а не на мито
Митото има лоша репутација кај родителите, а за тоа постои добра причина. Поткупот за добро расположение го расипува карактерот на децата. Како и да е, вие може да воспоставите систем на стимулации, за да го спречите детето да добие тантрум. Ако му ветите на вашето дете наутро дека после ручек ќе одите во парк, може да го повлечете ветувањето за време на тантрум.
Сепак, не ја преминувајте линијата меѓу повлекување на ветувањето и заканите. Никогаш не му се заканувајте на детето со телесна казна. Вашиот најдобар залог за подобрување на соработката нека биде взаемната доверба и почитување.
Премногу родители се плашат од тантруми на децата во јавност, па токму затоа тие се толку чести. Децата ја насетуваат вашата несигурност и тантрумот им е солиден план за да ве стават под контрола. Следниот пат кога ќе се соочите со губење контрола на детето во јавност, обидете се со некој од овие тајни техники, за да видите дали ќе функционираат. Обидувајте се додека не утврдите која техника функционира.
Ако имате сопствен начин на смирување на тантрумите на детето, советувајте ги другите родители со коментар на оваа статија.
Извор: familyshare.com
5
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како да го пронајдете својот животен повик?
Во одреден момент од животот сите нас нe допира пронаоѓањето на сопств...
Реакција на бебето при воведување дохрана
Воведувањето дохрана е една од фазите во првата година од родителствот...
Што кога детето сака Facebook профил?
Социјалните мрежи одамна не се „место за возрасни“. Денес, децата уште...
Како кафето влијае на бременоста?
Кафето е омилен пијалак на милиони, но кога ќе дознаете дека сте бреме...
Да бидете сакани такви какви што сте
Има нешто што сите длабоко го посакуваме, а тоа е да бидеме сакани точ...