Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Сепак, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да му помогнете на вашето немирно малечко да се смири.
Дозволете му да си игра
Кога детето не може да биде мирно во ситуации во кои се бара од него да биде мирно, можеби едноставно му е здодевно. Децата со предучилишна возраст може да седат мирни само неколку минути, освен ако е во прашање некоја песна или приказна која им е привлечна. Но, ако вашето дете се издвојува од останатите, зборувајте со учителот за да му помогнете да се смири. На пример, може да ви звучи контрaпродуктивно, но само мала физичка активност може да му помогне да се фокусира. Се предлага на детето да му биде дозволено во одредени ситуации да држи некоја играчка, пример топче за стрес, па дури и на училиште. Други примери се да му дозволувате на вашето дете да џвака сламки или пластични лажички, да го земете во скут, дозволувајќи му да скока горе-долу додека се смири.
Кога некаде треба да седите, но не е моментално потребно да се обрнува внимание на одредено нешто, на пример во ресторан, со себе земете нешто што ќе му го одземе внимание и ќе го држи зафатено, на пример сликовница.
Излезете надвор!
Бидејќи движењето на децата им помага подобро да го задржат вниманието, колку се тие поактивни (заедно со здрава исхрана и добар сон), толку подобро. Играта на отворено го стимулира производството на серотонин и допамин, два клучни невротрансмитери за внимание, фокус и контрола на импулсите.
Идеално, децата треба да поминуваат најмалку еден час дневно на отворено. Само 30 минути тренинг, на децата им помага многу подобро да обрнуваат внимание на час. Ако сте во можност, непосредно пред моментот кога треба вашето дете да се фокусира на нешто, излезете и бидете активни. Што ќе правите не е толку важно, се додека вишокот енергија е исфрлен.
Бидете трпеливи
Ако вашето дете не може да остане мирно, до тој степен да ги иритира неговите врсници со неговата еуфорија, да се доведува само себе во опасност, на пример без гледање да истрчува на улица полна со сообраќај, посетете го вашиот педијатар. Кога распонот на внимание и фокус не се зголемува со тек на време, може да е во прашање друг проблем. Врз основа на симптомите, вашиот лекар може да ве испрати кај педијатар, психолог, говорен патолог или професионален терапевт за темелна проценка.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...
Мајчино млеко единствената сигурна храна за детето
Мајчиното млеко не е само храна. Од првиот момент по раѓањето, бебето ...
Промени ја мислата. Промени го денот
Позитивното размислување на прв поглед звучи едноставно, а всушност ја...
Денес ќе зборуваме за моментите кога мислиме дека сме “паднале”.Тоа се...
Малите моменти во големиот процес на развој
Бебињата растат и се менуваат неверојатно брзо. Секој ден носи нешто н...