|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Како да бидам добра маќеа?!

Редакција Рингераја, 7.6.2011
Да се стане родител во мешано семејство, или да се стане сопруга на некој со деца може да биде голем предизвик.

image
/11


 

Ако никогаш не сте имале деца ќе добиете можност да го споделувате својот живот со помлада личност и да и помогнете да го обликува својот карактер. Ако и Вие имате деца ќе им понудите повеќе можности да изградат однос и да воспостават посебна врска која е можна само меѓу браќа и сестри.

Во некои случаи, членовите на новото семејство може да се зближат од самиот почеток, но во некој случај може да се очекуваат и потешкотии на патот. Додека ја пронајдете својата улога во новото семејство, настрана од одговорностите што доаѓаат со неа, може да доведе до конфузија, па дури и конфликт меѓу Вас и Вашиот партнер, Вашиот екс партнер или екс-сопругата на Вашиот нов партнер.

Иако не постои формула за создавање на совршено семејство, важно е да и се пријде на ова состојба со трпение и разбирање на чувствата на сите членови на новото семејство. Наведените упатства исто така може да Ви помогнат како да ги олесните работите и како да се прилагодите на новата состојба:

 

Започнете бавно

Првичната улога на маќеата е да застане на местото на жената која децата ја сакале најмногу. Вие можете да посакувате да воспоставите блиска врска веднаш и може да се прашувате што правите погрешно што децата на Вашиот сопруг не воспоставуваат близок однос со Вас или со Вашите деца толку брзо колку што сакате – но односите треба да растат со тек на време.

Почнете бавно и обидете се да не избрзувате со работите. Дозволете Вашиот однос да се развива природно – децата може да почувствуваат кога возрасните воспоставуваат лажен и неискрен однос. Со тек на време, Вашиот однос ќе се развива подлабоко и воопшто не мора да личи на односот кој децата го имаат со своите биолошки родители.

 

Фактори кои влијаат на Вашата врска

На децата кои ја жалаат загубата на едниот од родителите, или разделбата на биолошките родители, потребно им е време пред целосно да Ве прифатат како нов родител.

За децата чии биолошки родители се сеуште живи, преженувањето на нивниот татко може да значи крај на надежта дека нивните родители повторно ќе бидат заедно. Дури и ако новиот брак е неколку години по разделбата, децата често живеат со таа надеж уште долго време. Гледано од детска перспектива ова може да ги направи да се чувствуваат лути, повредени и збунети.

 

Други фактори кои можат да влијаат на прилагодувањето се:

  • Годините на децата. Кога станува збор за оформување на ново семејство и нови семејни односи помалите деца полесно се адаптираат од постарите.
  • Колку долго пред тоа сте го познавале децата. Обично, колку подолго ги познавате децата, толку подобра ќе биде Вашата врска.
  • Колку долго сте биле во врска со нивниот родител пред да стапите во брак. Повторно постојат исклучоци, но најчесто ако не влетувате пребрзо во брачните води, децата полесно ќе ја прифатат Вашата врска.
  • Во какви односи е родителот, со кој стапувате во брак, со неговата бивша жена. Ова е критичен фактор. Минимален конфликт, или отворена комуникација меѓу екс партнерите ќе направи голема разлика на тоа колку лесно ќе Ве прифатат децата за нивна маќеа. Многу е полесно доколку децата не слушаат негативни коментари за новиот родител.
  • Колку време децата поминуваат со Вас? Обидувајќи се да ги обврзете децата да бидат со Вас секој втор викенд, кога тие сакаат да поминат квалитетно време со нивните биолошки родители – може да биде тежок начин за воспоставување на Вашиот однос со детето. Ставете ги нивните потреби на прво место: ако децата сакаат повеќе време со своите биолошки родители, треба да го добијат. Отстапувајќи од правилата можете да го измазните патот кон подобар однос на подолг рок.

Знаејќи ги предвреме ситуациите кои можат да предизвикаат проблеми, треба да бидете подготвени, ако дојде до ескалација на конфликтите, да се справите со нив со екстра доза на трпение и благодат.

 

Како да станете добра маќеа?

Сите родители се соочуваат со некакви проблеми порано или подоцна. Но кога сте маќеа, или очув, на овие пречки се додава и фактот што не сте биолошки родител. Ова може да отвори фронт во рамките на семејството, без разлика дали е предизвикан од Вашите деца, или од децата на Вашиот партнер.

Кога времињата стануваат тешки, како и да е, ставајќи ги детските потреби на прво место секогаш ќе донесете добра одлука. Еве како:

  • Ставете ги потребите, а не желбите на детето во прв план. На децата им е потребна љубов и доследни правила над се друго. Давајќи им играчки или исполнувајќи ги нивните желби, особено ако тие не се заработени со добри оценки и добро однесување, може да доведе до ситуација кога децата ќе се почувствуваат дека тргувате со нивната љубов. Слично на тоа, ако се чувствувате виновни што Вашите деца ги третирате на поинаков начин од децата на Вашиот партнер, не купувајте им подароци за да го подобрите Вашиот однос. Обидете се децата да ги третирате подеднакво.
  • Куќни правила. Чувајте го куќниот ред што поконзистентен за сите деца, без разлика дали се тоа Вашите деца од сегашната, или претходната врска, или децата на Вашиот партнер. За малите деца и тинејџерите имајте различни правила, но важно е тие да не се прекршуваат од никого. Ова им помага на децата да се прилагодат на новата ситуација, да се преселат во нова куќа, или да му посакаат добредојде на новородениот член на семејството. Исто така помага да почувствуваат деца сите деца во Вашиот дом се третираат подеднакво.
  • Создадете нови семејни традиции. Најдете посебни активности кои ќе ги правите со децата на Вашиот сопруг, но не изоставајте да добиете и feedback. Некои нови семејни традиции може да бидат играње на табла ноќе, заедничко возење на велосипед, готвење, или играње на игри со зборови после семејниот ручек. Клучот на успехот е во добрата забава, во спонтаната игра. Освојувајте ја љубовта на децата спонтано. Децата се паметни и брзо ќе дознаат ако се обидувате принудно да воспоставите врска со нив.
  • Почитувајте ги сите родители. Кога биолошката мајка на децата е почината, важно е да се биде чувствителен и да се почитува таа личност. Ако Вие и Вашиот партнер го делите старателството со биолошките родители, обидете се да воспоставите љубезна и сочувствителна интеракција едни со други (без разлика колку тешко тоа може да биде!). Никогаш не кажувајте лоши работи за биолошкиот родител на децата пред нив. Ниедно дете не сака да слушне како неговите родители се критикуваат, дури иако детето Ви се жали Вам за врската со нив.
  • Не го користете детето како гласник, или посредник. Обидете се да не го прашувате детето што се случува во другото семејство – така ќе се навреди и ќе почувствува дека треба да го шпионира другиот родител. Секогаш кога е можно, комуницирајте со родителот на детето за важни работи, како што се планирање на посета, здравствени проблеми, или проблеми на училиште.

 

Без оглед на околностите во Вашето ново семејство, постојат шанси дека ќе има нерамнини на патот кон успехот. Не откажувајте се нештата да профункционираат за доброто на сите – дури иако работите Ви изгледаат тешки на почеток, тие ќе се подобрат со тек на време, кога ќе се запознаете подобро едни со други.

 

Извор: Kids Health

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Знаете ли кои се правата на вашето дете?
Никој нема право да ме купи или продаде! Имам право на игра! Имам право да имам мајка и тато! Ова се само некои од права...
4
Во овие моменти потребно ви е екстремно тр...
Постојат моменти кога, како родител, потребно ви е големо трпение. Всушност, тоа е секој ден. А потоа, постојат моменти ...
4
20 работи кои само сестрата ги разбира
Таа е една и единствена. Не можете да ја замените. Со вас е и во добро и во лошо. Постојат и ситуации кога ве доведува д...
4
6 работи кои не ве прават лоша мајка
Постојат општо прифатени норми кои општеството сака да става и еден од нив секогаш е тоа да си лоша мајка - да го остава...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?