vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Често се поставува прашањето, зошто всушност е потребен закон за детски права како дополнување на законот за човековите права, раководејќи се од фактот дека во Општата Декларација за човековите права од 1948година јасно се нагласени правата на мајката и детето и посебната помош и поддршка за нив. Пример член 25 точка 2 гласи: "Сите деца уживаат иста социјална заштита". И воопшто: Децата се луѓе затоа човековите права се однесуваат и за децата.
За жал, искуството покажува дека токму децата се ставаат во зависност и немоќ при тешки ситуации и судбини. Тие немаат никакво лоби. Некои примери од сеуште катастрофалната состојба во која се наоѓаат децата се доволни:
Над 2 милиони деца загинале во последните 10 години за време на војни.
10 милиони деца се со тешки психички последици како резултат на војната.
30 милиони деца живеат во области во кои се водат војни.
Во 26 земји во светот деца под 15 години стануваат војници.
Ако понатаму се потсетиме дека безброј деца се погодени од глад, недостаток на медицинска услуга, сексуална експлоатација, детски труд и многу други работи, станува јасно дека е потребно да се посвети поголемо внимание на посебните потреби на децата и младите.
БОРЕТЕ СЕ ЗА ДЕТСКИТЕ ПРАВА!
6
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Мали нешта што можат да донесат голема радост
Не секогаш ни се потребни големи промени, скапи подароци или посебни п...
Што треба да знаете пред да започнете да трчате?
Трчањето е една од најдостапните форми на физичка активност. Не ви е п...
Вечерно јадење и килограми. Што е вистината?
Дали сте слушнале дека јадењето по 18 или 20 часот неизбежно води до з...
Како исхраната влијае на појавата на акни?
Акните се еден од најчестите проблеми со кожата и можат да се појават ...
Како правилно да ја негувате косата секој ден?
Убавата и здрава коса не бара секогаш скапи производи или комплицирани...