|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јогата - метод за владеење со стресот

Јога сојуз на Македонија, 5.8.2010
Владеењето со стресот претставува динамичен процес што се состои од вложување лични напори насочени кон нас самите или ориентирани кон надвор, со цел да се справиме со внатрешните барања или со барањата на средината, како и со конфликтите меѓу нив.

image
/11


Реакцијата на стресот е комплексен одговор на организмот, кој вклучува одредени психофизиолошки промени, промени во расположението, во однесувањето, но и во квалитетот на когнитивните функции. Вообичаено е во стресни ситуации да се јават тензија во мускулите, потење, вкочането држење на телото, главоболки, болки во вратот или стомакот, зголемување на крвниот притисок, да се забрза работата на срцето, а дишењето да стане брзо и плитко. Се чувствуваме вознемирени, незадоволни, раздразливи, се самообвинуваме или сме непријателски расположени кон другите. Може да се јави и чувство на анксиозност, страв, лутина, негирање, депресивно расположение и слично. Постојано се чувствуваме преморени, ни се намалува интересот за другите луѓе, потешко се концентрираме, слабо помниме, поради што и креативноста и работната продуктивност ни опаѓаат.

 

ШТО ЗНАЧИ ВЛАДЕЕЊЕ СО СТРЕСОТ? 

Во обидот да се справиме со сопствените доживувања најчесто прибегнуваме кон неправилна исхрана, физичка пасивност, зголемено консумирање на цигари или алкохол и, за жал, уште повеќе си ја влошуваме здравствената состојба, но и менталната и емоционална состојба, како и квалитетот на животот во целина.

Истражувањата покажале дека реакцијата на стресот многу повеќе зависи од тоа како ние субјективно го проценуваме стресниот настан отколку од неговите објективни карактеристики  дали го гледаме како неутрален, како предизвик или како штетен и загрозувачки. Понекогаш дури и самото очекување на настанот може да биде еднакво, па дури и повеќе стресно од самиот настан. Освен тоа, особено важна е и процената на сопствените можности и способности за справување со новонастанатата ситуација.

Владеењето со стресот претставува динамичен процес што се состои од вложување лични напори насочени кон нас самите или ориентирани кон надвор, со цел да се справиме со внатрешните барања или со барањата на средината, како и со конфликтите меѓу нив. Справувањето може да значи надминување, толерирање или намалување на барањата кои се поставуваат пред нас, но и одржување на позитивната слика за себе и добрата емоционална состојба, како и одржување на добри социјални односи.

 

КАКО  ЈОГАТА ГЛЕДА НА СТРЕСОТ? 

Гледано од аспект на јогата, ниту еден настан во нашиот живот не се проценува веднаш како позитивен или негативен, добар или лош. Напротив, вредноста и значењето на секој настан произлегуваат од неговата моќ да го трансформира човекот. Секоја ситуација во која се здобиваме со некој позитивен квалитет и која претставува можност за духовен развој во суштина е добра и позитивна.

Стресот, од тој аспект, е дел од нашето живеење што треба да го прифатиме како поттик за напредок и можност да научиме нешто повеќе за себе и за животот. Правилното владеење со стресот во основа значи негово прифаќање како позитивна компонента на животот и пренасочување на енергијата кон што подобро разбирање и попродуктивно надминување на стресната ситуација. Од тој аспект, владеењето со стресот во јогата значи процес на трансформирање на стресот од негативен во позитивен и стимулативен, до стадиум кога веќе престанува да претставува стрес за нас. 

Со прифаќањето на стресот како нераздвоен дел од животот, умешноста за владеење со стресот станува неизбежен услов за одржување и унапредување на добрата состојба и на здравјето.

 

ДО ПОДОБРО ФУНКЦИОНИРАЊЕ СО ЈОГА

Позитивните дејства од практикувањето на јога произлегуваат како од директното влијание врз одредени психофизиолошки функции, така и од начинот на изведбата на јогиските техники. Бавната изведба на динамичните и статичните положби овозможува постепено загревање и отпуштање на целокупната мускулатура, ослободување на тензијата од телото, насочување на вниманието кон активната зона и постигање свесност за промените во неа. Еднакво важен елемент е и чувството на удобност во секоја положба, зашто движењата се лесни, но контролирани, со што се постигнува состојба на релаксираност и свесност во текот на целиот час.

Ваквата работа со телото резултира со зголемување на енергијата, подобрена циркулација на крвта, стимулирање на работата на ендокриниот и дигестивниот систем и урамнотежување на работата на нервниот систем.

Продлабоченото стомачно и градно дишење ги снабдува белите дробови со доволно кислород, врши масажа на внатрешните органи и ги смирува емоционалните состојби и работата на умот. Самото насочување на вниманието кон дишењето создава услови човекот да стане свесен за актуелната психичка состојба и за расположението што преовладува и постепено да навлезе во состојба на спокојство и релаксираност.

 

Навремената и континуирана состојба на отпуштеност на организмот претставува: 

  • предуслов за намалување на негативните ефекти од стресот,
  • услов за подобро расудување и соодветна процена на ситуацијата и на сопствените капацитети за справување со неа,
  • можност за развој на потенцијалите за владеење со стресот.  

 

Развојот на свесноста е една од основните цели на јогиската практика. Тргнува од една конкретна телесна положба при што се обидуваме да станеме свесни за сите моменти од нејзиното изведување. Потоа постепено се вклучуваат и внатрешните доживувања во тој краток и точно одреден временски период  постепено стануваме свесни за чувствата и мислите што и претходат на вежбата и ја придружуваат таа состојба или се предизвикани од неа. На овој начин развиваме комплетно набљудување и доживување на себеси.

На овој начин, со развојот на свесноста, во однос на стресот се создаваат можности за следниве резултати: 

  • откривање на изворите и препознавање на првите знаци на стресот,
  • запознавање на механизмите преку кои одредени настани стануваат стресни за нас,
  • подобро разбирање на сопствените реакции, чувства и процени,
  • разграничување на причините за стресот од неговите последици. 
 

 

Ритамот на напредувањето во јогата е индивидуален, а способноста за разбирање и моќта за разликување на нештата доаѓаат единствено низ личното искуство на практикантот. Во основа е потребен подолг временски период на редовна практика за постигнување на посуштествени резултати. Сепак, она што може да се постигне во период од 2-3 месеци е една свесна состојба на релаксираност и ослободување од физичката, но и од психоменталната напнатост, односно запознавање со сопствените потенцијали и со можноста  за нивно развивање.

Современите автори го толкуваат стресот како посебен однос на човекот со средината. Голем е бројот на лекари и психолози кои посочуваат на јогата како посредник во овој однос, токму поради нејзиниот основен принцип: да се биде “сега и тука”, постојано свесен и присутен во светот внатре и надвор од себе. Ако стресот е специфичен вид на “комуникација” помеѓу човекот и средината, тогаш себезапознавањето и запознавањето на светот околу нас можат само да ја облагородат таа комуникација, да ги намалат стравот и чувството на неспособност и немоќ и да ни ги откријат убавината на предизвикот и патот кон личниот напредок.

 

Катерина  Наумова, клинички психолог и инструктор по јога во Јога-сојузот на Македонија

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

SPIRULINA PACIFICA – суперхрана за трудниц...
Spirulina Pacifica е извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини на Б комплексот, комплетни протеини, гам...
6
Фотографии од породувањето на Емина Јаховиќ
Поп - ѕвездата Емина Јаховиќ неретко раскажува дека најубавиот и најемотивен момент во животот и е раѓањето на постариот...
4
Бијонсе повторно трудна?!
Бијонсе повторно во центарот на вниманието на медиумите: тукушто се врати на сцената, а во јавноста има гласини дека е п...
4
Топ 9 храни кои содржат фолна киселина за ...
Недостатокот на фолна киселина е еден од најчестите недостатоци на витамини.Фолатот (витамин Б9) е особено важен за врем...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?