Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Посетата на лекар во бременоста, како и анализите кои лекарот ќе ги спроведе, зависат од здравствената состојба на секоја жена, како и од состојбата на бременоста, така што многу се разликуваат. Некои жени често посетуваат лекар, додека некои ќе го посетат само 5-6 пати во текот на цела бременост. Според "Националниот водич за здравствена заштита на жената во текот на временоста", кај нормални бремености без компликации, освен првиот преглед на кој се потврдува бременоста, потребно е да се извршат прегледи и во 16, 24, 28. и 36. гестациска недела, како и ултразвучен преглед на првиот лекарски преглед, а потоа помеѓу 11. и 14. недела, 20. и 24. недела и 30. и 34. гестациска недела на бременоста.
Планот за посета и анализите кои треба да ги направите, најдобро ќе Ви ги објасни Вашиот гинеколог. Наша цел е да Ви дадеме список на сите вообичаени прегледи и анализи кои се прават во бременоста, но тоа не значи дека Вашите прегледи треба да одговараат на овој список. Кај ризични и проблематични бремености постојат и дополнителни анализи кои се спроведуваат по налог на гинекологот.
ПРВ ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
Општ преглед на трудницата
Телесна тежина и висина | препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја посета на лекар |
Мерење на крвниот притисок | препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар |
Преглед на рацете и нозете | преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик е нормално во бременоста) се препорачува преглед при секоја посета на лекар |
Гинеколошки преглед
Ултразвучен преглед | За одредување на гестациската старост на плодот |
Бимануелен преглед на внатрешните органи | |
Преглед под спекулум | Доколку има потреба |
Папаниколау тест | Доколку не е направен во претходните 3 месеци |
Лабораториски анализи
Ниво на hCG хормон (анализа на крвта) | Веднаш по првата посета на лекар (може да се направи и пред првата посета на лекар за да се утврди постоење на бременост, како дополнување на тестот направен дома) |
Одредување на крвна група и RH фактор (анализа на крвта) | Веднаш по првата посета на лекар |
Комплетна крвна слика, хемоглобин и седиментација (анализа на крвта) | Веднаш по првата посета на лекар |
Сифилис, HIV, Хепатит Б имунитет на рубеола и ако е потребно токсоплазмоза и цитомегаловирус (анализа на крвта) | Веднаш по првата посета на лекар |
Уринокултура (анализа на мокрача) | Веднаш по првата посета на лекар |
Анализа на шеќер (глукоза) и белковини (анализа на мокрача) | Веднаш по првата посета на лекар и по потреба |
ПЕРИОД ОД ПРВАТА ПОСЕТА НА ГИНЕКОЛОГ - ДО 13. НЕДЕЛА
Општ преглед на трудницата
Телесна тежина и висина | препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја посета на лекар |
Мерење на крвниот притисок | препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар |
Преглед на рацете и нозете | преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик е нормално во бременоста) се препорачува преглед при секоја посета на лекар |
Гинеколошки преглед
Вагинален секрет | Пред 9. гестациска недела |
Ултразвучен преглед | Регистрирање на срцева акција, мерење на нухалниот набор (меѓу 12. и 13. недела) |
Лабораториски анализи
Double test (анализа на крвта) | Анализа на крвта која проверува два маркери на Down синдром помеѓу 12. и 13. недела |
ПЕРИОД ОД 14. ДО 27. ГЕСТАЦИСКА НЕДЕЛА
Општ преглед на трудницата
(се препорачуваат редовни гинеколошки прегледи во 16. и 24. недела)
Телесна тежина и висина | препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја посета на лекар |
Мерење на крвниот притисок | препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар |
Преглед на рацете и нозете | преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик е нормално во бременоста) се препорачува преглед при секоја посета на лекар |
Гинеколошки преглед
Папаниколау тест | По 13. недела (доколку не е направен на првиот гинеколошки преглед |
Брис на хламидија, гонореа и генитален херпес | По 13. недела (доколку е потребно) |
Контрола на грлото на матката | (за да се утврди дали постои потреба од серклаж) околу 16. недела |
Вагинален секрет | Околу 16. недела |
Ултразвучен преглед | (анализа на развојот на плодот, можност за одредување на полот) Помеѓу 20. и 24. недела |
Лабораториски анализи
Tripple test (анализа на крвта) | (Проверува три маркери на ризик од Down синдром; се препорачува доколку не е направен Double test или ако резултатите на Double тестот се индикации за него) помеѓу 16. и 18. недела |
Комплетна крвна слика, хемоглобин и седиментација (анализа на крвта) | Околу 20. недела |
Уринокултура (анализа на мокрача) | Околу 20. недела |
ПЕРИОД ОД 28. ДО 40. ГЕСТАЦИСКА НЕДЕЛА
Општ преглед на трудницата
(се препорачуваат редовни гинеколошки прегледи во 28. и 36. недела)
Телесна тежина и висина | препорачливо е телесната тежина да се мери при секоја посета на лекар |
Мерење на крвниот притисок | препорачливо е да се мери при секоја посета на лекар |
Преглед на рацете и нозете | преглед на вените и отоците;(отекувањето во помал облик е нормално во бременоста) се препорачува преглед при секоја посета на лекар |
Гинеколошки преглед
Вагинален секрет | Околу 28. и 36. недела |
Ултразвучен преглед | Помеѓу 30. и 34. недела |
Брис на стрептокока група Б | Околу 36. недела |
CTG запис (отчукувања на срцето на на бебето | Од 36. недела на бременоста |
Лабораториски анализи
Комплетна крвна слика, хемоглобин и седиментација (анализа на крвта) | Околу 28. и 36. недела |
Тест за толеранција на глукоза (анализа на крвта) | Околу 28. недела |
Уринокултура (анализа на мокрача) | Околу 28. и 36. недела |
Тест на жолтица (Hbs Ag анализа на крвта) | Околу 36. недела |
РИНГЕРАЈА ВИ ПОСАКУВА УБАВА БРЕМЕНОСТ!
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?