|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Јас сум КУЛ МАЈКА ~ а можеш да бидеш и ти

Редакција Рингераја, 15.1.2015
Сите другарки на ќерка ми ми велат дека сум кул мајка. Ги правам најубавите забави за спиење, имам најкул нокти и различна боја на косата секоја недела...
Клучни зборови:

image
/11


 

Но има една работа...не се чувствувам кул. Чувствувам како да работам по цел ден, како да малку спијам и како никогаш да не сум цела. Никогаш.

 

Па која е мојата тајна? Како успевам сите овие деца да мислат дека сум кул мама?

  • Го правам тоа. Секако, да се направи забава за спиење со деца од 1-во одделение не е баш едноставно и ме излудува. Што ако децата  плачат за своите мајки и се измочкаат во кревет или исповратат врз мене? Сите овие три работи ми се имаа случено на последните забави кои ги организирав. Но заборавив и повторно ги поканив. Тие гледаа филмови, се скокоткаа, играа и поминаа прекрасни часови. Сега правиме најмалку 3 такви забави годишно, кои се апсолутно фантастични.

  • Не се препотувам за неважни нешта.  Па што ако креветите не се наместени и садовите не се измиени, пред да дојдат моите пријатели? Кому е грижа? Тоа само значи дека имавме повеќе време за боење на косата на мојата ќерка во боите на виножитото.

  • Зборувајте за шминкање и за виткање на косата. Ако имате девојчиња, дозволете им да експериментираат. Дозволете им да нанесат сами кармин на устата, во луд круг. Да, ќе изгледаат смешно, но ќе бидат среќни.

1

  • Споделувајте ги нивните хоби. Сега веќе и 9-годишните деца имаат акаунт на Инстаграм. Јас сум единствен родител кој ги следи и сум ги фатила како во коментар го оставаат нивното име и презиме, улицата на која живеат, како коментираат кога родителите им се дома и сите ги подучувам да не го прават тоа и да бидат поодговорни. Намерно играм игри и објавувам резултати, за да мислат дека сум една од нив, па ме чуваат на листата на следбеници.

  • Живејте го вашиот живот. Ако изгледате мизерно и никогаш ништо забавно не правите за себе, тогаш не сте кул личност. Затоа погрижете се да отидете на масажа, да го гледате вашето омилено шоу, или да изедете сендвич сами во паркот. Ако го направите тоа, децата  ќе знаат дека има работи кои ве прават единствена. Работи кои ве прават кул.

  • Доверба. Слушам што разговараат и никогаш не им префрлам после тоа. Само ако ги чувам нивните тајни ќе знам се.

 

Запомнете, вие сте кул мајка, затоа што сте своја. Не паничете, не викајте и запомнете дека вашите деца сакаат да мислат дека можете да ја дофатите месечината. Дозволете им!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Децата и стравот од летање
Летот со авион за некои деца може да биде вистинско возбудливо доживување, но за други вистински кошмар.
13
Ненасилно воспитување на децата
Насоки за ненасилно воспитување на децата
4
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
4
Мирис на ацетон од детската уста
Се работи за доста чест проблем на малите деца, а причините можат да бидат различни. Со тек на растењето симптомите се н...
4




Анкета

Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16

Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?