vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Според испитувањето, плодот го зголемува задоволството од сексот кај жените. Научниците пронашле врска помеѓу подобрената сексуална функција кај здравите жени и редовното секојдневно конзумирање на јаболка.
Научниците испитувале 731 здрави Италијанки на возраст меѓу 18 и 43 години. Сите учеснички биле замолени да посочат колку често консумираат јаболка и да раскажат за другите навики во исхраната. Потоа тие биле поделени на две групи - во едната група учесничките консумирале редовно јаболка со повеќе од едно на ден, а во другата група учесничките јаделе помалку од едно јаболко на ден.
Потоа учесничките биле замолени да одговорат на 19 прашања за сексуална активност, вклучувајќи ја фреквенцијата и целокупното задоволство и на тој начин бил определен индексот на нивната сексуална функција.
Било утврдено дека консумирањето на повеќе од едно едно јаболко на ден го зголемува индексот на сексуалната функција, што значи и зголемено задоволство од сексот. Научниците сметаат дека причината за тоа е дека јаболката ја содржат супстанцијата флоридзин, што е многу слично на женскиот полов хормон естрадиол. Тој игра голема улога за сексуалната возбуда.
3
3
3
2
забава Бремените
Автор: bobik
Колку време во просек е потребно за да забремените?
Кога ќе одлучите дека е време за бебе, секој месец може да изгледа как...
Имплантација. Кога започнува новата приказна?
Оплодувањето е само почеток. За да продолжи развојот на бременоста, оп...
Сексуалниот живот додека се обидувате да забремените
Кога желбата за бебе ќе стане дел од секојдневието, интимноста понеког...
Најчести митови за полот на бебето
„Ако стомакот е високо, ќе биде девојче“ „Ако мајката сака солено, нос...
Што има во чинијата на идниот татко?
Кога се планира бременост, грижата за здравјето не е само „женска рабо...