|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Избркајте ги детските стравови

Редакција Рингераја, 26.7.2012
Страв од мрак, страв од лекар, страв од напуштање...Помогнете му на детето да ги совлада своите стравови

image
/11


 

 

Замислете само со колку стравови се соочуваат малите деца додека чекорат низ светот на возрасните и се сретнуваат со се' што им е непознато. И нив, како и нас, им е потребна поддршка и разбирање. Дури и кога ни се чини ирационално, а понекогаш и смешно детето да бега од грмотевица, бабарога, чудовиште од плакарот, мрак, пајак...

 

Развојни стравови

Децата се раѓаат со страв од губење на подлогата и силен звук, а првиот развоен страв со кој се соочуваат е страв од одвојување кој се јавува меѓу 8. и 12. месеци. Затоа на мајките им се препорачува во тој период, дури и подоцна – додека бебето не наполни 16 месеци да не одат никаде без него на подолго време. Освен тоа препораката е (ако е можно) во тој период да не раѓаат второ дете бидејќи во тие месеци е најизразена анксиозноста кај децата.

Стравот од одвојување е посебно изразен во периодот на одење во градинка, но најчесто спонтано се губи кога детето ќе стане свесно дека родителите се враќаат по него, а дека вреето кое го поминува во градинка е исполнето со игра, смеа и забава.

Меѓу третата и четвртата година се јавуваат стравови од животни и имагинарни суштества. Како што се збогатува фантазијата, околу петтата – шестата година децата почнуваат да стравуваат дека ќе бидат киднапирани од вештерки и крадци... Околу шестата година може да се јави страв од смртта  и грижа за родителите.

 

Родителски грешки

Неразбирање, занемарување на проблемите и исмејување, се најчестите грепки кои ги прават родителите кога детето се соочува со своите стравови “Само кукавици се плашат од темнина”,   “Ти си голем/а. Не се плашиш сигурно од едно малечко маче?” – се само некои од погрешните начини на реагирање. Кога детето се плаши од вода, а родителите се упорни во намерата да го научат да пливаа, често се прибегнува кон насилно ставање во вода што може само да го продлабочи стравот. Објаснување: “Нема причина да се плашиш”, тоа не е од помош. Во нашата култура прилично се потенцира машката  храброст, па машките деца многу често се нарекуваат со погрдни имиња ако се плашат од нешто. Тоа може негативно да се одрази на нивната самодоверба, во подоцнежниот развој.

 

Стравовите можат да се совладаат низ игра

Играта за децата претставува забава која делува релаксирачки. Таму каде што постои  – на опуштеност нема страв, кажуваат психолозите. Таканаречената драмска имитација е еден од начините низ игра да владеете со ситуацијата  која на детето му изгледа опасно. Играјте игра на улоги – на пример бидете доктор и пациент. Ако детето се плаши од имагинарни суштества, можете од картон да направите маски чудовишта кои потоа ќе ги ставите на лице,, со што може да започнете весела игра.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Нова епизода на „Кој кого расте“
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија вонедела на 07.04.2013 во 10.20 ...
3
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
3
Детскиот проблем ставете го во нова рамка
Иако многу често она што за децата претставува ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ за нас може да изгледа СОСЕМА НЕЗНАЧАЈНО, никогаш ама нико...
3
Дали е добро детето да ги види родителите ...
Некои родители сметаат дека е добро детето да ги види голи, како добра воспитна вредност, за да се избегне “болната” љуб...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: