|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју:Др.Јелена Рашула,директор на Рингераја.рс

Барбара, Редакција Рингераја, 13.12.2010
Пријателството меѓу членовите на Рингераја ги поминува границите на виртуелното, па понекогаш членовите се дружиме и во живо, ги гушкаме луѓето кои се кријат зад аватарот и ги поврзуваме нашите семејства со пријателство...

image
/21


 

Кога започна Вашата приказна со Рингераја и во кој сплет на околности? 

За порталот Ringaraja.net во Словенија знаев со години, но никогаш не чувствував потреба да станам член. Мислев дека тоа е класичен портал на трудници и ништо повеќе од тоа. Штом дознав дека сум бремена, ја напишав својата прва порака на Рингераја. Беше тоа во декември, 2006 година, кога ми потврдија дека под моето срце чукаат две срца, помали од зрно ориз. Забременив со близнаци.

Набрзо сфатив дека Рингераја е многу повеќе од портал за трудници и дека го посетуваат корисници со разновидни профили. На порталот можев да најдам се, од рецепти за пилешко со кикирики, до упатства како да променам славина. Да не зборувам за содржините  за бременост и за календарот на бременост – сето тоа навистина ме фасцинира...

Во почетокот на 2008 година се сретнав со мојот добар пријател Јака Линдич, кој воедно е директор на компанијата Дану Д.О.О. Словенија – сопственик на Рингераја порталите во Европа. Зборувавме на разни теми, додека одненадеж не падна идејата: Рингераја се шири во Србија. Во Мај 2008 година го покренавме порталот Ringeraja.rs и така почна таа приказна...

 

Читајќи Ве, како корисник на Рингераја.рс дојдовме до заклучок дека сте се откажале од Вашата претходна работа за потполно да и се посветите на Рингераја. Што Ве водеше? 

Така е. Тоа беше многу лична и тешка одлука. Бев вработена во добра државна институција, како раководител на информатика. Не ми беше на крај на паметот некогаш да ја напуштам таа работа, бидејќи работев во струка и на позиција која обезбедуваше сигурна  иднина и финансиска стабилност за моето семејство.

Со тек на време сфатив дека е многу поубаво да направам нешто за себе и да допринесам во семејството на тој начин. Да се будам среќна. Да работам нешто што е мој хоби, а не работа, и да му се радувам на секој нов ден. Сопругот ме поддржа при промената на работата, а јас коментирав: “Мојата РАБОТА ќе се состои во тоа да се грижам за заедницата. Па тоа не е работа! Тоа е моја страст!” И така одлуката стана навистина едноставна.

 

Живеете во Словенија. Како успевате толку успешно да ја координирате работата на Рингераја.рс? Дали често патувате во Србија?

Морам да признаам дека и тоа беше своевиден предизвик. Фактот дека се породив во 2007 година не ми овозможуваше баш често да патувам во Србија, па бев приморана и по завршетокот на породилното боледување да ја организирам работата од дома. Јас секогаш велам дека сум родена како дете на интернетот, иако тогаш сеуште не постоеше, па најлесно ми беше да пронајдам соработници и да ги надминам сите други препреки на тој начин.

Што се однесува до форумот, модераторите секогаш ги наоѓав на порталот. Од далечина посматрав кој ми се допаѓа и кога ќе дојдеше таква прилика, се договаравме за соработка. Во септември, 2009 година ја регистриравме компанијата Дану Медиа Д.О.О Белград и координацијата на работата меѓу соработниците во Србија и мене во Словенија, доби потполно нова димензија. Почетокот беше тежок, но сето тоа беше олеснето со користењето на информациската технологија. При организацијата на работата ми помогнаа и неколку блиски членки од Ringeraja.rs, па би ја искористила оваа можноста да им се заблагодарам и да им испратам еден голем бакнеж.

 

Како би ја опишале својата улога на Рингераја?

Мојата улога на Рингераја се менува од ден на ден. Во Словенија работам на стратешки развој, што во превод значи дека ги знам сите мали и големи тајни за тоа како Рингераја ќе се развива во Европа, а и на локално ниво.

Во Србија мојата улога е поделена. На порталот сум “големата мајка” која го има последниот збор кога доаѓа до нови содржини, идеи, а понекогаш и решавање на конфликти. Се грижам за тоа порталот, на нашите корисници, да им нуди разновидни и квалитетни содржини и лицата во кои имам доверба добро да си ја извршуваат својата работа. Од друга страна, како директор на Дану Медиа Д.О.О се грижам за тоа вработените да бидат среќни и да ја сакаат работата која ја извршуваат, бидејќи верувам дека тоа е клуч на успехот на секоја компанија. Верувам во отворената комуникација и се обидувам да ги научам луѓето околу себе да разговараат и да бараат нови иновативни решенија.

 

Што е од клучна важност за еден интернет медиум да биде успешен?

Успешноста може да се мери на различни начини. Квантитативни мерки, како што се број на регистрирани корисници, број на единствени посетители во определен период, број на отворени страници и слично, кои ни говорат за еден аспект на успешноста на медиумот. Таквиот успех се постигнува на различни начини. Некои медиуми вложуваат средства и интензивно се огласуваат со цел да ја забрзаат работата на својот портал, додека ние досега го поттикнувавме растот на Рингераја на природен начин, обезбедувајќи квалитетни содржини и ослонувајќи се на препораките кои нашите членови ќе ги упатат кон своите пријатели и познаници. Затоа денес со гордост можеме да кажеме дека сме најголем портал на родители и идни родители во Србија, кој моментално има преку 18.300 регистрирани членови. Месечно не посетуваат преку 146.000 различни корисници, кои отвораат преку 1.080.000 страници на порталот. Тоа се навистина големи бројки ако ги споредите со тиражот на списанијата кои пишуваат на слична тематика.

Да се вратам на вашето прашање – по мое мислење клучно е да се обрне внимание на другите аспекти на успешност на медиумот кои ги мериме, или ги набљудуваме низ квалитативни мерки. Тие, по мое мислење, се многу важни бидејќи се одраз на задоволството на нашите корисници и огледало за нас, кое секој ден ни одговара на прашањето дали ја работиме вистинската работа.

 

Како мислите дека Рингераја влијае на заедницата?

Не би сакала да пишувам теории за тоа што мислам за влијанието на Ringeraja.rs  на заедницата во Србија и пошироко. Тоа што можам да кажам е следното: Рингераја тимот навистина се труди на корисниците да им понуди содржини кои се за нив релевантни. Сите ние израснавме во семејство и ги прашувавме нашите мајки и баби како да растат нашите деца, а времето на интернетот ни дава можност да прашаме стручни лица, а и други родители кои се во слична ситуација, за тоа што е моментално, спрема истражувањата, најдобро за нашите деца.

На нашите форуми ќе најдете неколку теми во кои корисниците им заблагодаруваат на други корисници на помошта, разменуваат мислења, препораки, совети, а и критики, како би им помогнале, едните на другите,  да бидат уште подобри родители.Пријателството меѓу членовите на Рингераја ги поминува границите на виртуелното, па понекогаш членовите се дружиме и во живо, ги гушкаме луѓето кои се кријат зад аватарот и ги поврзуваме нашите семејства со пријателство. Репортажите од некои средби можете да ги најдете ОВДЕ Кон крајот на Декември ќе го одржиме настанот “Рингераин Дедо Мраз” во Нови Сад и Белград, каде ќе се дружат нашите родители со своите деца и ќе примаат пакетчиња. Ќе не израдуваат насмевките на дури 40 деца!

 

Имате две близначиња, нека Ви се живи и здрави. Како ги организирате своите активности да би имале повеќе време за нив?

Би лажела ако кажам дека е лесно. Да се биде родител на близнаци е како посебна мисија на тајниот агент 007 J  Се чини како невозможна мисија, но со тек на време ја совладуваш на свој, единствен начин.

 

Како ја гледате Рингераја.рс во 2011 година?

Имаме прекрасни планови за 2011 година, но не би сакала да ги откријам. Морате да бидите трпеливи J

 

Вие сте еден од “виновниците” што Рингераја.мк доживеа голем подем за кратко време. Дали сте задоволни од тоа што е досега постигнато на Рингераја.мк?

Многу сум среќна што македонската Рингераја толку убаво напредува. За тоа е заслужна Јулијана, која е директорка на македонската компанија. Имаше многу доверба во мене и знаеше дека може да се потпре на искуството кое го стекнавме на српскиот пазар и додаде малку своја магија. Сега српскиот пазар може многу да научи од македонскиот, така што рака под рака чекориме во виртуелниот простор. Бидејќи Рингераја во Европа постои во шест земји (Словенија, Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија) треба да учиме едни од други и заедно да се радуваме на успехот на поединечните пазари.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Вие го воспитувате добро, тоа се однесува ...
Вашето дете не сака да ги поздрави соседите во лифт, или ја фрла хартијата од чоколадо на под, а Вие го воспитувавте да...
4
Четири најздрави намирници за децата
Исхраната во детството има долгорочно влијание на развојот на интелигенцијата, некои намирници помагаат кај подобрување ...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Мамо, живеј ми уште долго, долго...
Мамо, живеј ми уште долго, долго. Јас не знам како е кога нема да го слушнам твојот глас, не знам како е без твојата куј...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?