|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Татјана Стојановска

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензибилна личност и жена со широки погледи. Со задоволство прифати да зборува за себе, своето семејство и професијата.

image
/11


РР: Што според Вас претставува семејството?

Татјана: Тоа е центарот на мојот свет. Семејството и домот се местото каде ја црпам енергијата, за да бидам успешна во она што го работам.

РР: Раскажете ни за вашата бременост.

Татјана: Бременоста е најубавото нешто што може да и се случи на една жена. Да станеш мајка и да се посветиш на одгледување на дете е најблагородната работа. Комплетно исполнување на животот. Иако имав само 22 години кога дознав дека сум бремена тоа беше најубавото чувство кое било кога сум го доживеала. За време на бременоста немав никакви проблеми и со леснотија ја поминав. Работев до последната недела пред породувањето. Ги слушав советите на лекарите, се трудев да јадам здрава храна и да се движам многу. Породувањето не беше лесно, затоа што Матеј имаше голема килажа. Се роди 4 кг. и 700 грама, а јас се породив спонтано, но со провокации, бидејќи не добив болки. Сепак се се заборава, нели?

РР: Што значи да се биде родител во ова време?

Татјана: Голема одговорност и обврска. Сега Матеј има 12 години и е 6 – одделение. Така што сега сме ангажирани со школски обврски. Одличен ученик е и многу одговорен за своите обврски, што многу ми олеснува. Иако е машко многу ми помага околу домашните обврски. Се обидувам да бидам пријател со него, за да има доверба да ми каже се што му се случува. И досега супер функционираме на тој план.

РР: Како го поминувате слободното време со синот? Имате некои постојани ритуали или едноставно зависи како сте расположени во моментот?

Татјана: Имам среќа што работните обврски ми се претежно навечер, па дома сум да го испратам и да го дочекам од училиште и да му помогнам околу домашните работи и учењето. Оваа година е малку посамостоен во учењето, но секогаш сум тука да му помогнам околу некоја задача, да го преслушам за некоја лекција или да го подготвам за тест.

Секако секое слободно време го користам да прошетаме во парк, да појдеме некаде или да готвиме заедно, затоа што Матеј има голема желба да помага во кујната и сам да направи палачинки, на пример.

РР: Каков однос имате со Матеј, дали отворено разговарате за се или постојат некои табу теми за кои се уште не можете да разговарате?

Татјана: Треба многу толеранција, дипломатичност и комплетна контрола над децата. Да бидеш секогаш со нив и да разговараш отворено за сите случувања. Нема табу теми помеѓу нас. Разговараме отворено за сите девијантни појави, кои за жал не демнат во денешницата. Отворено разговараме и за дрогата, како и за последиците од неа и засега, фала Богу имаме супер комуникација. Има доверба да ми каже и за некоја беља... знае дека тоа кога – тогаш ќе се дознае, па подобро самиот да ми каже за тоа.

РР: Секогаш средена, насмеана, ведра, полна со енергија... од каде ја црпите?

Татјана: Од домот, од синот, од семејството, од пријателите, од животот кој е убав.

РР: Според вашиот изглед би рекла дека се стремите да го достигнете совршенството. Како успевате?

Татјана: Па не се стремам кон совршенство, затоа што тоа е невозможно да се постигне. Но сепак, тоа што сте го процениле мојот изглед, тоа е мојот карактер. Сакам се да е во ред. Естетичар и перфекциониста сум по природа, што морам да признаам понекогаш и оптоварува.

РР: Се прославивте уште како манекенка и успеавте да ја добиете титулата Мис на Македонија во 1992 година. Пред да почнете да работи во А1 телевизија, работевте во Македонската радио - телевизија. Дали сте задоволни од својата професија? Дали како презентер на вести според Вас го достигнавте максимумот?

Татјана: Да, така некако одеше мојот пат на кариерата... се се случуваше спонтано, случајно, без преголеми амбиции. Одбирав што ми одговара и ете се надевам успешно го одам тој пат и натаму. Работата што ја работам е интересна и добро пливам во тие води. Сепак, не би рекла дека тоа е максимум. Секогаш има нешто кон што треба да се стреми човек и натаму.

РР: Како се одморате и опуштате?

Татјана: Со прошетка во парк во работен ден кога нема никој. Со добра книга или со гледање некоја добра комедија во добро друштво.

РР: Што е за вас среќа?

Татјана: Да си задоволен од она што го имаш!

РР: Вашето мислење за порталот www.ringeraja.mk ?

Татјана: Одлична можност за сите родители да дознаат многу нешта за одгледувањето и воспитувањето на своите најмили и највредни – децата!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ликовна школа
Специјализирани креативни, егзистенционални и анти-стрес програми - во ликовното студио Gallery Arte од Скопје
6
Престанете да коментирате за моето тело!
Бременоста и породувањето внесуваат многу промени во животот на жената. Вашето тело се менува. Вашето семејство добива у...
5
Нова епизода на „Кој кого расте“: Религија...
Телевизиската емисија наменета за родители „Кој кого расте“ и водителот Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20...
4
Рана дијагноза на деца со аутизам
ИЗРАБОТИЛ- МР. ЛОГОПЕД Светлана Трнинкова
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?