|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Интервју: Елена Ристеска

Редакција Рингераја, 4.5.2010
Елена Ристеска, млада, убава, успешна, а толку скромна и мила девојка ни открива детали од нејзиното детство, односите во семејството и значењето на семејството во изградба на нејзината кариера.

image
/31


Со посетата на домот на Елена Ристеска, откривме навистина интересни работи за Елена, нејзиното детство, растењето, симпатиите....но она што посебно допре до нас беше топлината на домот и мама Деса , која е всушност и срцето на семејството Ристески. 

Елена Ристеска е родена 27 април 1986 година, во хороскоп Бик. Уште од мала го создавала и креирала својот карактер. Како што ни открива и мама Деса, била упорна, тврдоглава, истрајна во своите желби... Името го добила по желба на своите родители. Како бебе била мирна и тивка. Првото запче се појавило дури на 4 месеци, а веќе на една година одела и зборувала. Уште од мала покажала амбиции кон пеењето, пишувањето поезија, цртањето (има добиено дури 23 награди на ликовни конкурси до 8 одделение) ... И покрај разликата од 5 години меѓу Елена и сестра и Драгица, мама Деса ни открива дека поврзаноста била многу голема и никогаш не постоела љубомора помеѓу нив двете. Сите обврски во домот околу децата биле на мама Деса која била жртва за нив, бидејќи решила да им се посвети токму на Елена и Драгица, но сето тоа позитивно се одразува на семејството, бидејќи своите деца заедно со помош на тато Ацо ги израснуваат во културни и паметни девојки, без пороци.  Информации за сите нејзини дилеми, прашања, околу децата ги црпела од една стара медицинска книга и смета дека www.ringeraja.mk е навистина убава и корисна страна. Но, бидејќи живеела во заедница, научила многу работи и од својата свекрва, па затоа им порачува на сите мајки да слушаат совети од постарите, исто како што не советува никогаш да не се караме пред своите деца, бидејќи негативната енергија им ја пренесуваме и на тој начин лошо влијаеме врз нивното воспитување. Советот кој Тато Ацо им го давал на своите ќерки е дека школото и работата се најважни, бидејќи секој труд се вреднува еден ден. А она што ни го порача на сите нас мама Деса е дека сите мајки би требало да бидат и растат со своите деца, да им се посветат само на нив и да ги чуваат барем до 5 години, бидејќи тие се најубавите и неповторливи години, но и пресудни за формирање на карактерот кај детето.

Еве што Елена ни откри за себе:

РР: Што претставува семејството за тебе Елена?

ЕР: Семејството е основа за изградба на една здрава личност. Доколку семејството е здраво, цврсто и нормално и детето ќе порасне во една здрава, цврста и нормална личност. Семејството е заштита, потпора и најголема поддршка за детето кое треба да влезе безбедно во реалноста и да чекори сигурно во животот. За мене семејството е нешто најважно во животот, бидејќи никој никогаш не може да те сака и да ти мисли подобро од своето семејство.

РР: Колку ти беше важна поддршката на твоето семејство, кога ја започнуваше кариерата? 

 

ЕР: Најважна ми беше нивната поддршка, бидејќи влегов во светот на возрасните прерано, кога имав само 16 години. Тогаш мојот татко го потпиша договорот со М2 во мое име. Бидејќи јас бев малолетна, мојот татко беше одговорен за се што се случуваше во почетокот на мојата кариера. Буквално за се разговарам со нив, и најубавите совети во животот ми ги дале токму моите родители. А морам да потенцирам дека се и мои најголеми и најдраги фанови, кои секогаш се во првите редови на моите најважни настани од мојата кариера.

РР: Со што најмногу сакаше да играш како дете? Дали читаше сликовници, која е твојата омилена приказна? 

ЕР: Многу сакав да си играм со барбики, тетрис, книжни кукли, а многу мала и почнав да цртам модели и креации за моите барбики, многу често шиев и облека за нив, а тоа го учев од мајка ми. Потоа многу цртав, од портрети до апстракции, мртва природа и природа... Обожавав и боенки и сликовници. Првата сликовница ми беше “Хајди” , а омилени ми беа приказните на Волт Дизни, “Снежана и седумте џуџиња” , “Пепелашка” , “Аладин” , “Покахонтас” , “Убавицата и ѕверот” ... А исто така истите приказни обожавав да ги гледам и на Тв.

РР: Омилена песничка:

ЕР: Рингеринге раја (се насмеа)... И тоа посебно кога ми ја пееше баба ми. А пред маало имавме многу омилени песни и тоа најчесто од детските фестивалчиња, па често и ние си правевме фестивали пред зграда. Моја омилена детска песна ми беше “Николај се враќа пак во Русија” , мислам од Златно славејче беше.

РР: Дали се сеќаваш на првата симпатија, првата љубов или можеби платонска љубов?

ЕР: Се сеќавам сеуште на првата симпатија, беше едно дете од зградата наспроти мојата. Се договоривме кога ќе пораснеме да бидеме дечко и девојка (и повторно онаа прекрасна насмевка), а платонска љубов имав со едно друго дете, кога бев веќе во пред тинејџерските години во основно училиште. Но сето тоа со годините се заборава и не се сеќавам на деталите... Но кога ќе помислам колку тоа, тогаш ми значело, а сега не можам ни да се присетам на се... чудно е како минуваат брзо годините и бришат многу нешта.

РР: Што претставува за тебе школувањето и колку е важно во животот? 

ЕР: Мораме да признаеме дека покрај домашното воспитување, многу важен удел има и училиштето како воспитно – образовна институција во изградбата на детето, но и понатамошниот живот. Мислам дека аномалија кај нас во училиштата е тоа што пристапот кон децата е строг и заплашувачки, затоа често децата не сакаат да одат на училиште. Но, како и да е, мене лично многу ми помогна школувањето во однос на секој сегмент и дел од мојата професија. Особено во делот со интервјуата, во поглед на правилна и здрава мисла, која е навистина важна и говори за мене и личноста. Образованието не може никому да наштети, напротив може само да биде еден голем плус во животот на секое дете, доколку одговорно се посвети на учењето.

РР: И покрај успехот во музичката кариера која постојано оди по нагорна линија, Елена паралелно е на два факултети и тоа апсолвент на Филолошкиот Факултет на Италијански јазик и апсолвент на Еуроколеџот во Куманово. Дали амбициите се твои или под сугестија на твоите родители?

ЕР: Амбициите се само мои, но поддржани со совети од моите родители кои единствено нешто што бараат од мене е да ги завршам факултетите кои сум ги започнала. Како и да е, советите се повторно во моја корист и ги прифаќам без размислување, знаејќи дека моите ми мислат најдобро.

РР: Какви родители беа мама Деса и тато Ацо, и дали се промени нешто откако стана вистинска ѕвезда?

ЕР: Отсекогаш биле коректни и со мене и со сестра ми, отсекогаш не воспитувале да бидеме чесни, скромни, ведри, работливи, искрени... Но тоа што јас сум јавна личност ништо не промени во нашиот однос и комуникација, единствено ме доживуваат малку посериозно и ги почитуваат моите обврски и новиот начин на живот. Да бидам искрена, не им беше лесно да ги прифатат сите нешта поврзани со мојата работа, но полека се навикнаа, а покрај мене се промени и нивниот живот.

РР: Што најмногу ти недостига од детството?

ЕР: Верувај многу нешта, но најмногу безгрижноста и детските игри. Нешта што не можат да се вратат, а ми фалат понекогаш навистина многу...

РР: Дали размислуваш за сопствено семејство? 

ЕР: Тие нешта не се планираат никогаш, но секако дека секој сака семејство и деца, мислам дека тоа е желба на секој нормален млад човек.

РР: Дали сметаш дека балканскиот маж треба да доминира во една врска или брак?

ЕР: Па сметам дека балканскиот маж полека почнува да станува полиберален во поглед на една врска или брак. Индивидуално е тоа кој ќе биде подоминантен, бидејќи зависи од склопот на карактери.

РР: Колку е важна поддршката од партнерот?

ЕР: Најважна е поддршката од партнерот во работата и кариерата, бидејќи со неподржување во професијата, настануваат проблеми и во приватните релации. Тие две нешта се поврзани и одат една со друга, врската и заемната поддршка, а би ги додала и толерирањето и разбирањето.

РР: Дали само вистински јаки мажи можат да истраат покрај успешна жена? 

ЕР: Да речеме дека е точна оваа теза, но сепак и позади еден успешен маж, стои една успешна жена. Жените мораат да се борат да бидат успешни, за да ги поттикнат и поддржат мажите да успеат во својата работа. Еве и една обратна реченица, но во иста смисла: „Само слабите мажи, не можат да истраат покрај успешна жена.“

РР: Мислење за Рингераја.мк?

ЕР: Ми се допадна што има едукативен карактер вашата страница и тоа што сите дилеми кои ги имаат младите девојки и мајки можат да ги разрешат на  www.ringeraja.mk.

Рингераја и посакува уште многу успеси на Елена и се надеваме дека ќе се дружиме еден ден кога Елена ќе оформи свое семејство и ќе го чека првото бебе.  Ќе и помогнеме за секое прашање, дилема, сугестија....

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Кои родителски совети им штетат на децата?
Секогаш добро размислете што му велите на своите деца и не дозволувајте да правите компромиси со тоа. Држете се до висти...
4
Постот - дали е здрав или штетен?
Од духовни или здравствени причини постот помага да се исфрлат отровите од телото, но само доколку се следат одредени пр...
4
Како да израснете великодушно дете?
Децата од предучилишна возраст се во процес во кој ќе ги развијат своите социјални вештини. Пријателството добива поголе...
3
Не сакам на лекар!
Многу мали деца се преплашени кога ќе се спомене посета на лекар. Во прилог се неколку начини со кои ќе им помогнете да ...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?